фудбал

Белгиецот Вертонген најави заминување во пензија

Јан Вертонген на крајот од оваа сезона ќе ја заврши кариерата. Белгискиот дефанзивец и рекордер по бројот на настапи за белгиската репрезентација ќе ја заврши кариерата како играч на Андерлехт каде ги мина последните три сезони.

„Во последните неколку недели ми стана јасно дека ова ќе бидат моите последни натпревари. Одлуката не беше лесна, но е вистинската. Забележав дека ми е се потешко физички да се подготвам за тренинзи и натпревари и да се претставам како играч каков што сакам да бидам. Затоа ќе престанам по оваа сезона”, објасни Вертонген.

Вертонген ја започна својата кариера во Ајакс, каде играше од 2006 до 2012 година. Во првата сезона тој беше позајмен во Валвијк. Потоа мина осум години во Тотенхем, а пред Андерлехт играше и за Бенфика. За Белгија играше 157 пати, што го прави рекордер по бројот на настапи. Тој се повлече од националниот тим по Европското првенство во Германија.


Милан и Интер спремаат изградба на нов стадион

Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер направија важен чекор кон изградба на нов стадион со презентирање на деталниот план до градските власти на Милано. Проектот вклучува изградба на модерен спортски комплекс во областа Сан Сиро, каде што моментално се наоѓа легендарниот стадион „Џузепе Меаца“.

Според планот што го претставија клубовите, тие имаат намера да го преземат стадионот стар 98 години и придружното земјиште од градот Милано. Централниот дел на проектот е нов стадион со капацитет од 71.500 седишта, чија изградба се очекува да чини околу 700 милиони евра. Но, покрај самата арена, планот вклучува и сеопфатен развој на околината, која ќе се трансформира во мултифункционална спортска зона.

Проектот предвидува изградба на музеј посветен на историјата на двата клуба, продавници, деловни простории, хотели и пространи зелени површини. Планот содржи и предлог за „рефункционализација“ на сегашниот стадион, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се прилагоди на нова намена. Дополнителните трошоци за реновирање на целиот комплекс се проценуваат на 500 милиони евра.

Според сегашниот план, новиот стадион треба да биде завршен до 2031 година, со што Милано ќе добие еден од најмодерните фудбалски објекти во Европа.


Родриго преговара со Манчестер Сити

Манчестер Сити не се откажува од фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго. Медиумите на Принејскиот полуостров трврдат дека клубот започнал преговори со луѓето блиски до крилниот напаѓач.

Бразилецот повеќепати јавно изјави дека сака да остане во Реал, но тоа не ги спречи Манчестер сити и Ливерпул да продолжат да покажуваат интерес. Родриго наводно ја одбил понудата на Сити минатото лето. Сето ова не го обесхрабри клубот.

Пеп Гвардиола е голем фан на Родриго, а Сити планира голем ремонт на тимот ова лето, Кевин Де Брујне и Бернардо Силва со голема веројатност ќе го напуштат клубот. Според тврдењата на некои шпански медиуми, Сити неодамна одржал состанок со таткото на Родриго.

Сити нуди поголема плата од онаа што фудбалерто ја има во Реал и слобода во играта Новинарот Едуардо Инда, тврди дека таткото на Родриго и неговиот тим негираат дека средбата се случила, но според неговите извори, средбата се случила пред две до три недели.


Иран шести учесник на Мундијалот во 2026 година

Иран е шестиот учесник на Светското првенство во фудбал во 2026 година.

По организаторите: САД; Канада и Мексико, низ квалификациите пласман изборија Јапонија, Нов Зеланд и Иран. Во осмото коло од квалификациите во Азија, Иранците пред своите гледачи ремизираа со Узбекистан 2-2.

Двоен стрелец за Иран беше напаѓачот на Интер, Мехди Тареми.

Со ова реми, на две кола пред крајот, селекцијата на Иран и теоретски обезбеди едно од првите две места кои водат директно на Мундијалот.

По натпреварот славеа домашните фудбалери, а наскоро историски пласман на Мундијалот би можеле да слават и во Узбекистан. Узбекистанците имаат четири бода повеќе од Обединетите Арапски Емирати.


Македонија испушти победа во последната секунда против Велс

Фудбалската репрезентација на Македонија, во дрматична завршница не успеа да го победи Велс, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во Ј групата натпреварот во Скопје заврши 1-1 (0:0).

Македонија во овој прозорец освои четири бода, по очекуваната победа над Лихтеншѕајн (3-0) во саботата, вечерва во Скопје одигра нерешено со Велс.

Бојан Миовски во 91.минута во екстаза ги фрли навивачите на Националната арена „Тодор Проески“. Напаѓачот на Џирона го искористи подарокот на искусниот Џо Ален кој лошо одигра една повратна топка, а Миовски реагираше на прва и низ нозете на Дарлоу ја испрати топката во голот.

Сепак, избраниицте на Благоја Милевски не успеаја да ја задржат предноста. На истекот на 96.минута, Брукс ја искристи лошата поставеност во одбраната и неколкуте грешки на нашите фудбалери и го совлада Димитиревски.

Столе Димитиревски прими гол по 711 минути, откако претходно шест натпревари остана несовлдан.

Што се однесува до самиот натпревар, Велс ја контролираше играта. Имаа играчите на Крег Белами неколку обиди, но без сериозна закана по голот на Димитиревски.

Македонија првиот шут во рамките на голот го имаше во 65.минута, кога Дарлоубрилијантно го одбрани ударот на Чурлинов. Неколку минути подоцна по центаршутот на Томас, Џонсон шутираше, а Муслиу интервенираше од гол линијата.

Македонија квалификациите ќе ги продолжи во јуни, со дуелите против Белгија во Скопје и Казахстан во Астана.


Рис Џејмс со спектакуларен гол се врати во англиската репрезентација

Англија ја забележа втората победа во квалификациите за Светското првенство. На „Вембли“, Англија ја победи Летонија со 3-0, а селекторот Томас Тухел особено го истакна Рис Џејмс.

Десниот бек на Челзи по две и пол години се врати во стартниот состав на „Гордиот Албион“ и го постигна својот прв гол за националниот тим. Тоа го направи на феноменален начин од слободен удар.

„Знам колку добар играч е Рис. Тој е неверојатен. Тој има право да биде горд и среќен за она што го одигра. Тој е во одлична форма, а неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање“, изјави Тухел.


Трент ги договирил сите детали за трансфер во Реал

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд ги договорил условите со Реал Мадрид и на лето ќе му се приклучи на шпанскиот клуб како слободен играч, дознава „Скај Спортс Швајцарија“.

Договорот на Трент со Ливерпул истекува на лето, а од јануари тој има право да преговара и да потпише договор со кој било друг тим. „Скај Спортс Швајцарија“ тврди дека ТАА ќе потпише петгодишен договор.

Англичанецот ќе заработува 15 милиони евра годишно во Мадрид, со значителни бонуси. За споредба, овој 26-годишен играч заработува речиси 11 милиони евра по сезона во Ливерпул.

Александер-Арнолд е член на сениорскиот тим на Ливерпул од 2016 година, а за англискиот клуб досега одигра 349 натпревари, постигна 22 гола и 87 асистенции.

Во текот на кариерата на „Енфилд“, Трент има освоено по еден трофеј за победникот на Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.


Интер Мајами фаворит за потписот на Погба

TURIN, ITALY – AUGUST 27: Paul Pogba of Juventus looks on prior to the Serie A TIM match between Juventus and Bologna FC at on August 27, 2023 in Turin, Italy. (Photo by Giuseppe Cottini/Getty Images)

Францускиот играч за врска Пол Погба, моментално слободен играч и се подготвува да се врати на теренот.

Како што пренесуваат медиумите од Франција, фудбалерот одлучи да премине во Интер Мајами. Преговорите на Французинот со американскиот клуб се во напредна фаза. Договорот би можел да се случи во блиска иднина. Се истакнува дека на одлуката на Погба влијаело присуството на Лионел Меси во Интер Мајами.

Последен клуб на Погба беше торинскиот Јувентус, со кој играчот го раскина договорот во октомври минатата година. Фудбалерот претходно играше и за Манчестер Јунајтед.


Белами: Велс сочувствува со македонскиот народ

Селекторот на фудбалерите на Велс, Крег Белами, на денешната средба со новинарите проговори за трагедијата во Кочани.

„Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата“ – рече меѓу другото Белами.

Ќе потсетиме дека ФФМ претходно донесе одлука целиот приход од квалификацискиот меч меѓу Македонија и Велс на Арената во Скопје да биде дониран за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.


Димитриевски: Кога и да дојдам на прес, не примаме гол, се надевам дека така ќе биде и со Велс!

Македонија во Скопје во рамките на вториот квалификациски меч за Светското првенство (СП) го пречекува Велс, а македонскиот голман Столе Димитриевски изјави дека пред нив е тежок противник.

Димитриевски зборуваше за кобната ноќ во дискотеката во Кочани, каде што 59 лица го загубија животот и посочи дека сè уште се чувствува тага по трагедијата.

„Целиот македонски народ во овој момент е повреден, мене ми беше тешко да заспијам наредниот ден кога видов што се случи. Единствено нешто што му треба на македонскиот народ во овој момент е љубов и сплотеност“, вели Димитриевски.

Чуварот на мрежата на Македонија кажа и дека се надева дека ќе ја продолжи традицијата, односно нема да прими гол против Велс.

„Сакав да присуствувам на прес-конференцијата затоа што тоа е како некоја традиција. Секогаш кога сум тука, не примаме голови. Се надевам дека така ќе биде и сега, ако не примиме гол, имаме најмалку реми, а зошто не и победа“, додаде првиот голман на македонската фудбалска репрезентација.