Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА, во кој се сретнаа репрезентациите на Шпанија и Холандија, крилниот напаѓач на Шпанија, Ламин Јамал постигна гол и постави историски рекорд во ова натпреварување.
Ламин Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на турнирот. Во моментот на натпреварот Шпанецот имаше 17 години и 258 дена. Претходно, рекордот му припаѓаше на сонародникот на Јамал и соиграч во Барселона, Гави. Тој постигна гол на 17 години и 304 дена.
Да потсетиме, домашната екипа победи по пенал серијата (3-3, 5-4 пен.) и се пласираше во полуфиналето на турнирот. Репрезентацијата на Шпанија е актуелен победник на Лигата на нации на УЕФА.
Србија опстана во Лига А, Турција пак ја надигра Унгарија
Србија избори опстанок во А-дивизијата, а Турција се пласира во елитната дивизија во Лигата на нации. Србија во Белград ја победи Австрија со 2-0 и со 3-1 го доби двомечот, додека Турција ја декласира Унгарија во Будимпешта со 3-0.
Србија одигра лош натпревар, Австријците доминираа на теренот се до 56.минута и катастрофалната грешка, по која Максимовиќ го постигна првиот гол. Траунер во 68.минута доби директен црвен картон и од тој момент Србите дојдоа до својот ритам.
Живковиќ ја погоди статовата, на Влаховиќ му беше поништен гол поради минимален офсајд, а во 90. минута напаѓачот на Јувентус стави тошка на натпреварот.
Куриозитет на овој дуел е што главниот судија беше заменет на полувремето. Наместо Санчез вториот дел го судеше Руиз.
Турците за две минути го решија дуеот во Будимпешта. Чалханоглу погоди од пенал во 37., а две минути подцна Гулер зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Баркдачки во 90.минута.
Француски судии делегирани за дуелот Македонија – Велс
Француски судија ќе ја дели правдата на вториот меч на Македонија во квалификациите за СП 2026. Во вторник го дочекуваме Велс, а на центарот во Скопје ќе биде 38-годишниот француски судија Жером Бризар, кој редовно суди во домашниот шампионат, а последните европски натпревари му се Борац Бања Лука-Рапид Виена во Конференциската Лига и Плзен-Ференцварош во Лига Европа.
Помошници ќе му бидат Ерван Фанжан и Алекси Оже, четврти арбитар ќе биде Ромен Лисорг.
Во ВАР собата ќе бидат Бастиен Дешепи и Ерик Вателие.
Франција и Шпанија посреќни по пеналите, познати полуфиналистите во ЛН
Три драматични реванши вечерва се одиграа во Париз, Валенсија и Лисабон, во четвртфиналето во Лигата на нации. Португалија, благодарение на Франциско Тринкао во продолеѓнијата ја победи Данска, а Шпанија и Франција по изведувањето пенали ги елиминираа Холандија, односно Хрватска.
Натпреварот на стадионот „Франција“ во Сен Дени меѓу Франција и Хрватска заврши по 90 минути со резултат 2-0. Со ист резултат Хрватска победи во првиот меч, па меќот влезе во дополнителните 30 минути.
Во регуларнуот дел, Франција имаше шанси но не ги искористи да ја скрши Хрватска, благодарение на изворедниот Ливаковиќ.
Олис во 52.минута постигна брилијантен гол од слободен удар, а потоа во 74.минута му асистираше на Дембеле.
Во пенал серијата, Французите ги преживеаја ужасните пенали на Кунде и Тео Ернандез, кои го промашија голот. Голманот Мењон го одбрани ударот на батурина, а Ивановиќ шутираше над голот. Во шестата серија прецизни беа Дуе и чалета-Цар, а во седмата Мењон го одбрани ударот на Станишиќ, а Упамекано погоди за пласман на Франција во полуфиналето каде ќе се сретне со Шпанија.
И Шпнаците по изведувањето пенали дојдоа до полуфиналето. Реваншот во Валенсија против Холандија заврши со резултат 3-3, откако по 90.минути игра беше 2-2.
Шест серии шутираа фудбалерите на Шпанија и Холандија на „Местаља“. Ланг ја погоди гредата, а Вербруген го одбрани пеналот на Јамал. Во шестата серија Симон го прочита Мален, а Педри стави тошка на мечот.
Португалија во 90.минути ја победи Данска во Лисабон со 3-2. Голот со кој Португалците обезбедија продолженија го постигна Тринкао во 86.минута. Истиот играч во првата минута од продолѓенијата зголеми на 4-2, а точка на натрпеварот Гонзало Рамос.
Сан Диего нема пари за Де Брујне
Еден од клубовите кои се споменуваа како наредна опција за Кевин де Брујне е Сан Диего кој се натпреварува во МЛС лигата.
Сепак, од тоа нема да има ништо ако веруваме на спортскиот директор на овој клуб.
„Не знам од каде се тие информации и тие шпекулации. Разговарав со неговиот агент, секогаш го прашувам дали е тој што зборува со медиумите. Без сомнение, тој е фантастичен фудбалер и го сака ова место. Доаѓа тука секоја година на одмор, а јас сè уште не сум сигурен од каде доаѓа таа шпекулација“, рече Тyлер Хипс, спортскиот директор.
Тој додаде дека буџетот на клубот е голем проблем.
„Можам да ви кажам, разговарав со него, не се вклопува во нашиот буџет“, рече Тyлер Хипс.
Мота сменет, Тудор нов тренер на Јуве
Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус и официјално ја заврши соработката со Бразилецот со италијански пасош Тиаго Мота.
Клубот од Торино е елиминиран од сите останати натпреварувања, па новииот тренер во името на Игор Тудор ќе има задача да му донесе Топ 4 пласман во шампионатот, односно место во ЛШ во кампањата 2025/2026.
„Старата дама“ се реши Тудор да седне на жешкото столче, Хрватот скоро една деценија беше член на Јувентус, а потоа како асистент му помагаше на Андреа Пирло во сезоната 2020/2021.
Последната работа на Игор беше на кормилото на Лацио.
Јуве го нуди Гати и пари зас Осимен
Јувентус изгледа е подготвен на се за да ги осигура услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Јувентус е подготвен да го вклучи Гати во понудата за Осимен.
Не е тајна дека Нигериецот е главна трансфер цел на „бјанконерите“ на лето и се чини дека се подготвени да направат што е потребно за да го доведат во своите редови, тврди „Тутоспорт“.
Не е тајна дека Наполи нема лесно да се раздели со овој играч, особено кога е во прашање неговата преселба во директен конкурент од Серија „А“. Во договорот на Осимен има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, но Јувентус се надева дека некако ќе ја намали и за таа цел е подготвен како дел од зделката да го вклучи и дефанзивецот Федерико Гати.
Сличен предлог може да ги заинтригира и челниците на „Диего Марадона“. На тренерот Антонио Конте многу му се допаѓаат квалитетите на Гати и со задоволство би го имал на располагање. Згора на тоа, Наполи оваа сезона имаше некои проблеми во центарот на одбраната.
Инаку, се тврди дека желбата на Осимен е да се пресели во Јувентус и брзо ќе се договори со „бјанконерите“ околу условите од неговиот договор. Нигериецот, кој летото беше позајмен во Галатасарај, продолжува да ги покажува своите неверојатни голгетерски инстинкти, постигнувајќи импресивни 20 гола на 22 натпревари во турската лига оваа сезона.
Мота пред смена, Тудор се согласил да го наследи
Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров.
Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску.
Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите.
Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати договор на „определено време“, поточно до крајот на сезоната.
Тудор би го предводел Јувентус само на девет првенствени натпревари. Разговор за евентуално нов договор би се водел само доколку ја исполни примарната цела, пласман во топ 4.
На вакви услови не се согласи искусниот Роберто Манчини, додека како потенцијални тренери на лето се споменуваат Антонио Конте и Стефано Пиоли.
Да потсетиме, Тудор е без работа една година, откако го напушти Лацио, а во кариерата работеше и во Марсеј, Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, Карабукспор.
Луис-Скели го собори рекордот на Рашфорд
18-годишниот Мајлс Луис-Скели постигна гол на своето деби за Англија во победата од 2-0 над Албанија.
Неговиот гол на „Вембли“ го направи најмладиот дебитант кој некогаш постигнал гол за Англија. Талентот на Арсенал го направи тоа на 18 години и 176 дена, со што го подобри претходниот рекорд на Маркус Рашфорд, кој во мај 2016 година постигна гол против Австралија на своето деби за Англија на возраст од 18 години и 209 дена.
По мечот со Албанија, Мајлс Луис-Скели беше толку емотивен што тешко наоѓаше зборови за да одговори на новинарските прашања.
„Многу сум благодарен на селекторот што ми веруваше. Многу сум среќен, немам зборови“, изјави Мајлс Луис-Скели.
Милевски: Најважно ни беше да победиме, Велс е сосема поинаков ривал
Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода.
„Честитки до моите играчи што во овие околности и трагедијата во Кочани, најдоа сили да го приведат натпреварот на најдобар можен начин. Искрено, не ми беше важно со колкава разлика и со каков резултат ќе победиме, туку само трите бодови на крајот“, рече Милевски.
„Очекувавме противникот да биде концентриран на својата одбрана, компактен, што го покажаа и на минатите мечеви, ги анализиравме детално, изгледавме доста 7-8 натпревари, и тоа е нашиот начин на подготовка“, изјави селекторот на македонскиот национален тим.
За групата, коментираше дека секоја селекција има шанси да замине на Мундијал, па дури и Казахстан и Лихтенштајн.
„Сите во нашата група се конкурентни, сите имаат свои шанси. Во денешниот фудбал мора да покажете максимален респект кон секоја репрезентација ако сакате да се надевате на позитивен резултат. Имаме интересна група, каде секоја репрезентација има свој квалитет и свои шанси“, дополнува Милевски.
Милевски ги истакна и очекувањата од дуелот со Велс.
„Почнавме веќе со подготовка против Велс, не очекува еден сосема поинаков натпревар, сосема поинаков тип на противник и очекувам меч за кој ќе треба повеќе и физички и психички напор. Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри сите, и ќе се одмориме овие два дена до мечот со Велс. Ме фасцинира нивниот тим како квалитет, и мислам дека ќе ни биде најсериозен предизвик во нашата група“, изјави Милевски.