фудбал

Бензема ја заврши репрезентативната кариера, нема повеќе да игра за Франција

Најдобриот фудбалер во светот за 2022 година Карим Бензема се прости од националниот тим на Франција.

Во јавноста се пишуваше дека не е само повреда во прашање и дека има некоја позадинска приказна. Бензема одби да биде дел од финалниот натпревар и ако беше повикан. Денес тој потврди дека повеќе нема да игра за Франција.

„Се потрудив да ги поправам грешките кои беше потребно да се поправат за да бидам тука каде што сум денес и горд сум на тоа. Испишав своја приказна, нашата тука завршува“, порача Бензема.


Франција го искористи максималното право на седум замени во финалето

Екипите на Аргентина и Франција одиграа финале кое ќе остане во историјата со уште еден факт откако една од двете екипи направи вкупно седум замени.

ФИФА дозволува пет замени на натпревар плус уште една доколку има продолженија. Сепак, фудбалската централа неодамна дозволи од медицински причини уште една кога фудбалер ќе добие удар во главата и постои ризик од потрес на мозокот.

Токму тоа се случи во 96. минута од првото продолжение кога слична повреда заработи Адриен Рабио а Дешамп ја направи и седмата замена.


Португалецот Санчез на пат кон Серија А

Ренато Санчез ова лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен. Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не доби повик и за Мундијалот.

Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината уште во јануари. Најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот.

Италијанските гиганти го сакаат Португалецот на позајмица со право на откуп следното лето.


Анчелоти го одби Бразил, среќен е во Реал Мадрид

Италијанското радио РАИ, пренесува дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, демантира дека е кандидат за нов селектор на Бразил.

Репрезентацијата на Бразил во моментот е без селектор откако Тите си поднесе оставка после елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

„Не знам што ќе се случи во иднина, но сега сум среќен во Реал. Имам договор со клубот до јуни 2024 година. Ќе го испочитувам договорот под услов да не ме отпуштат претходно“, вели Анчелоти.


Бензема повеќе нема да настапува за Франција

Францускиот напаѓач, Карим Бензема, објави дека се повлекува од репрезентацијата. Својата одлука Бензема ја објави еден ден после поразот на Франција од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар. Тој го пропушти учеството на Мундијалот поради повреда.

„Вложив голем труд и грешки кои беа потребни за да бидам таму каде што сум денес. Јас ја напишав својата приказна, а нашата се завршува“, објави Бензема на Твитер.

Бензема го носеше францускиот национален дрес од 2007 година, и одигра 97 натпревари при што постигна 37 гола.


Повеќе од еден милион посетители го посетија Катар за време на Мундијалот

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, соопшти дека повеќе од милион посетители пристигнале во Катар за време на Светското фудбалско првенство, а 3,4 милиони навивачи ги проследиле натпреварите на стадионите.

Според катарските извештаи, забележано е присуство на 3.404.252 гледачи, што е трета најголема посетеност на натпревари на светските првенства, после Мундијалот во САД во 1994 година, и Бразил во 2014 година.

Финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Франција на стадионот Лусаил во Доха го гледале 88.966 навивачи, додека дуелот за трето место меѓу Хрватска и Мароко во живо го гледале 44.137 навивачи.

ФИФА наведува дека просечната исполнетост на стадионите била 96,3 %, и дека најголем број на навивачи пристигнале од Саудиска Арабија, САД, Велика Британија и Мексико.


Скалони светската титула ја посвети на родителите

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој со 44 години стана третиот најмлад кој водел една селекција во финале, многу емотивно го прослави светскиот трон со Аргентина.

„Ако татко ми ме гледа а и мајка ми… А верувам дека гледаат…. Тој и мајка ми ме учеа дека никогаш не треба да се предадам во било кои околности. Сакам само да кажам едно благодарам за с?. С? уште не сме свесни, с? уште сме во еуфорија но, чувството да се биде светски првак е – фантастично. Сега треба сите да се радуваат“, вели Скалони.


Колина го пофали судењето на Марчињак во финалето

Првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, оцени дека Полјакот, Симон Марчињак, одлично си ја заврши работата во вчерашното финале меѓу Франција и Аргентина на Светското првенство во Катар.

Главниот судија еден пенал за Аргентина и два удара од белата точка за Франција. Легендарниот „ќелавко“ вели дека Марчињак бил перфектен во финалето.

„Беше подобар и од технологијата“, рече кратко Колина.


Камавинга најново име на листата желби на Милан

Медиумите на Пиринеите денес објавија дека младиот фудбалер на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, најверојатно ќе биде испратен на позајмица со посебна клаузула дека ќе може да се врати на „Сантијаго Бернабе“ доколку шпанците го побараат тоа.

Наводно, „кралевите“ се расположени да го пуштат Французинот а Милан сака да го ангажира со 18-месечна позајмица со право на откуп.

Двата фудбалски гиганта од Шпанија и Италија претходно по истиот принцип го договорија трансферот на Брахим Дијаз.


Гвардиола нема доволно фудбалери за четвртфиналето со Ливерпул

Манчестер Сити денеска одигра пријателски меч со сестринскиот клуб Џирона и победи со резултат 2-0, но по крајот на оваа контролка, Пеп Гвардиола не пропушти да нагласи колку е лош распоредот во англиската фудбалска елита.

Во четврток е закажан Карабао куп дуелот меѓу двата големи англиски великани, а Пеп кој денеска можеше да смета само на четворица редовни играчи од првиот тим, посочи дека во овој момент нема доволен број на играчи за да размислува за Ливерпул.

Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујне, Илкај Гундоган и Ријад Марез се единствените на кои може да располага Пеп на пет дена пред осминафиналето во Купот, бидејќи сите останати играчи во тимот против Џирона беа фудбалери од младинската школа.

„На располагање имаме само четворица играчи од првиот тим во овој момент, четворица стандардни. Ќе мора да ги чекаме наредните денови за да видиме во каква состојба ќе се вратат останатите. Ова е навистина необичен и тежок момент, едноставно немаме играчи за мечот со Ливерпул. Што да правиме, „големите мозоци“ во англискиот фудбал сметаат дека овој распоред е добар и дека треба да го одиграме тој меч“, изјавил Гвардиола по средбата со Џирона.