фудбал

Пулишиќ ќе добие нов договор во Милан

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра.

Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан оваа сезона со 16 постигнати голови на 45 натпревари во сите натпреварувања.

Пред Милан, американскиот играч од средниот ред играше за Челзи и Борусија Дортмунд.

Во дресот на САД, тој постигна 32 гола на 78 натпревари.


Баскиец ќе го менува Чаби Алонсо во Леверкузен

Еден ден откако беше објавено дека Карло Анчелоти постигнал договор со Бразилската фудбалска асоцијација, европските медиуми го промовираа не само новиот тренер на Реал, туку и новиот тренер на Баер Леверкузен.

Во Шпанија речиси и да не се доведува во прашање дека Чаби Алонсо, кој помина три сезони на „Бај Арена“ и минатата сезона оствари еден од најголемите подвизи во модерната историја на европскиот фудбал, ќе стане тренер на „кралскиот клуб“.

Алонсо во кариерата, пет сезони го носеше дресот на Реал, одигра 236 натпревари од и учествуваше во освојувањето на пет трофеи.

Алонсо долго време беше проектираниот наследник на Анчелоти, а се укажува на тоа дека и во Леверкузен биле подготвени. Според „Скај Спорт Германија“, Баскиецот ќе го наследи Баскиецот на „Бај Арена“.

Баер следната сезона треба да го предводи Иманол Алгуасил Баренечеа, човек кој со голем успех го води првиот тим на Реал Сосиедад од 2018 година.

Иманол Алгуасил е континуирано ангажиран во Сан Себастијан од 2011 година, кога стана тренер на младинскиот тим, потоа асистент во „Б“ тимот, потоа и тренер на тимот „Б“ и на крај го презеде првиот тим.

Под водство на Алгуасил, Сосиедад заврши под 10-то место само во првата сезона, а потоа рангирањата беа: 9-то, 6-то, 5-то, 6-то, 4-то и 6-то место минатата сезона. Тие во катуелната сезона се наоѓаат на 10-то место.


Родриго летово го напушта Реал

Крилниот напаѓач на Реал, Родриго, е на мета на критики поради лошата форма во последните два месеци.

Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, фудбалерот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми.

Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 натпревари оваа сезона.

И покрај довербата што му беше укажана на почетокот на сезоната, Родриго сезонава нема никакво влијание во играта на Реал, а исто така не е ефикасен во завршниците.

Навивачите исто така изразија незадоволство од неговите настапи, а некои од нив веруваат дека продажбата би била најдобрата опција за двете страни.

Клубот е отворен за преговори, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на играчот.


Алекс Баена пред потпис со Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид планира големи летни инвестиции. Алекс Баен од наредната сезона се сели на „Метрополитано“ во Мадрид.

Извори од Мадрид блиски до Атлетико денес открија дека Баена веќе бара куќа во шпанската престолнина, дека ја договорил платата и сега чека клубовите да се договорат за обештетувањето.

Баена има 23 години, ја мина Академијата на Виљареал, но стигна до првиот тим преку Џирона, каде што играше како позајмен играч во сезоната 2021/22.

Во меѓувреме, Баена стана член на шпанската репрезентација, а според статистичките податоци, тој е еден од најдобрите плејмејкери во Ла Лига, иако игра на левата страна во редот за врска.

Тој ќе биде идеален во системот 4-4-2 на Диего Симеоне. Атлетико и минатото лето преговараше за неовиот трансфер, но тогаш клубовите не се договорија. Претходно се шпекулираше дека Виљареал очекува отштета од 50 милиони евра за неговиот потпис, што Атлетико очигледно е подготвен да го плати.

Но, Баена не е единственото бомбастично засилување, бидејќи се споменува дека Атлетико Мадрид наскоро ќе го официјализира трансферот на напаѓач. Анхел Кореа е на излезна врата, Антоан Гризман е во години, а Симеоне сака уште едно големо име покрај Хулијан Алварез, бидејќи Александар Серлот е решение од клупата.

Не е познато за кого се работи, но медиумите пишуваат дека Атлетико наскоро ќе објави со кој играч постигнале договор.


Фабрегас фаворит за наследник на Раниери во Рома

Цеск Фабрегас може да го замени Клаудио Раниери на клупата во Рома. Според „Скај Италија“, тренерот на Комо е прв фаворит да ја преземе „волчицата“.

Поранешниот играч на Арсенал и на Барселона, се поврзува и со Милан, Јувентус и РБ Лајпциг иако Комо инсистира дека ќе остане во клубот.

Во исто време на листата на римјаните се ставени и Стефано Пиоли, Франческо Фариоли и Патрик Виера.


Јуве без дефанзивци пред дербито со Болоња

Јувентус објави дека фудбалерот, Лојд Кели, има повреда и ќе мора го пропушти клучниот натпревар против Болоња за место што носи учество во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Англискиот дефанзивец се опоравува од повреда на мускулот и нема да се врати на теренот најмалку 10 дена.

Тренерот на „старата дама“ , Игор Тудор, ќе има многу проблеми да ја состави одбраната за мечот со Болоња бидејќи надвор од стројот се и Гати, Кабал и Бремер.


Едерсон заминува, Сити ќе го менува голманот

Манчестер сити започна потрага по нов чувар на мрежата, откако иднината на Едерсон Мораеш стана неизвесна. Бразилецот уште минатото лето беше поврзуван со заминување во Саудиска Арабија, а интересот за него повторно е актуелен.

Иако Едерсон важи за еден од најдобрите голмани во светот кога станува збор за играта со топка во нозе, многумина сметаат дека постојат поискусни голмани кога се во прашање интервенциите и контрола на шеснаесетникот. „Граѓаните“ сакаат да ја искористат можноста да го продадат поскапо додека можат и истовремено да најдат наследник кој дополнително ќе го зајакне тимот.

Изборот на Манчестер Сити паднал на Диого Коста, голманот на Порто и репрезентативец на Португалија. Коста, кој зад себе има одлични сезони во дресот на португалскиот гигант, е подготвен за следниот голем чекор во кариерата.

Според пишувањата на медиумите, Сити веќе испратил понуда од 40 милиони евра, која била одбиена од страна на Порто. Сепак, клубот од „Драгао“ не е загрижен – верува дека наскоро ќе пристигне нова, подобра понуда. Се проценува дека трансфер вреден околу 60 милиони евра би бил доволен за Порто да го пушти својот прв голман на „Етихад“.

Диого Коста е производ на академијата на Порто, а на 25-годишна возраст веќе има 249 настапи за првиот тим и 34 меча во дресот на португалската репрезентација.


Реал и Куртоа пред нов договор

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со голманот Тибо Куртоа до 2028 година. 32-годишниот белгиски интернационалец доби понуда да го обнови својот тековен договор за уште две сезони, објави „Релево“.

Според изворите на изданието, Реал Мадрид верува дека Куртоа е најдобрата опција за клубот на позицијата голман. Токму затоа „Кралевите“ се подготвени да направат исклучок од непишаното правило на „Бернабеу“, според кое договорите со играчи над 30 години се продолжуваат за максимум една сезона.

Договорот сè уште не е потпишан, но двете страни веќе некое време разговараат за него.

Куртоа се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година, а во 2021 година потпиша 5-годишен договор со клубот. Тој веќе има одиграно 308 натпревари за Реал Мадрид во Ла Лига и 60 во Лигата на шампионите.


Луис Енрике: Арсенал и ПСЖ играат сличен фудбал

Тренерот на фудбалерите на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, сака неговиот тим да го постигне тоа што другите во минатото не успеаја да го направат – да ја освои Лигата на шампионите.

„Амбициозни сме и сакаме да создадеме историја. Гледам дека тимот е полн со самодоверба. ПСЖ никогаш не ја освоил Лигата на шампионите, истото важи и за Арсенал.

Арсенал и ПСЖ се многу слични. Има одлични поединци во двата тима иако не зависи само од нив“, рече Енрике.


Артета: Ни следат големи мечеви со ПСЖ

Менаџерот, Микел Артета, не крие дека е презадоволен што неговиот Арсенал испишува клупска историја во Лигата на шампионите.

Англичаните денеска ќе го пречекаат ПСЖ во првиот меч од полуфиналната фаза во елитната конкуренција на Европа. Шпанскиот тренер не крие дека гледа со пиетет кон Французите но, верува дека „топџиите“ може да одат во големото финале.

„Ова е еден од најголемите натпревари откако е изграден „Емирати“. Со оглед на околностите и предизвиците со кои се соочивме пишуваме историја “, рече Артета.