фудбал

Два премиерлигаши го сакаат Алексис Мек Алистер

Манчестер Јунајтед и Арсенал размислуваат да го ангажираат играчот
од средниот ред на Брајтон и Аргентина, Алексис Мек Алистер.
Познато е дека Манчестер Јунајтед го следи играчот од почетокот на
сезоната. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да го види Мек
Алистер во клубот бидејќи мисли дека се вклопува во системот на
игра на неговиот тим.
23-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 14 натпревари во Премиер лигата, постигна пет гола и даде три асистенции. На Светското првенство во Катар 2022 година, Мек Алистер одигра шест средби, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Заедно со Аргентина, тој стана освојувач на титулата, откако одигра 116 минути во финалето.


Белингем одлучил својата кариера да ја продолжи во Реал Мадрид

Англиските медими објавуваат дека младата ѕвезда на Англија и Борусија Дортмунд, Џуд Белингем одлучи каде ќе ја продолжи фудбалската кариера. 

Според написите, 19-годишниот играч за врска е подготвен да се пресели во Реал Мадрид, а се очекува зделката за него да ја надмине сумата од 100 милиони евра.
Белингем имаше одлично Светско првенство, и со Англија стигна до четвртфиналето, а претходно прикажуваше одлични настапи во Дортмунд. 

Сериозен интерес за Белингем има од топ клубовите во Премиер лигата, Ливерпул и Манчестер Сити. Сепак, Белингем веројатно решил да не се враќа на Островот, туку кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.


Ако се пресели во Италија, Мбапе би играл за Милан

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот и голема желба за многу клубови во Европа.

Минатото лето одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ, иако имаше богата понуда од Реал Мадрид. Французинот сега откри кој е неговиот омилен италијански клуб за кого би играл во Серија А.

„Секогаш кажувам дека ако некогаш играм во Италија, тоа ќе биде само за Милан. Таму има многу мои сонародници, како и Ибра кој е легенда. Како дете навивав за Милан“, изјави Мбапе.


Трабзонспор во јануари го продава Барди

Турските медиуми пишуваат дека шампионот на нивната земја, Трабзонспор би можел да се откаже од македонскиот репрезентативец, Енис Барди уште во јануари.

Барди во Трабзонспор потпиша минатото лето, но наводно тренерот Абдула Авичи не е најзадоволен од тоа како македонскиот фудбалер се прилагодува на турскиот фудбал.

„Можна е разделба на полусезона помеѓу Трабзон и Барди. Понуда за Барди можно е да дојде и ако се случи тоа, раководството ќе ги преземе сите чекори за да склопи договор. Енис не е меѓу недопирливите фудбалери во тимот“, се вели во турските медиуми.


Манчестер Јунајтед понудил 60 милиони евра за Гризман

Шпанските спортски портали пренесуваат вест дека англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед му понудил на Атлетико Мадрид 60 милиони евра за купување на Французинот Антоан Гризман.

Клубот предводен од тренерот Тен Хаг, е во интензивно барање на напаѓач кој ќе биде замена за Кристијано Роналдо кој ги напушти „црвените ѓаволи“ пред почетокот на Светското фудбалско првенство.

Гризман во 2019 година за 120 милиони евра, премина од Атлетико Мадрид во Барселона, но не ги оправда очекувањата во каталонскиот клуб, па така во 2021 година тој се врати во Атлетико како позајмен играч, а неодамна популарните „јорганџии“ го откупија неговиот договор за 20 милиони евра.


Нето: Ендрик ќе биде подобар играч од Ромарио и Роналдо

Реал Мадрид синоќа потврди дека го ангажираа големиот бразилски талент, Ендрик, прогнозите за него се исклучително светли, одат дотаму што некои велат дека тој ќе биде подобар од Роналдо и Ромарио. Реал Мадрид за вкупна сума од 72 милиони евра го купи Ендрик од Палмеирас. Тој во кралскиот клуб ќе пристигне во јули 2024 година кога ќе наполни 18 години.

Поранешниот бразилски репрезентативец, Нето го испофали Ендрик до степен да рече дека тој ќе биде подобар од неговите сонародници Роналдо и Ромарио.

„Штета што нема да го гледаме долго Ендрик тука во Бразил. Ова момче ќе лета. Тој ќе биде подобар од Ромарио и Роналдо. Тој е фантастичен талент“, вели Нето.


Анчелоти обелодени зошто Аргентина стана светски првак

Карло Анчелоти даде неколку коментари за најактуелната тема во светот.

Аргентина ја освои третата светска титула во својата фудбалска историја изминатава недела на „Лусаил“ стадионот во Катар, па откако „Златната Божица“ се врати во оваа земја од Јужна Америка после 36 години, стигнуваат пофалби од сите страни на планетата.

Во низата позитивни коментари се приклучи и искусниот Дон Карло, кој смета дека Аргентина била најдобра на мундијалот поради две причини.

„Ова беше добро Светско првенство, кое на крајот имаше убав крај. Аргентина заслужено победи. Аргентина победи поради две причини. Поради тоа што има тим од добри играчи, но и поради тоа што го имаше најдобриот на турнирот, Лео Меси.

На крајот победи тимот кој најмногу заслужи. Аргентина тргна со лош резултат и пораз, но после тоа ја креваше самодовербата и заслужи да слави. Поготово поради тоа што го прикажаа во финалето“, заврши Карло.


Шкриниар останува примарна цел на ПСЖ

Пари Сент Жермен не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, пренесуваат италијанските медиуми.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ во летото и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер. Проблем за Интер е што Шкриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ на дефанзивецот му нуди плата од 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

„Нероаѕурите“ му понудија 6,5 милиони евра по сезона и сега чекаат одговор на Скриниар, кој треба да донесе одлука дали ќе остане во Милано или ќе се пресели во Париз.


Швајцарецот Зомер ќе го замени Нојер во Баерн

Јан Зомер е спремен да ја напушти Борусија Мехенгладбах и кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен.

Се очекува токму Зомер да биде замената за Мануел Ноер, кој се повреди и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Баварците се во потрага по негова замена, а изборот паднал токму на Зомер, кој има големо искуство во Бундеслигата. Договорот на Зомер со Борусија исто така истекува во јуни 2023 година, па може за симболична сума да го напушти клубот во јануари.

Тој со години е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, а бранеше одлично и за Швајцарија на Мундијалот.


Нема одмор за Мбапе – веднаш се врати на тренинзите со ПСЖ

Напаѓачот на Париз Сен Жермен и репрезентативец на Франција, Килијан Мбапе, не зеде одмор после завршетокот на Мундијалот во Катар, и веднаш се врати на тренинзите со екипата.

24-годишниот Мбапе, со репрезентацијата на Франција доживеа пораз во финалето од Аргентина, но сепак беше стрелец на хет-трик на овај дуел.

Еден ден откако француската селекција го напушти Катар, Мбапе се врати во тренинг центарот на Париз Сен Жермен, и ги започна подготовките за продолжението на сезоната во Лига 1.