фудбал

Ханси Флик: Германија е под притисок за поминување на групата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханси Флик, изјавува дека е разочаран после поразот од Јапонија со 2:1 во првиот натпревар на неговите фудбалери на СП во Катар.

Флик во изјавата додава дека сега неговата репрезентација се наоѓа под голем притисок за пласман во осмина финалето на Мундијалот. 

Според него Германија ќе мора својата среќа и прва победа да ја бара на наредниот натпревар во групата Г против селекцијата на Шпанија, каде не смее да ги повтори грешките од дуелот со Јапонците.


Де Брујне изненаден: Не знам зошто сум прогласен за играч на натпреварот

Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Белгија, Кевин де Брујне е прогласен за најдобар играч на средбата од првото коло на групната фаза против Канада кој заврши со резултат 1:0. Фудбалерот на Манчестер Сити мисли дека тој не е најзаслужниот фудбалер за победата на неговата селекција.

Единствениот погодок на средбата го постигна напаѓачот на Фенербахче, Мичи Батшуаји, а претходно голманот на Белгија, Тибо Куртоа во 11. минута од средбата успеа да му одбрани пенал на Дејвис од Канада.

„Не мислам дека одиграв добар натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради моето име“, истакна Де Брујне после натпреварот.

Наредниот натпревар на Белгија е во недела против Мароко.


Гави е најмладиот стрелец во историјата на Шпанија на СП

Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Гави, беше стрелец на петтиот гол за својата репрезентација во победата од 7:0 против Костарика.

Играчот на Барселона со 18 години и 110 дена е најмладиот фудбалер кој постигнал гол за Шпанија на Мундијалите.

Помлади стрелци од Гави на светските првенства биле само легендарниот Пеле кој на шампионатот во 1958.година постигна гол со 17 години, а втор на вечна листа е Мексиканецот Мануел Росас, кој во 1930. година постигна гол на 18 години и 93 денови.


Модриќ: Имаме уште два натпревари за да ја минеме групата

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, изјави дека дуелот со Мароко бил доста тежок, но истакнува дека актуелните вицепрваци на светот имаат уште два натпревари за да се пласираат во нокаут фазата. Модриќ потенцира дека Хрватите имале неколку шанси за гол но не успеале да ги реализираат истите.

Фудбалерите на Хрватска одиграа нерешено 0:0 против Мароко во првиот натпревар од групата Ф на СП во Катар.

Следен натпревар за Хрватска ќе биде против Канада во недела од 14.00 часот.


Заниоло заминува од Рома следното лето, има понуди од три клуба

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло сериозно размислува да ја промени средината на крајот на сезоната. Заниоло не е задоволен од тоа како му се одбива кариерата и одност кој Мурињо го има кон него.

Актуелниот договор на 23-годишниот Италијанец му истекува во 2024 година, па Рома на лето ќе биде приморана да го продаде бидејќи добива да стави потпис на нов договор.

„Заниоло не е задоволен од односот на Мурињо и од неговата тактика. Ова не е прв пат двајцата да влегуваат во расправа, па поради тоа еднаш беше и казнет“, пишува „Калчомеркато“.

Силен интерес за Заниоло покажуваат Јувентус, Милан и Тотенхем, па поради тоа се поизвесо е дека ќе биде продаден на лето.


Манчестер Јунајтед ставен на продажба од семејството Глејзер

Maнчестер Јунајтед и официјално е ставен на продажба, гласините кои се појавија се потврдени со официјално соопштение.

Долго време навивачите на Манчестер Јунајтед посакуваа продажба на клубот, а желбата сега конечно ќе им се оствари.

Семејството „Глејзерс побарало совет од банките за продажбата, а во опција се три варијанти – целосна продажба, продажба на дел од акциите и стратешко партнерство со трета страна.

Не е потврдено, но се шпекулира дека бараат шест милијарди фунти за продажбата на клубот. Многумина сметаат дека интервјуто на Роналдо во кое зборува против Глејзерс и ги критикува има голем удел во одлуката да го продадат клубот.


Ренар: Луди работи се случуваат во фудбалот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, изјави дека во светот на фудбалот понекогаш се појавува лудило како што беше на мечот со фаворизираната Аргентина.

„Им честитам на моите фантастични играчи, секогаш им честитам и тоа го правам три години. Не смееме да заборавиме дека тие беа непоразени на 36 натпревари. Аргентина е актуелен шампион на Јужна Америка“, вели Ренар.

Саудиска Арабија е лидер во групата пред Мексико и Полска додека Аргентина е на последното место.


Кејн под знак прашалник за настап против САД

Капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, поради повреда на скочниот зглоб би можел да го пропушти натпреварот од второто коло во групата Б против селекцијата на САД.

Капитенот Кејн се повреди на натпреварот со Иран кој Англија го доби со 6:2. После дополнителните прегледи е одлучено напаѓачот да направи скенирање на повредата и се претпоставува дека е можно да го пропушти дуелот со САД кој се игра во петок. 

Повеќе детали за состојбата на Кејн се очекува во текот на денот.


Франција го продолжува Мундијалот без Лукас Ернандез

Фудбалскиот сојуз на Франција соопштува дека репрезентативецот Лукас Ернандез ги скина предните вкрстени лигаменти од коленото и дека ќе го пропушти остатокот од Светското првенство во Катар.

Ернандез се повреди на натпреварот на кој Франција славеше триумф над Австралија со резултат 4:1. Над 26-годишниот фудбалер на Баерн Минхен после натпреварот се направи магнетна резонанца на која се потврди претходната дијагноза. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, нема право на дополнителна замена за играчот, па така Франција до крајот на Мундијалот ќе игра со 24 фудбалери.


ФИФА се оправда со статистика за полни трибини во Катар

ФИФА објави соопштение во врска со конфузијата околу капацитетот на стадионите за Светското првенство во 2022 година во Катар.

На отворањето на натпреварот меѓу Катар и Еквадор, беше објавено дека стадионот го посетиле 67.732 гледачи, иако претходно беше објавено дека арената има капацитет од 60.000.

ФИФА забележува дека привремената бројка од 40.000 гледачи е референтен капацитет што ги исполнува барањата на организацијата. Конечниот капацитет ќе биде одреден откако ќе бидат завршени сите подготовки на стадионот. Еве какви се конечните бројки за капацитетот на стадионите на ова СП.

Капацитет на стадионот за Светското првенство во 2022 година:

„Ахмед бин Али“: 45.032 гледачи;

Ел Бајт: 68.895 гледачи;

„Ел Џануб“: 44.325 гледачи;

„Ел-Тумама“: 44.400 гледачи;

„Едукејшн Сити стадион“:: 44.667 гледачи;

Калифа Интернaционал: 45.857 гледачи;

Лусаил Аиконик: 88.966 гледачи;

„974“: 44.089 гледачи.