фудбал

Спортинг Лисабон сака да го врати Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.

Според изворот, Роналдо би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.

Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.

Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.


Реал Мадрид ја води трката за Деан Хуијсен

Хујсен, кој само минатото лето пристигна во Борнмут од Јувентус, уживаше во импресивна сезона со клубот. Тој стана главен столб под водство на Андони Ираола, играјќи огромна улога во нивните напори за европски квалификации. 
 
Неговите перформанси привлекоа интерес од клубови во Англија и низ Европа. Челзи се сметаше како фаворит за потписот на Хујсен во една фаза, потоа се појавија врски со Реал Мадрид, Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул и Њукасл. 
 
Се верува дека пожелно на шпанскиот репрезентативец би било да се придружи на Лос Бланкос, доколку можат да договорат со Борнмут. 

Реал Мадрид е уверен дека ќе ги победи другите конкуренти за потписот на 20-годишниот чиј договор со англискиот клуб содржи ослободителна клаузула од 50 милиони фунти, која може да биде платена на 3 рати. 


Супер гест од Рубен Аморим

На помошните тренери, лекарите и тимот за поддршка на Јунајтед им беше кажано дека ќе треба сами да си ги платат тикетите и превозот за финалето во Лига Европа, но „ESPN“ објави дека менаџерот ветил дека ќе плати за неговиот тим и нивните семејства да присуствуваат на натпреварот за да го награди нивниот придонес во сезоната. 

Во извештајот се вели дека Португалецот му рекол на клубот дека ќе ги покрие трошоците за секој член, вклучувајќи и ниско платениот персонал, да може да земе до двајца гости. 

Хиерархијата на Јунајтед продолжува со мерки за намалување на трошоците, кои вклучуваат ослободување на 200 работни места на Олд Трафорд ова лето и не нуди бесплатни тикети на персоналот за финалето, наместо тоа ќе понуди проекција на натпреварот заедно со двa бесплатни пијалоци. 

Јунајтед ќе игра против Тотенхем во Билбао на 21 мај со наградата за слава во Лига Европа придружена со пласман во Лигата на Шампионите следната сезона за победникот. 


Напаѓач од Нотингам Форест ставен во индуцирана кома

Фудбалерот на Нотингам Форест, Таиво Авониј, беше ставен во медицински индуцирана кома после неговата абдоминална операција откако се судри со стативата за време на ремито против Лестер во неделата, изјави „The Daily Mail“. 

Откако клубот го сфати степенот на неговите повреди, Авониј веднаш беше однесен на болница и опериран. Потоа бил ставен во кома со цел да му помогне со закрепнувањето.  

Авониј не можеше да биде заменет бидејќи Форест веќе ја имаше искористено последната замена. Напаѓачот се обиде да продолжи, но не можеше да се движи правилно. 

Овој тип на повреда некогаш може да биде смртоносен, но нема навестување дека повредата на 27-годишниот е опасна по живот, а комата се користи за да се ограничи неговото движење и да се регулира пулсот. 

„Сериозноста на повредата на Таиво Авониј е моќен потсетник за физичките ризици во играта и зошто здравјето и состојбата на играчот секогаш мора да бидат на прво место“, изјави клубот. 


Тијани Рајндерс желба на Пеп и Сити ова лето

Англискиот елитен состав, Манчестер Сити, планира во текот на летото да го обезбеди потписот на младиот, фудбалер,Тијани Рајндерс.

Според одредени наводи, „граѓаните“ веќе исконтактирале со Милан за играчот од средниот ред.

Холанѓанецот со 10 гола во Серија А се наоѓа веднаш зад Кристијан Пулишиќ.


Наполи испрати понуда за Судаков од Шахтјор

Медиумите во Италија, тврдат дека Наполи испратил понуда од 35 милиони евра плус пет како бонуси за фудбалерот на Шахтјор Донецк, Георги Судаков.

Калчо-тимот за наредната сезона во Лигата на шампионите сака да го засили средниот ред а изборот паднал токму на Судаков.

Наполитанците им понудија на Украинците и одреден процент од наредниот трансфер што ќе го направи фудбалерот.


Давиде Анчелоти кандидат за клупата на Комо

Екипата на Комо која веројатно ќе се раздели со тренерот, Цеск Фабрегас, може да го ангажира на клупата Давиде Анчелоти, кој е помошник во Реал Мадрид, пишува весникот „Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот медиум, Шпанецот е на излезната врата од Комо и може да замине во Германија во Баер Леверкузен.

Што се однесува пак до младиот Анчелоти, тој сака да започне соло кариера откако 12 години работеше во Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Наполи и Евертон.


Гасперини: Мојата Аталанта ја исполни зацртаната цел

Фудбалерите на Аталанта доцна синоќа ја совладаа Рома со 2:1 и обезбедија место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот тренер, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека тоа е големо достигнување за тимот од Бергамо.

„Точно е дека пред неколку недели бевме рамо до рамо со Интер и Наполи во борбата за титулата но, нашата главна цел отсекогаш беше пласман во топ 4“ – рече Гасперини.

Аталанта со четири победи во последните пет мечеви успеа да ја исполни целта.


Раниери: Рома не се откажува од трката за четвртото место

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, ги процени шансите на тимот да заврши на 4-то место во Серија А. Неговите фудбалери вчера загубија во Бергамо кај Аталанта со 2-1 и ја прекинаа одличната серија.

„Знаевме дека се мајстори за интензивен фудбал, затоа ја освоија Лигата на Европа. Не знам дали сè уште имаме шанси за четвртото место но, ќе се бориме до крај“- рече тренерот на „римската волчица“.

Во последните две кола, Јувентус, Лацио, Рома и Болоња, ќе се борат за последното место што носи пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.


Ива Пројковска дел од судискиот тим во финалето на ЛШ во Лисабон

Ива Пројковска, ќе биде дел од судискиот тим за женското финале во Лигата на фудбалските шампиони.

Таа ќе ја има улогата на четврти судија на финалниот меч меѓу Арсенал и Барселона кој ќе биде одигран на 24 мај во Лисабон. Мечот во Португалија ќе го суди Ивана Мартинчиќ од Хрватска а помошнички ќе и бидат нејзините сонароднички, Сања Роџак – Каршиќ и Маја Петровиќ.

Ќе потсетиме дека Пројковска имаше успешно судење на повеќе меѓународни мечеви под капата на УЕФА и ФИФА.