фудбал

Атлетик Билбао инсистира на нов договор со Нико Вилијамс

Атлетик Билабо ќе започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс. Шпанскиот репрезентативец беше дел од една од трансфер сагите на летото, но на крајот остана во баскискиот клуб.

За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари.
Се очекува на лето Барселона да тргне во нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Атлетик Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула.

Во моментов таа е со износ од 60 милиони евра, што не би било проблем за голем број европски гиганти. Интерес за Вилијамс има и од неколку англиски клубови.


ПСЖ влегува во трка за Александер-Арнолд

Реал Мадрид ќе има многу силна конкуренција во обидот да го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

Според информациите на шпанското издание „Спорт“, францускиот гигант Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе наддава за англискиот интернационалец.

Како што е познато, договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а во моментов дефанзивецот одбива да започне преговори за негово обновување со „црвените“.

Блиски извори до Реал тврдат дека токму англискиот интернационалец ќе биде приоритетна мета на „кралевите“ на лето.

Доколку Ливерпул не успее да го задржи Трент Александер-Арнолд, тогаш неговиот трансфер од Енфилд ќе биде бесплатен, тоа не значи дека клубот кој го привлече нема да мора да плати сериозна сума на пари.


Клоп: Не сакам играчи како Рамос во моите екипи

Јирген Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос, до неодамна менаџерот на Ливерпул зборуваше за легендата на Реал, Серхио Рамос. Клоп искрено кажа дека како личност Рамос не му се допаѓа.

Глобален шеф на фудбалот во Ред Бул, Јирген Клоп, не го заборава финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во кое го предводеше тимот на Ливерпул против Реал и го загуби натпреварот (3:1) . Според многумина, потегот на Рамос во првиот дел го решил победникот. Тогаш, според многумина со намера, Рамос го повреди најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.

„Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од пет годишна возраст, ќе видите што направи“, рече Клоп и додаде: „Требаше таа ситуација подобро да се погледне. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли прптивник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции“, рече Клоп и дополни.

„Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат”, откри Клоп.

„Серхио е добар соиграч“, одговори Крос и додаде дека не се согласува со сите потези на шпанскиот стопер.


Тиаго Мота: Мораме да бидеме поагресивни во одбраната

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми со Парма во 8 коло во италијанскиот елитен шампионат, вели дека на неговиот тим му недостасува рамнотежа на теренот.

„Треба да играме поагресивно. Дозволивме Парма да создаде многу шанси преку контра-напади. Сакаме да го наметнеме нашиот стил“ – вели тренерот на „старата дама“. Направивме технички грешки а Парма само чекаше да не казни. Мораме да бидеме максимално активни во обидот да ја вратиме топката“, нагласи Мота.


Вини ги прекина преговорите за нов договор со Реал

Винисиус Жуниор со своите партии во Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Тој има договор со Реал до јуни 2027 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.

Според шпанскиот спортски портал „Релево“, мадридскиот клуб иницирал контакти со застапниците на 24-годишниот Бразилец пред неколку месеци со цел да се разговара за продолжување на договорот.

Меѓутоа, после последните случувања околку „Златната топка“ менаџерите на фудбалерот ги прекинале преговорите.


Слот го фали Гакпо: За мене тој е сигурен стартер во Ливерпул

Ливерпул успеа да се пласира во четвртфиналето на англискиот Лига Куп и тоа откако го совлада Брајтон на негов терен со 3-2.

Клучна улога во овој триумф имаше холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо кој постигна два гола во 46 и 63 минута, а по средбата менаџерот Арне Слот јасно порака дека тој сигурно ја има улогата на старер во екипата.

За мене Гакпо е редовен стартер. Тој е нашиот клучен играч. Можеби нема да го започне секој натпревар, но во најголем дел од времето ќе биде стартер, – рече Слот кој на таа позиција го има Луис Дијаз.

Тоа е жестока конкуренција меѓу Гакпо и Луис Дијаз. Ама тоа е нормално во клуб како Ливерпул, -истакна стратегот.

Премиерлигашот на другата страна како сигурно решение го има Мохамед Салах, додека некако најотворена е позицијата „девет“ затоа што освен Нуњез, тука е и Жота, а екипата може да игра и без класична деветка како што Арне играше на вчерашниот натпревар.


Џерард пред отказ во Ал-Етифак

Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, наводно ќе биде разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Ал-Етифак, откако синоќа беше елиминиран од второлигашот Ал Џебелеин во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.

Клубот од Дамс рутински беше поразен на гостински терен од клуб од долната половина во вториот ранг на натпреварување во оваа земја, па поради тоа раководството е разочарано.

Колапсот во купот пристигна во Ал-Етифак како кулминација на катастрофалната форма на тимот на Џерард во се поконкурентниот шампионат, па би било изненадување ако англиската легенда остане на клупата.

Избраниците на Џерард последен пат славеа кон средината на септември, што е премалку за високите примања кои поранешниот фудбалер ги остварува на годишно ниво. Според медиумите платата на Џерард во Ал-Етифак е 15,2 милиони фунти.

Џерард пред да замине во Саудиска Арабија во летото 2023 година работеше во Астон Вила и Глазгов Ренџерс.


Фермин Лопез ќе добие нов договор со матичната Барселона

Фермин Лопез денеска потпиша нов договор со Барселона до 30 јуни 2029 година. Каталонците во договорот вклучија и откупна клаузула од 500 милиони евра за младиот шпански талент.

Фудбалерот кој има само 21 година лани блесна во првиот тим на Барселона под водство на тренерот Чави и одигра дури 42 натпревари за првиот тим во сите конкуренции. Летово тој беше дел од шпанската фудбалска репрезентација, која го освои Европското првенство, а потоа и Олимписките игри во Париз. И сезонава кај тренерот Ханси Флик, Лопез исто така е дел од првата постава.

Своите први фудбалски чекори ги направи во Бетис, но и се приклучи на познатата академија на Барселона, „Ла Масија“ во летото 2016 година. Сезоната 2022/2023 година ја мина на позајмица во тимот на Линарес по што се врати во Барселона и експресно се инсталираше во првите 11.


Одложено шпанското дерби меѓу Валенсија и Реал

Натпреварот од 12. коло во шпанското првенство меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој требаше да се одигра в сабота, денеска официјално е одложен поради големите поплави во јужна Шпанија.

Сите натпревари во регионот на Валенсија исто така ќе бидат одложени, вклучително и дуелот помеѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, објави попладнево Ла Лига.

Клубовите имаат рок до 5 ноември да изберат нови датуми за одигрување на одложените натпревари.

Од истата причина беа одложени и бројни спортски настани во регионот, вклучително и натпреварите од Копа дел Реј помеѓу Валенсија и Леванте.

Поплавите од кои беше зафатена шпанската провинција Валенсија предизвикаа смрт на повеќе од 90 луѓе, како и голема материјална штета.


Флорентино спрема нов договот за Винициус Жуниор

Реал Мадрид има намера да го обнови договорот со фудбалерот, Винисиус Жуниор. Актуелниот на крилниот напаѓач е до летото во 2027 година.

„Белите“ стапиле во контакт со агентите на играчот пред неколку месеци но, се уште немаат започнато конкретни преговори. Самиот Винисиус одговори дека не сака да брза и дека го чека најпогодниот момент за да преговара за нов договор.

Од друга страна, клупските шефови веруваат дека Бразилецот заслужува подобри услови иако е меѓу најплатените во клубот.