фудбал

У21 селекцијата и вторпат загуби во пријателски меч од Косово

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го загуби и вториот пријателски натпревар против Косово. Денеска на комплексот „Петар Милошевски“, новата генерација млади фудбалери до 21 година загуби со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за Косово беше Аулон Битиќи во 40.минута од мечот.

Новата генерација на Драги Канатларовски во вториот дел проба да го поправи впечатокот и имаше иницијатива и шанси но резултатот остана непроменет.


Ајакс најави промена на логото во 2025 година

Најтрофејниот холандски клуб и еден од најуспешните европски, Ајакс реши од следната година да има нов грб.

Грбот не е целосно нов, туку во клубот најавија дека то ќе биде враќање на корените.

Како и досега, на грбот ќе го има античкиот херој Ајакс, чие име го носи клубот. Разликата е во тоа што ќе биде во поинаков формат.

Ваков портрет го красеше грбот на Ајакс од 1928 до 1991 година, кога грбот беше сменет во денешната верзија. Според оваа верзија, која ќе влезе во историјата на крајот на годината, Ајакс е претставен со 11 линии, кои го симболизираат бројот на играчи во фудбалскиот тим.

Ајакс во богатата историја 36 пати бил шампион на Холандија, 20 пати освојувач на националниот Куп, четири пати бил европски првак, а во витрините има по еден трофеј во Купот на УЕФА (Лига Европа) и Купот на победниците на куповите. Ајакс е еден од шесте европски клубови кои освоиле барем еден од овие три трофеи.


УЕФА поведе постапка против Романија и Косово

Европската фудбалска асоцијација отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“.

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) на крајот од средбата ги обвини романските навивачи за дискриминација, поради што нивните фудбалери биле принудени да го напуштат теренот во Букурешт.

Како одговор, Романската фудбалска федерација (ФРФ) соопшти дека немало расистички скандирања за време на натпреварот.

Репрезентацијата на Романија, без овој натпревар, се наоѓа на првото место во групата 2 од Лигата Ц, со 12 бода. Косово е на второто место со 9 бодови. /


Адам Салаи во стабилна состојба, но ќе остане во болница

Унгарската фудбалска федерација објави за состојбата на тренерот на репрезентацијата Адам Салаи, кој загуби свест синоќа на натпреварот од петтото коло од групната фаза на Лигата на нации против Холандија.

На 36-годишниот специјалист му се слошило во првите минути од средбата. Натпреварот во Амстердам беше прекинат извесно време, но играта набрзо продолжи.

Состојбата на Адам Шалаи е стабилна и тој е свесен. Тој е во болница во Амстердам на прегледи, се вели во соопштението на федерацијата.

Натпреварот заврши со победа на Холандија со 4:0.


Барса преговара со две големи ѕвезди за следното лето

Со потпишување на спонзорскиот договор со „Најк“, Барселона конечно ги реши финансиските проблеми кои го мачеа каталонскиот клуб во изминатите неколку години. Следното лето, клубот планира да се врати на голема сцена кога се во прашање трансферите. Тренерот Ханси Флик веќе има неколку желби, а двајца играчи се сметаат за приоритет.

Барселона и „Најк“ пред неколку дена го продолжија спонзорскиот договор, кој трае веќе повеќе од 20 години. Новиот договор ќе важи до 2038 година, а од него Барселона ќе заработи огромна сума. Ова беше итно потребно за клубот, кој долго време се наоѓаше во финансиска криза.

Во изминатите пет години, Барселона се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, но тоа сега е минато.

Барселона, според шпанските медиуми, нема да биде премногу активна во јануарскиот преоден рок, но претседателот Жоан Лапорта и управата планираат спектакуларни потези за следното лето. Според „Мундо Депортиво“, на врвот на листата на желби на Ханси Флик се Нико Вилијамс и Рафаел Леао.


Олгун Ајдин го одржа зборот и го напушти Шкупи

Претседателот на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи, Олгун Ајдин го напушта клубот од Чаир. Шкупи преку социјалните мрежи објави за одлуката на Ајдин да се повлече.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението од ФК Шкупи:

Претседателот Олгун Ајдин на заедничка вечера со своите вработени најави заминување од ФК Скопје. На ова истото предупреди веднаш по мечот со Вардар, додека ова веќе ја доби вистинската форма. Олгун Ајдин го зеде клубот ФК Скопје да го спонзорира од 2021 година и во првата сезона по неговото доаѓање обезбедивме излез во Европа.
Со Олгун Ајдин претседател, ФК Шкупи покрај тоа што играше во Европа пет последователни сезони, во годината 2022 стана шампион враќајќи го најдобриот трофеј на Чаир по 21 година.

Ова се бројките кои говорат за успесите на нашиот клуб под водство на претседателот Олгун Ајдин, кој за понеделник преку видеоснимка го најави својот последен настап, стои во соопштението на чаирчани.

Ајдин по поразот (3-2) од Вардар пред седум дена најави заминување од мак-фудбалот жалејќи се на судиските одлуки кои ги смета за штетни за неговиот клуб. з


Слот му понуди рекордна плата на Александер-Арнолд само да остане на „Енфилд роуд“

Трент Александер-Арнол по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч. Тој вее во јануари може да преговара со заинтересираните клубови. Медиумите од Шпанија тврдат дека тој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Ливерпул нема намера лесно да се откаже од Трент, англиските медиуми објавија, дека клубот му понудил договор според кој ќе биде најплатен играч во Премиер лигата.

Тоа во превод значи неделна плата поголема од 400.000 фунти.

Познато е колку Ливерпул се грижи за традицијата и играчите кои потекнуваат од клупската академија. И не само тоа Трент е локално момче од 2016 година одигра 325 натпревари постигна 19 гола и забележа 83 асистенции.


Просинечки пред селекторска смена во Црна Гора

Избраниците на Роберт Просинечки, фудбалерите на Црна Гора, не успеаја да стигнат до позитивен резултат ниту во петтото коло од Б дивизијата на Лигата на нации. По Исланд, Велс, Турција, и Исланд Црногорците во Никшиќ со 2:0 загубија од Исланд.

Јасно е дека Црна Гора во следниот циклус во Лигата на нации ќе игра во Ц дивизијата. Селекторот Просинечки по натпреварот не го криеше разочарувањето во разговор со новинарите.

„Катастрофа сигурно, ова е веќе седми пораз во низа. Примивме два евтини гола, но тие се физички добра екипа. Не ги искористивме шансите, тешко беше да се вратиме потоа. Не го направивме тоа што требаше, дури и доминиравме во еден период, но тоа не беше доволно“, изјави селекторот Роберт Просинечки и продолжи:

„Ќе разговарам со претседателот Савиќевиќ по мечот со Турција, па ќе видиме што и како понатаму. Што се однесува до пресметката со Турција, прашање е колку ќе можеме да се вратиме и да се мотивираме по поразот од Исланд“.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Турција е закажан за 19 ноември со почеток во 20:45 часот во Никшиќ.


Ѓекереш има џентлменски договор со Спортинг

Виктор Ѓекереш како што стојат работите ќе биде главна мета на Барселона во летниот преоден рок.

Оваа вест ја објави новинарот Тони Хуанмарти, еден од најдоверливите каталонски новинари кој тврди дека Швеѓанецот е во прв план на сопственикот Лапорта и спортскиот директор Деко бидејќи Ерлинг Халанд е недостижен.

Хуанмарти тврди дека Ѓекереш има џентлменски договор со Спортинг да добие дозвола да замине во случај на понуда помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Ѓеќереш веројатно би го искористил тој договор во случај да пристигне понудата од Барселона.

Левандовски игра како во најдобрите денови, но наредната година ќе наполни 37 години, па во Барселона мораат да размислуваат и на други опции бидејќи не е реално да се очекува од него дека ќе одигра 60 натпревари во сезоната.

Шведскиот голгетер експлодираше под водство на Рубен Аморим кој го доведе од Ковентри во 2023 година за 24 милиони евра. Сезонава Ѓекереш веќе има 23 гола и четири асистенции на 18 натпревари.


Некогаш играше за Барса, а денес е успешен бизнисмен со нафта

Meксиканецот Џовани Дос Сантос некогаш важеше за голема надеж на Барселона и во овој клуб пристигна кога имаше само 12 години, а за сениорската екипа дебитираше на 17 со гол против Архус.

Набрзо по појавувањето на големата сцена започнаа и споредбите со Роналдињо, но иако оствари солидна кариера највисоките очекувања не ги исполни.

Кариерата го одведе во: Тотнем, Ипсвич, Расинг Сантандер, Мајорка, Виљареал и Лос Анџелес Галакси.
Дос Сантос има мексиканско, бразилско и шпанско дражвјанство, а настапуваше за Мексико за кој одигра 106 натпревари. Успеа да освои и злато на Олимписките игри во 2012 година.

Пред три години објави крај на кариерата и денес е успешен во светот на бизнисот. Медиумите објавија дека Дос Сантос станал партнер во компанијата „Procur Mexico“ која е поврзана со петрохемиската фирма „Petroleos Mexicanos“.

Новинарот на „Фокс Спорт“, Абрахам Бенсид тврди дека новата зделка на Дос Сантос ќе му носи зарабока помеѓу 400.000 и 500.000 долари годишно. Покрај овој бизнис, Мексиканецот се занимава и со продажба на луксузни автомобили.