Барселона е најдобра екипа во досегашниот тек на шампионатот во Примера и тоа го потврди и вечерва со доминатна партија против актуелниот првак и лут ривал Реал Мадрид кого го уништи во неговиот дом со 0-4.
Левандовски од 54 до 56 минута постигна два брзи гола за да потоа не реализира два чисти зицери. Потоа му дојде редот на Јамал кој погоди во 77 за да точка во 84 минута стави Рафиња.
Ова за Барселона беше прв триумф над Реал по март 2023 година, триумф со кој отиде на плус шест на табелата во однос на вечерашниот противник.
Венгер не ги разбира правилата при финансискиот фер-плеј
Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, застана на страната на Манчестер сити кој се соочува со 115 обвинувања за кршење на правилата на финансискиот фер-плеј ФФП.
Англискиот шампион е обвинет за кршење на ФФП од 2009 до 2018 година, а се очекува во наредните месеци ќе биде познато што ќе се случи со „граѓаните“.
Венгер, кој имаше големи успеси како менаџер на Арсенал, смета дека правилата во Премиер лигата мора да се сменат.
„Чувствувам дека Премиер лигата мора да го смени правилата за ФФП. Сега имаат силна конкуренција во другите првенства кои ги сменија своите правила. Не можете да верувате дека клуб како Манчестер сити е обвинет за 115 различни работи во фудбалот. Не верувам во тоа. Премиер лигата веќе го загуби првиот случај против Сити. Не сакам да судам. Мислам дека дека 115 обвинување против фудбалски клуб делуваат дека сме во меѓународна администрација“, вели Венгер.
Тој смета дека е крајно време да се направи нешто за промена на правилата.
„Правилата на ФФП треба да се променат и поедностават. Лидерите на Сити пристигнаа и тие не се соочија со правила за ФФП, ниту со нив се соочија челниците на Челзи. Да, Челзи купи играчи од мојот Арсенал, тие купуваа она што го сакаа бидејќи тогаш немаше немаше правила за ФФП “, изјави Венгер.
Лидерот пресилен за Кожуф, Победа во финишот го „скрши“ Новаци
Македонија ЃП и Брегалница остварија нови победи на домашен терен во деветтото коло од Втората фудбалска лига.
„Лавовите“ дома го совладаа Кожуф со 3-0. Алексеј Славков го отвори резултатот, Симеон Христов зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Софијаноски.
Брегалница во Штип го победи Вардар Неготино со 2-0. Арсими дома одигра 0-0 против Скопје, а тоа го искористи Башкими кој со триумфот над Каменица Саса од 2-1 се искачи на третото место на табелата.
Беласица на стадионот „Благој Истатов“ со 1-0 го победи Осогово, a со истиот резултат Победа го совлада Новаци.
Мареска го прозва капитенот Џејмс
Менаџерот на фудбалерите на Челзи , Енцо Мареска, не крие дека не е задоволен од игрите и улогата на теренот на капитенот, Рис Џејмс.
„Очекувам многу повеќе од него од аспект на лидер во соблекувалната. Понекогаш капитените мислат дека ќе добијат нешто повеќе од менаџерите но, според мене, тие треба да даваат повеќе. Кога немате соодветен лидер, мора да го направите, мислам дека ние сме во таква ситуација“, потенцираше Мареска.
Емери: Моја следна цел е да освојам трофеј со Вила
BIRMINGHAM, ENGLAND – DECEMBER 30: Unai Emery head coach of Aston Villa in action during the Premier League match between Aston Villa and Burnley FC at Villa Park on December 30, 2023 in Birmingham, England. (Photo by Neville Williams/Aston Villa FC via Getty Images)
Унаи Емери, изјави дека неговиот сон е да освои трофеј со клубот од Бирмингем, и да ги врати во европските натпреварувања.
Емери ќе дебитира на клупата на Астон Вила на натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“ в недела. Ова ќе биде вторпат за 51-годишниот шпански тренер да работи во Премиер – лигата, откако беше тренер на Арсенал од мај 2018 до ноември 2019 година.
„Мојот сон е да освојам трофеј со Астон Вила. Тоа е мојот предизвик на почетокот. Мојот втор сон и цел е да играм во Европа со тимот”, изјави Емери.
Тој се надева дека тоа искуство може да и помогне на Астон Вила, која нема освоено трофеј од триумфот во Лига купот во 1996 година.
Флорентино одлучил, Лапорт во јануари доаѓа во Мадрид
Флорентино Перез мора во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната. Дани Карвахал поради тешка повреда ја заврши сезоната, а никој во Реал не знае точно да каже кога ќе се врати Давид Алаба. Австриецот не игра од декември минатата година.
Шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез работи на случајот. Според овие извори Реал сака да го врати во Шпанија, Ајмерик Лапорт.
Францускиот Баск, кој има и шпански пасош е фудбалер на Ал Наср. Лапорт шест години беше играч на Атлетик Билбао. Во 2018 година за 65.000.000 евра се пресели во Манчестер сити, а од пред две сезони е играч на Ал Наср.
Стандарден е член на шпанската репрезентација со која летово стана европски шампион.
Најавеното невреме го одложи дуелот Болоња – Милан
Фудбалскиот натпревар меѓу Болоња и Милан кој требаше да се одигра утре е одложен поради поплавите во регионот Емилија Ромања, потврдија денеска челниците на „Серија А.
Одлуката доаѓа откако градоначалникот на Болоња објави дека стадионот – „Ренато Дел’Ара“ не може да биде домаќин поради поплавите во градот иако тој не беше оштетен.
„Ова е необјаснива одлука. Градоначалникот на градот не дозволи натпреварот да се одигра без публика“, вели претседателот на Милан, Паоло Скарони. Од домашниот тим, пак, се согласуваат со одлуката мечот да биде пролонгиран за друг термин.
ПСЖ мора да му ги исплати ветените пари на Мбапе
Заедничкиот одбор за жалби на Француската фудбалска лига повторно му наложи на ПСЖ да плати 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси што ги бара неговата поранешна ѕвезда Килијан Мбапе, што клубот го одби.
Така, овој ќорсокак меѓу ПСЖ и Мбапе продолжува – од една страна играчот одбива да се посредува, а од друга страна, ПСЖ не сака да плати 55 милиони евра иако заедничката жалбена комисија на ЛФП ја наложи исплатата.
Оваа денешна одлука не е обврзувачка за клубот кој чека судска одлука пред надлежниот суд, односно стопанскиот суд. Конфликтот меѓу двете страни изворот го наоѓа во статусот на договорот постигнат во август 2023 година меѓу напаѓачот и раководството на ПСЖ. Правната комисија на ЛФП, која Мбапе ја покани да се вклучи, препорачува посредување минатиот месец, но откако тој одби, веднаш побара од ПСЖ да плати 55 милиони во рок од една недела, на што клубот пожали.
ADVERTISING
Манчини ќе добие „дебела“ обештетување за отказот во Саудиска Арабија
FILE PHOTO: Soccer Football – AFC Asian Cup – Group F – Kyrgyzstan v Saudi Arabia – Ahmad bin Ali Stadium, Al Rayyan, Qatar – January 21, 2024 Saudi Arabia coach Roberto Mancini reacts REUTERS/Ibraheem Al Omari/File Photo
Роберто Манчини и Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија наводно преговараат за раскин на неговиот договор, пренесува Riyadh TV, и се чини дека ова може да стане најскапиот отказ во светскиот фудбал.
Италијанскиот стручњак го презеде водството на саудиската репрезентација во август 2023 година, постигнувајќи седум победи, пет нерешени и шест порази на 18 натпревари.
Иако Манчини имаше поддршка од клучните фигури на саудискиот фудбал по поразот од Јапонија (0-2) на 10 октомври во квалификациите за Светското првенство, ситуацијата драстично се влоши пет дена подоцна, кога на домашен терен имаше реми против Бахреин. (0:0). Овој резултат предизвика дискусии меѓу навивачите на стадионот поради незадоволството од лошата игра.
Според „Кориере дела сера“, Манчини како селектор на Саудиска Арабија добива 30 милиони евра годишно, а неговиот договор е со важност до летото 2027 година.
Од друга страна, британски Мирор пренесува дека е постигнат договор за взаемно раскинување на договорот, а според овој аранжман, Манчини би можел да добие околу 70 милиони евра отпремнина, што би претставувало најголема отпремнина некогаш исплатена на фудбалски тренер.
Ливерпул во јануари ќе го позајми Федерико Киеза?
Федерико Киеза по само неколку месеци престој во редовите на Ливерпул веќе се поврзува со заминување од клубот и можно враќање во Серија А.
Според Calciomercato, Ливерпул би можел да го испрати Федерико Киеза на позајмица во јануари за да може да ја врати формата и самодовербата. Тој се бореше за минутажа од неговото доаѓање во Англија. 26-годишниот играч сè уште работи на целосна кондиција, и му требаат повеќе првотимски настапи во наредните месеци.
Милан, Рома и Интер се поврзуваат како потенцијални дестинации за играчот.