фудбал

Диого Коста и Мајк Маињан највредни голмани на денешницата

Интернет порталот Трансфермаркт ја претстави листата на десетте
најскапи голмани во светот врз основа на ажурирањата на трансфер
вредноста на играчите.
Топ 10 најскапи голмани во светот:

  1. Диого Коста (Порто, 45 милиони евра)
  2. Мајкк Маињан (Милан, 45 милиони)
  3. Џанлуиџи Донарума (ПСЖ, 40 милиони)
  4. Грегор Кобел (Борусија Д, 40 милиони)
  5. Андре Онана (Манчестер Јунајтед, 40 милиони)
  6. Едерсон (Манчестер Сити, 40 милиони)
  7. Давид Раја (Арсенал, 35 милиони)
  8. Јан Облак (Атлетико М, 35 милиони )
  9. Марк-Андре тер Штеген (Барселона, 35 милиони )


Чахланоглу одби милиони од Саудиска Арабија, сака да остане во Италија

Хакан Чалханоглу, наводно ја одбил понудата на саудиски Ал Хилал, објавија италијанските медиуми.

Како што објави „Газета дело Спорт“, Ал Хилал на турскиот играч за врска му понудил 18 милиони евра по сезона и четиригодишен договор. Чалханоглу е еден од најважните играчи на Интер оваа сезона, постигнувајќи седум гола и три асистенции на 17 натпревари во Серија А.

Како што наведува „Газета“, истата понуда ќе го чека Чалханоглу и на крајот од сезоната. Тој го продолжи договорот со Интер во јули и треба да остане во миланскиот клуб до јуни 2027 година.

Во 2021 година, Чалханоглу се пресели во Интер како слободен играч од Милан, а со „нероаѕурите“ освои два Купа на Италија и два италијански Суперкупа, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите.


Фирмино експресно си замина од Саудиска Арабија

Роберто Фирмино минатото лето изненади многумина откако го напушти Ливерпул и покрај понудите од европските клубови избра да продолжи во Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Фирмино имаше одлично деби во кое постигна хет-трик, меѓутоа како што одминува времето, се повеќе е очигледен неговиот пад во дормата. Наводно, Фирмино никако не успеал да се прилагоди на живототот во Саудиска Арабија и тоа се одразило и на неговите настапи на теренот.

Медиумите пренесуваат дека Бразилеот веќе ја известил управата на Ал Ахли за желбата да си замине.

Се шпекулира дека веќе има понуди од МЛС лигата, меѓутоа опција е и враќање во Европа каде што интерес покажале клубови од Турција, Италија и Шпанија.


Јуве плаќа пет милиони евра за најголемиот црногорски талент

Големиот црногорски талент Василије Аџиќ го предизвика вниманието на голем број европски клубови, но се чини најбрз и најконкретен со понудата бил Јувентус.

Италијанските медиуми, вклучувајќи го и Џанлука Ди Марцио вечерва потврдија дека „бјанконерите“ постигнале договор со Будуќност за трансферот на 17-годишниот фудбалер и тој наскоро ќе пристигне во Торино.

Аџиќ е креативен играч од средниот ред од кој се очекува да има импресивна кариера, а тоа го докажува и фактот што клубот од Подгорица ќе заработи дури пет милиони евра за тинејџерот и плус одреден процент од идна продажба.

Се очекува Црногорецот да отпатува во Торино за лекарски прегледи и други формалности, но веројатно ќе остане во Будуќност до крајот на сезоната.

Јувентус првично би требало да му даде време да се адаптира настапувајќи за вториот тим кој игра во третата лига, но Аџиќ најавува дека брзо ќе биде во конкуренција и за првиот тим.


Капело: Отказ за Пиоли нема да ги реши проблемите на Милан

Неубедливите и променливи резултати на Милан го доведоа Стефано Пиоли во опасност да биде отпуштен среде сезона, но Фабио Капело смета дека „росонерите“ нема да профитираат од ваква одлука.

Поранешниот тренер на Милан и многу поискусен колега на Пиоли ја коментирал оваа шпекулација и не го советува клубот да направи таков потег.

„Сега нема поента да се менува тренерот, но Пиоли треба да пронајде одредени решенија, не смее да се продолжи на ист начин. Треба да се пронајде проблемот, кој според мене лежи во средниот ред. Би работел на тој сегмент, иако не е лесно со толку повредени играчи. Тимовите кои користат контранапади му создаваат многу проблеми на Милан, а треба да се работи и на нови тактички решенија за одбраната.

Пиоли има проблем поради многуте отсуства, па иако го чека многу работа, негов отказ во моментов нема донесе голем позитивен ефект за екипата“, рекол Капело.


Самарџиќ ќе биде замената за Елмас во Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се пресели во Лајпциг, откако Наполи ја прифати понудата од 25 милиони евра. Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена за „дијамантот“, а станува збор за играчот на Удинезе, Лазар Самарџиќ.

Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.

Наплитанците веќе почнале преговори со агентот на Самарџиќ и сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок како замена за Елмас.

Наполи испратил понуда од 19 милиони евра плус бонуси одо Удинезе, па двете страни се блиску до договор.


Халанд е фудбалер на годината според ИФФХС

Најдобар фудбалер за годинава што изминува е Норвежанецот Ерлинг Халанд, според Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Оттаму денес ги соопштија најдобрите за годината што веќе е при крај.

Зад Халанд кој имаше сезона за паметење со Манчестер Сити и кој освои 209 поени во овој избор, второпласиран е Килијан Мбапе со 105 поени.

Третото место му припадна на Аргентинецот Лионел Меси со 85 поени.Следуваат Родри, Белингем, Де Брујне, Кејн, Бернардо Силва, Винисиус и Лаутаро Мартинез.

Според ИФФХС место во Топ 10 нема за Кристијано Роналдо, иако Португалецот ја заврши годинава со 53 постигнати погодоци


Варан доби понуда од Баерн Минхен

Рафаел Варан е спремен да го напушти Манчестер Јунајтед, а на маса има многу понуди.

Варан има богати понуди од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа и да игра врвен фудбал. Последните информации се дека силен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој бара засилување во одбраната.

Баерн нема да има проблем да ја плати бараната сума и наскоро ќе почне преговори со агентот.


Шишковски ја напушти Докса по повеќе од три години

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, го најави своето заминување од екипата на Докса.

„По 3,5 години време е да се збогуваме. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, на сите тренери и на играчите. Ова е неверојатен клуб и град во кој сите ме прифатија и ми помогнаа да пораснам и како играч и како личност. Дојде време за нов предизвик во мојата кариера. Благодарам Докса“, напиша Шишковски.

Останува да почекаме да видиме кој ќе биде новиот клуб на Шишковски оваа зима.


Турчинот Терим замена за Јовановиќ во Панатинаикос

Искусниот турски стратег Фатих Терим има нова работа и по 22 години ќе работи надвор од татковината.

70-годишникот го презеде грчкиот фудбалски великан Панатинаикос. Доаѓа на местото на стратегот Иван Јовановиќ кој доби отказ.

Неговата последна авантура надвор од Турција беше во 2001 година кога кратко го водеше Милан, а оттогаш до денес се менуваше на клупите на Галатасарај и Турција.