фудбал

Кимих и Баерн ја продолжија соработката до 2029 година

Џошуа Кимих постигна договор со челниците на Баерн за нова соработка до 2029 година, а неговите агенти ги „пеглаат“ последните детали пред официјалното потпишување.

За Кимих интерес покажа Пари Сен Жермен, кој беше согласен да ги исполни сите негови финансиски желби, но Баерн сепак успеа да го премисли и тој одлучил да остане на „Алијанц арена“.

Германскиот репрезентативец е дел од баварскиот гигант веќе една деценија и во отсуство на Мануел Нојер ја носи капитенската лента.

Неговиот актуелен договор истекува на крајот на годината, а се очекува во наредните денови да биде официјално продолжен.


Реал ќе ги праќа младите напаѓачи на калење во Германија

Реал Мадрид реши да ги испрати на позајмица Арда Гулер и Ендрик. Шпанскиот весник „El Desmarque“, тврди дека двајцата счедната сезона ќе играат во Бундеслигата.

Неспорно е дека Гулер и Ендрик се големи талент, меѓутоа во ниту еден момент не успеаја да се наметнат во системот на Карло Анелоти. Јасно е дека влијание има и конкуренцијата во тимот на Реал.

Поради огромната конкуренција трпи развојот на овие двајца млади фудбалери, клубот реши да ги испрати во клуб каде што ќе имаат повеќе можности за докажување.

Најпосакувана дестинација за двата фудбалски дијаманти е Лајпциг, челниците на Реал ја гледаат германската Бундес лига како идеална средина за нив.

Ендрик оваа сезона одигра 27 натпревари во белиот дрес, постигна шест гола и забележа две асистенции.

Од друга страна, Гулер постигна три гола и запиша шест асистенции на 29 натпревари.


Клоп не дозволил Тен Хаг да го преземе РБ Лајпциг

Германските и англиските медиуми пишуваат дека поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг требало да ја преземе тренерската функција во Лајпциг.

„Скај Спортс“ објави дека, во клубот сериозно размислувале за ангажманот на 55-годишниот Холанѓанец во случај да го разрешат сегашниот тренер Марк Росе. Сепак, предлогот за назначување на Ерик Тен Хаг го блокирал од Јирген Клоп.

Како што е познато, поранешниот менаџер на Ливерпул од јануари работи како директор за фудбалски развој во Ред Бул, во чии состав е и Лајпциг.

Клоп и Тен Хег беа ривали како тренери седум пати, при што Германецот беше поуспешен со 3:2 победи (со две нерешени), а особено за паметење е рекордната победа на Ливерпул од 7:0 над Манчестер јунајтед на 5.март 2023 година.

Тен Хег имаше одлични резултати со Ајакс, со кого, меѓу другото, три пати беше холандски шампион, но доживеа фијаско како менаџер на Манчестер јунајтед, каде што доби отказ во октомври минатата година.


Сон: Сами сме виновни за поразот во Холандија

LONDON, ENGLAND – FEBRUARY 26: Heung-Min Son of Tottenham Hotspur during the Premier League match between Tottenham Hotspur FC and Manchester City FC at Tottenham Hotspur Stadium on February 26, 2025 in London, England. (Photo by Alex Pantling/Getty Images)

Капитенот на фудбалскиот состав Тотенхем, Хонг-Мин Сон, се осврна на поразот АЗ Алкмар со 1-0 во првиот меч од осминафиналето во Лига Европа.

„Разочарувачки е што се претставивме толку слабо, вклучувајќи ме и мене. Секогаш е тешко да се игра на гости во Лига Европа. Немавме шанси во првото полувреме.

Нема оправдување, едноставно не одигравме доволно добро. Ништо не е загубено, не чека реванш“, рече играчот на „спарси“.


Негредо ја заврши професионалната кариера

Шпанскиот фудбалер Алваро Негредо официјално ја заврши својата кариера. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите негови соиграчи и поддржувачи.

39-годишниот ветеран ја започна кариерата во Рајо Ваљекано, а потоа играше за Севиља, Манчестер Сити, Валенсија, Мидлзборо,Бешикташ , Ал Наср, Кадиз и Ваљадолид.

Најголем клупски успех му е премиерлигашката титула со „граѓаните“ во 2014 година, а за шпанската репрезентација забележа 21 настап и постигна десет голови. Со „фуријата“ стана европски шампион во 2012 година.


ПСЖ спремен да испрати понуда за Кимих

Францускиот шампион ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, јави германската телевизија Скај.

Според истиот извор, ПСЖ му нуди договор на капитенот на германската репрезентација до 2029 година.

Договорот на Кимих со Баерн истекува на крајот од оваа сезона, а двете страни веќе неколку месеци водат преговори за евентуално продолжување на соработката.

30-годишниот Кимих го носи дресот на Баерн од 2015 година.


Исак ќе биде подготвен за финалето со Ливерпул

И покрај сите шпекулации за тежината на неговата повреда, голгетерот на Њукасл, Александар Исак тренираше со своите соиграчи вчера. Тоа е добар знак за фановите на Њукасл кои го очекуваат неговиот старт на финалениот меч од Лига Купот против Ливерпул.

Според информациите на Скај Спортс, охрабрувачко е тоа што Исак вчера се појави на тренингот на тимот и бил „добро расположен пред претстојните натпревари“.

25-годишниот напаѓач беше сликан со една бандажирана повреда под десното колено што веројатно малку загрижува, но прогнозите се дека тој ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул во битката за првиот трофеј сезонава.


Инфантино размислува за Мундијал со уште повеќе учесници

ФИФА разговара за можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година од 48 на 64 репрезентации по повод одбележувањето на 100-годишнината од турнирот.

Според изворот, слична идеја предложил и делегат од Уругвај, земјата каде што се одржа првото Светско првенство во 1930 година.

Се нагласува дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјавил дека оваа иницијатива бара анализа. Сепак, постои голема веројатност другите членови на одборот на организацијата да ја отфрлат таквата идеја.

Во 2026 година Светското првенство ќе се одржи во Северна Америка, со зголемен број на учесници на 48 репрезентации.


Лаутаро: Сакам да ја завршам кариерата во Интер

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез по вчерашниот меч со Феенорд во Лигата на шампионите, за италијанските медиуми изјави дека сака остатокот од кариерата да го помине во Интер.

Аргентинецот го постигна вториот гол за миланскиот клуб против Феенорд и стана најдобриот стрелец на Интер во Лигата на шампионите во историјата. По победата Лаутаро озјави дека сака остатокот од кариерата би сакал да го помине во Милано.

„Го сакам овој клуб и се чувствувам се подобро секој ден. Потпишав продолжување на договорот летово, иако имав многу други понуди. Со задоволство би останал во клубот и до крајот на кариерата. Среќен сум и горд што го носам дресот на Интер“, изјави Лаутаро.

27-годишниот Мартинез игра за Интер од летото 2018. За клубот одигра 319 натпревари, постигна 146 гола и направи 49 асистенции.


Нејмар по една година се враќа во бразилската репрезентација

Бразил го повика напаѓачот на Сантос, Нејмар Жуниор за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација.

33-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година.

По разочарувачкиот период во саудискиот премиерлигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари, постигнувајќи три гола и додавајќи три асистенции во седум натпревари за да го привлече вниманието на селекторот на Бразил, Доривал Јуниор.

Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 гола. Тој беше дел од тимот на Бразил кој освои златен медал на Олимписките игри во Рио во 2016 година и исто така им помогна да завршат како второпласирани пред Аргентина на Копа Америка во 2021 година.

Бразил, кој е петти на табелата КОНМЕБОЛ со 18 бодови од 12 натпревари, на 21 март ќе и гостува на Колумбија, а пет дена подоцна ќе гостува во Аргентина.

Најдобрите шест директно се квалификуваат за Светското првенство.