фудбал

Мањан се предомисли, ќе брани за Милан и следната сезона

Голманот на Милан, Мајк Мањан и во наредната сезона ќе брани во Милан, потврди тренерот на италијанскиот гигант Масимилијано Алегри.

Мањан пристигна во Милан во 2021 година од Лил, а летово на големо се поврзувааше со преселба во Челси, сепак тоа нема да се случи.

„Навистина сум среќен што Мајк одлучи да остане, тој е еден од најдобрите голмани во Европа и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Алегри.

Покрај Лил, Мањан во кариерата беше дел само уште од Париз и трансферот во Милан за него беше прв надвор од границите на Франција.


Ракитиќ објави фудбалска пензија, но ќе остане да работи во Хајдук

Иван Ракитиќ денес и официјално објави крај на кариерата, а со емотивно писмо од него се збогуваше и македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Трајковски со Ракитиќ беше соиграч во Хајдук каде што изгради и пријателство со поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља.

„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.

За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека“, објави Трајковски.

Во хрватските медиуми се најавува дека Ракитиќ ќе продолжи во Хајдук во улога со која ќе помага во спортскиот сектор.


Мексико по десетти пат го освои Голд Купот

Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по десетти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон.

Во натпреварот меѓу двете најсилни репрезентации во Северна Америка, САД поведоа уште на самиот почеток со голот на Крис Ричардс во 4. минута.

Сепак, Мексико успеа да израмни преку својот искусен напаѓач Раул Хименез во 27 минута, пред Едсон Алварез да го постигне победничкиот гол во второто полувреме во 77 минута.

Мексико на тој начин го одбрани трофејот освоен пред две години и дојде до својата десетта титула во 18 изданија на Голд Купот, додека САД останаа на седум трофеи.


Симоне Инзаги ја изготви трансфер листата во Ал-Хилал

Тренерот, Симоне Инзаги, го информирал раководството на Ал-Хилал дека сака да се раздели со 4 фудбалери.

На неговиот списокот се ставени Малком, потоа најдобриот стрелец, Александар Митровиќ (20 гола на 23 натпревари), играчот од средниот ред Каи Цезар и дефанзивецот, Ренан Лоди.

Минатата сезона, Ал-Хилал заврши на второто место во Саудиска Арабија а стигна до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони и до четвртфиналето на Светското клупско првенство.


Тео Хернандез без избор, го сака само Ал-Хилал

Медиумите во Италија се убедени дека фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, ќе замине во Ал-Хилал откако ќе заврши Светското клупско првенство во САД.

Францускиот интернационалец бидејќи не успеа да издејствува трансфер во шпанскиот Атлетико Мадрид, веројатно ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија.

Засега не се потенцира трансферната сума. Преговорите веројатно ќе се интензивираат во почетокот на наредната работна недела.


Сити се вклучи во трката за Данзел Дамфрис

Дензел Дамфрис би можел наскоро да го напушти Интер, англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити започнал преговори за негов ангажман.

Холандскиот бек има откупна клаузула од 25 милиони евра, која истекува на 15 јули, а „граѓаните“ веќе бараат замена за Кајл Вокер. Сумата не претставува пречка за англискиот шампион, па зделката може да се реализира во наредните денови.

Думфрис имаше силна сезона, особено во Лигата на шампионите каде се истакна против Барселона, а дополнителен мотив за трансфер е и нарушената атмосфера во Интер.


Колумбиецот Дуран го засили Фенербахче

Фенербахче го договори првото засилување во нападот Џон Дуран пристигнува од Ал Наср на едногодишна позајмица.

„Жолто-сините“ целосно ќе ја покријат платата на колумбискиот напаѓач, кој минатата сезона постигна 12 гола на 18 натпревари за тимот од Саудиска Арабија. Со оваа зделка, Жозе Мурињо почнува да го склопува составот со кој ќе атакува на шампионската титула во Турција.

Дуран претходно настапуваше и за Астон Вила, Чикаго и Енвигадо. Во јануари оваа година договорот на Дуран беше откупен од страна на Ал Наср за огромни 77 милиони евра.


Италијанецот Фариоли е нов тренер на Порто

Двократниот европски првак Порто го назначи денеска Италијанецот, Франческо Фариоли за нов тренер.

Италијанскиот 36-годишен стратег потпиша двегодишен договор со португалскиот гигант, откако минатата сезона седеше на клупата на Ајакс, а претходно ја предводеше Ница.

Италијанецот го напушти Ајакс во мај, откако клубот од Амстердам со серија слаби резултати во финишот ја испушти шансата за освојување на својата 37 холандска титула.

Фариоли во Порто доаѓа на местото на Мартин Анселми, кој го напушти кормилото на португалскиот клуб по елиминацијата во групната фаза на Светското клупско првенство.

Порто заврши на третото место во домашното првенство минатата сезона, девет бодови зад шампионот Спортинг.


Осимен ја изненади јавноста и реши да остане во Истанбул

Виктор Осимен донесе неочекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај.

Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги.

Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем.

Галата треба да му плати на Наполи 75.000.000 евра и тоа е проблем. Турскиот клуб сега се обрати до разни компании низ целата земја за да собере пари за Нигериецот.


Ѓекереш се договори со Арсенал, недостига само официјализација

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.

Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.

Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.

Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.

Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.

Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.