фудбал

Кака: Бразил е фаворит, а Србија е можно изненадување во Катар

Легендарниот бразилски фудбалер Кака изјави дека Бразил е фаворит за титулата ма Мундијалот во Катар, бидејќи екипата долго време се подготвувала за проектот и сега има одличен спој на младост и искуство.

Во интервју за Газета дело Спорт, Кака истакнува дека покрај Бразил, фаворити за титулата се уште Франција и Аргентина, а како можно изненадување ја наведува селекцијата на Србија.

„Не чека специфичен Мундијал кој се игра во друго време и прилагодувањето на климата и опоравувањето би можеле да имаат голема улога. Уверен сум дека најдобрите фудбалери ќе бидат на висина на задачата. Посебно ме интересираат настапите на Роналдо и Меси, и нивното влијание на последното СП за нив“, изјави Кака.


Њукасл ќе испрати понуда за Јаник Фереира Караско

Шпанските медиуми пренесуваат дека Јаник Караско би можел да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок.

Караско оваа сезона добива шанса кај Симеоне, но и самиот е спремен за нова авантура после Мундијалот. Белгиецот на лето влегува во последната година од договорот, па „јорганџиите“ се спремни да го продадат уште во јануари.

Најсилен интерес за Караско покажува Њукасл, кој сакаше да го доведе уште во летниот преоден рок.


Мурињо: Еден играч ја предаде екипата, мора да си оди во јануари

Жозе Мурињо потврди дека му рекол на еден од неговите играчи во Рома да го напушти клубот поради „непрофесионален однос“. Мурињо на една од своите најбрутални прес-конференции до сега го потврди она за што веќе пишуваат медиумите.

Мурињо не беше расположен синоќа откако неговиот тим одигра само 1-1 против Сасуоло во новото коло од Серија А. По последниот судиски свиреж, бесниот Мурињо не се воздржа во оценката за перформансите на неговата екипа. Всушност, 59-годишниот стретег рече дека еден неименуван играч ги „издал“ своите соиграчи со својот став пред да му каже на тој играч да го напушти клубот во јануари.

„Жал ми е што напорите на тимот беа предадени од ставот на еден непрофесионален играч. Непрофесионалниот однос не е фер кон неговите соиграчи, тоа е она што ме разочарува. Бод на гости се уште не е негативен резултат и јас сум среќен со генералниот однос на мојот тим“, вели „специјалниот“.


Конте: Моите фудбалери се многу уморни

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте по поразот од Нотингем Форест во третото коло од англискиот Лига куп изјави дека е разочаран.

„Секако дека има големо разочарување од резултатот и поразот. Добрата работа за вечерва беше што повторно ги видов Ришарлисон и Кулушевски. Мислам дека се подготвени за Лидс Јунајтед во сабота. Ова е добра вест за нас. Многу е тешко да се каже што не беше во ред, бидејќи посветеноста беше добра. Но, ние го играме нашиот дванаесетти натпревар од 1-ви октомври и да бидам искрен, некои играчи се навистина уморни. Се обидов да ја менаџирам ситуацијата на средината на теренот со Хојбјерг и Бентанкур со делење на полувремињата. Исто така и Хари Кејн, тој утрово изјави дека е подготвен за игра, но беше навистина уморен“, вели Конте.


Марко Ројс го пропушта Мундијалот во Катар

Германскиот фудбалски репрезентативец Марко Ројс поради повреда која ја заработи пред некој период дефинитивно нема да настапува на претстојниот Мундијал во Катар.

Капитенот на Борусија Дортмунд поради повреда не настапуваше и на СП во 2014 година кога Германија стана Светски шампион. Тој исто така го пропушти последното Европско првенство.

Отсуството на Марко Ројс со сигурност ќе биде хендикеп за селекторот Ханси Флик при изборот на фудбалери за нападот во репрезентацијата.


Џејмс загуби надеж, нема да игра на Мундијалот заради повреда

Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс , поради повреда, нема да добие повик од селекторот на Англија, Герет Саутгејт и нема да настапи на Светското фудбалско првенство во Катар од 20 ноември до 18 декември, најавија медиумите на Островот.

Менаџерот на „Три лава“ утре ќе го објави составот во кој ќе го нема 22-годишниот Џејмс кој не можеше навреме да се справи со повредата на десното колено.

Тоа го потврди денеска и менаџерот на Челзи, Греам Потер. Џејмс има 15 натпревари за репрезентацијата на Англија.


Дест, Мекени и Пулишиќ ги предводат Американците на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави за првпат по осум години се враќа на Мундијалите, па селекторот на оваа репрезентација, Грег Берхалтер веќе го стокми списокот од 26 играчи на кои ќе смета на првенството во Катар.

Во последната листа се најдоа и голманот на Арсенал, Мет Тарнер, дефанзивецот на Милан, Сержињо Дест, играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени и Кристијан Пулишиќ од Челзи.

Американците премиерата ќе ја имаат на 21 ноември против Велс.


Нејтан Џонс е нов тренер на Саутемптон

Англиските медиуми ја потврдија веста дека премиерлигашот Саутемптон за нов тренер на екипата го назначи Нејтан Џонс. 

49-годишниот Џонс претходно го водеше тимот на Лутон, а со Саутемптон ќе потпише долгорочен договор. Тој на клупата на англискиот клуб ќе го замени Австриецот Хазенхитл кој беше отпуштен во понеделникот после слабите резултати во оваа сезона.

Саутемптон во моментот го зазема 18.место во Премиер лигата со освоени 12 бода, и се наоѓа во зоната за испаѓање.


Дидие Дешамп го соопшти списокот со фудбалери за Катар

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, го соопшти списокот со 25 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.

Селекторот на Франција која е бранител на титулата од последното СП во Русија, на списокот патници наместо дозволените 26, одбра 25 фудбалери. Поради многубројните повреди со кои се соочува селекцијата на Триколорите, Дешамп во тимот го повика и 36 годишниот напаѓач на Милан , Оливие Жиру. Поради повреди меѓу другите ќе отсуствуваат Пол Погба и Нголо Канте.

Голмани: Уго Лорис (Тотенхем), Алфонс Ареола (Вест Хем), Стив Манданда (Рен).

Одбрана: Дајо Упамекано (Баерн), Рафаел Варан (Манчестер јунајтед), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Ибрахима Конате (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Бенжамен Павар (Бајерн), Жил Кунде (Барселона), Лукас Ернандес (Баерн), Тео Ернандес (Милан).

Среден ред: Јусуф Фофана (Монако), Матео Гендузи (Марсеј), Адријен Рабио (Јувентус), Орељен Чуамени (Реал Мадрид), Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Жордан Верету (Олимпик Марсеј).

Напад: Карим Бензема (Реал Мадрид), Кингсли Коман (Баерн), Усман Дембеле (Барселона), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Ембапе (ПСЖ), Кристофер Нкунку (Лајпциг).


Рис Џејмс го пропушта Светското првенство во Катар

Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда нема да настапи на Светското првенство во Катар.

После разговорот со селекторот на Англија, Гарет Саутгејт, е одлучено дека Џејмс не е доволно опоравен после повредата на коленото која ја доби минатиот месец за време на натпреварот помеѓу Челзи и Милан во ЛШ. Бекот на клубот од Лондон последниов период имаше интензивна рехабилитација во Дубаи, но сепак нема доволно време за целосно закрепнување од повредата. 

Според информациите, 22-годишниот Џејмс е длабоко разочаран од одлуката но во исто време ја разбира ситуацијата во која се наоѓа селекторот Саутгејт.

Англија на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Иран, САД и Велс.