фудбал

Упамекано добива нов договор во Минхен

Раководството на Баерн Минхен сака да го обнови договорот со дефанзивецот Дајо Упамекано. 26-годишниот фудбалер е клучен дел од тимот на Винсент Компани од почетокот на сезоната, а Белгиецот е многу задоволен од неговиот настап.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативец истекува во летото 2026 година. Баварците веќе ги известиле претставниците на Упамекано, а се очекува во наредните недели да започнат официјални преговори за нов договор.

Изминатото лето, иднината на Упамекано на „Алијанц Арената“ беше доведена во прашање. Сепак, тој му се допаѓа на Компани, бидејќи Белгиецот многу сака да го има во својот тим.

Дајо Упамекано дојде во Баерн во летото 2021 година од РБ Лајпциг за нешто повеќе од 40 милиони евра. За Баварците има 129 настапи, постигна 4 гола и 8 асистенции.


Мурињо го враќа Талиска во турската Суперлига?

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо сака да го засили својот тим со напаѓачот на Ал-Насер, Андерсон Талиска, пишува новинарот Руди Галети. Бразилецот е подготвен за нов предизвик и е би сакал да направи трансфер.

Ал-Насер исто така не е против да го продаде 30-годишниот фудбалер,затоа двата клуба се очекува да започнат преговори за трансферот во наредните недели. За Талиска летото беше заинтересиран Фенербахче, но тогаш не беше постигнат договор.

Напаѓачот веќе има искуство во турскиот шампионат, каде беше дел од Бешикташ. Талиска е дел од Ал-Насер од летото 2021 година. Во оваа сезона одигра 17 натпревари на кои постигна 8 голови.


Парагвајците забранија дресови на Меси на трибините во Асунсион

За дуелот помеѓу репрезентацијата на Парагвај и Аргентина за навивачите ќе важат некои нови правила.

Парагвај во четврток ќе ја пречека Аргентина, во дуелот од 11. коло од квалификациите за СП 2026 година. Иако натпреварите меѓу Парагвај и Аргентина историски не се од оние што носат инциденти од секаков вид, домаќините решија нивната репрезентација да има максимална поддршка.

„Секој што носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот“, јасно порача спортскиот директор на Парагвајскиот фудбалски сојуз, Фернандо Виласбоа.

„Навивачите кои доаѓаат во дресовите на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било дрес со името на Меси, нема да смеат да влезат на стадионот“, рече Виласбоа.

„Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентинските клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со парагвајски навивачи за играчите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините. Сите сме дел од истата игра, секој на свој начин“, додаде тој.

ФС Парагвај додава дека дополнителна причина за правилото „анти-Меси“ е безбедноста во и околу стадионот.

Непишаното правило „анти-Меси“ не е голема вест. Пред дуелот со Бразил важеше правилото „анти-Винициус“.

Тогаш на навивачите им беше забрането да доаѓаат облечени во Бразил, Реал Мадрид и какви било дресови со името на Винисиус.

Аргентина е прва на табелата со 22 бода, три повеќе од Колумбија. Парагвај е на шестото место.


Белингем го освои трофејот „Алфредо ди Стефано“

Фудбалерот од средниот ред на реал Мадрид, Џуд Белингем го освои трофејот Алфредо ди Стефано за сезоната 2023/24.

Оваа награда се доделува на најдобриот фудбалер во шпанското првенство. Победникот го избира шпанскиот спортски весник „Марка“.

Минатата сезона Белингем одигра 28 натпревари во Примера, постигнувајќи 19 голови и шест асистенции.

Со текот на годините овој трофеј го добија Лионел Меси, кој наградата ја освојуваше рекордни седум пати, Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Раул.


Дајер заминува од Баерн на крајот на сезоната

Ерик Дајер најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Никој во клубот не очекува да биде обновен договорот со 30-годишниот дефанзивец, кој истекува на 30 јуни 2025 годинa.

Дајер нема одиграно ниту еден цел натпревар оваа сезона. Фудбалерот како замена четири пати во Бундеслигата, еднаш во Лигата на шампионите и еднаш беше заменет во натпревар од Купот на Германија.

Дајер во Баерн дојде од Тотенхем минатата сезона. Има играно и за Спортинг. /МИА


УЕФА сериозно го казни Баерн заради пиротехниката на фановите

Екипата на Баерн Минхен беше строго санкционирана поради навивачите. Приврзаниците на клубот му донесоа казна од 150 илјади евра за употреба на пиротехнички средства.

Санкцијата е од страна на спортскиот суд на Германската фудбалска федерација.

Навивачите запалија околу 70 факели за време на натпреварот против Улм (4-0) во првото коло од Купот на Германија на 16 август. Баварскиот гигант ја прифати одлуката на судот.


Барса спрема долг договор за Гави

Спортскиот директор на Барселона Деко изјави дека сака играчот од средниот ред на Каталонците Гави да остане во тимот уште многу години. Младиот играч на Барселона се врати на теренот по тешката повреда, откако оваа сезона веќе забележа шест настапи за тимот.

„Гави претставува се што е Барса. Тој е посебен играч. Неговиот карактер и она што го покажува на теренот е се што треба да има еден фудбалер. Исто така, тој има само 20 години, но изгледа 26 или 27… За него нема подобар клуб од Барса. Мислам дека Барселона ќе стане одличен тим со играчи како Гави, Кубарси, Ламин, Рафиња, Дани Олмо… Сакам Гави да остане уште долго во Барса. Секако дека има преговори, но се зависи од тоа што сака Гави“, коментира Деко во изјава за шпанското издание „Мундо Депортиво“.

Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до летото 2026 година.


Сити чека одговор од Зубименди

0Манчестер сити се наоѓа во серија од четири порази во сите натпреварувања, што на клубот никогаш не му се случило во ерата на Пеп Гвардиола. Тренерот потенцира дека нема причина за паника, но јасно е дека во клубот е вклучен алармот. Манчестер сити, на почетокот на сезоната остана без Родри. Без актуелниот освојувач на Златната топка видливо е дека Сити нема добар баланс во тимот. Како што сега стојат работите, Сити ќе се активира во јануарскиот преоден рок. Нивна цел е еден фудбалер.

Шпанските и англиските медиуми истакнуваат дека Сити повторно стапил во контакт со менаџерите на Мартин Зубименди за да ги информираат дека сакаат да ја активираат неговата откупна клаузула.

Засега не е познато дали Зубименди се предомислил, бидејќи во летниот преоден рок тој ги одби понудите на Ливерпул, Арсенал и Барселона, истакнувајќи дека нема намера да го напушти Реал Сосиедад.

Неговата откупна клаузула е 60 милиони евра и Сити е подготвен да ја плати во јануари, но прво треба да добие позитивен одговор од Зубименди.


Шенол Ѓунеш го исфрли Барди од првиот тим на Трабзонспор

Трабзонспор објави дека Енис Барди е исфрлен од првиот тим. Тренерот Шенол Гинеш не смета на него, но Барди не е единствениот кој е исфрлен. Стефано Денсвил, Мислав Оршиќ и Умут Бозок исто така повеќе не се дел од првиот тим на турскиот прволигаш. Од клубот сметаат дека мора да ја подобрат формата.

Во кратката изјава Трабзонспор напиша: „Како резултат на состанокот одржан денеска од нашиот претседател Ертугрул Доган, нашиот потпретседател Зејат Кафкас и нашиот тренер Шенол Гунеш, беше одлучено нашите професионални фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено од тимот за да ги подобрат своите перформанси. Со почит“.

Како што пишува турскиот портал Фотоспор, Трабзонспор во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Барди и од двајца Хрвати: „Примарната цел е клубот да се ослободи од Енис Барди, Мислав Оршиќ и Борна Баришиќ“.

Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.


Англиски судија суспендиран заради навреди на Клоп на Интернет

На социјалните мрежи се појави видео на кое англискиот судија Дејвид Кут вулгарно зборува за Ливерпул и неодамнешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп.

На спорното видео 42-годишниот судија одговара на прашање на пријател какво мислење има за клубот од Енфилд: „Ливерпул е ср..е“, од приложеното би се рекло дека Кут не ги избирал зборовите.

Следуваше прашање за германскиот стручњак…

„Апсолутна пи..а“.

Набрзо објасни од каде е негативното мислење за Клоп.

„Ми се нафрли кога го судев нивниот натпревар против Барнли, ме обвини дека лажам, а потоа ми се нафрли. Не ме интересира да разговарам со некој што е толку еб.но арогантен. Јас лично се обидов да не разговарам со него“, додаде тој, а потоа го пофали тогашниот капитен на Ливерпул, Џејмс Милнер:

„Милнер е коректен“, рече Кут, а потоа покажа слика со него додека ја извршуваше улогата на четврти судија.