фудбал

Хакими и Лукман фаворити за африкански фудбалер на годината

Официјално се објавени номинациите за најдобриот африкански фудбалер за минатата година кои предизвикаа голема бура во јавноста.

Имено на листата од десет номинирани фудбалери не се наоѓаат имиња како Мохамед Салах, Виктор Бонифејс, Брахим Диаз, Николас Џексон и Мохамед Кудус. Наместо нив во потесниот круг фудбалери влегоа Амин Гуири, Едмонд Тапсоба, Симон Адингра, Ашраф Хакими, Адемола Лукман и други.

Навивачите бурно реагираа на номинациите во кои ги нема Мохамед Салах и Брахим Диаз кои имаа одлична сезона со Ливерпул и Реал Мадрид.


Мурињо: Фенер беше подобар ривал од Јунајтед

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо даде своја анализа за настапот на тимот во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лига Европа со Манчестер Јунајтед (1-1).

„Знам дека англиските медиуми ќе кажат дека Манчестер Јунајтед не играше многу добро, но мислам дека би било фер да се каже дека одигравме извонреден натпревар и бевме подобри од нив. Ова е добар резултат за Манчестер Јунајтед. Тие освоија бод против нас, а не ние против нив. Игравме неверојатно“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 22. место на табелата во Лига Европа со три бода. Фенербаче е на 14. место со пет бода.


Неславен крај: Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Роберто Манчини ја напушти функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, соопшти локалната федерација. Италијанецот, кој со својата земја стана европски шампион во 2021 година, го раскина договорот по заедничка согласност.

Поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити не успеа да ја одведе Саудиска Арабија до трофејот во Купот на Азија, откако беше елиминиран во осминафиналето. Неговите постапки за време на натпреварот во Катар предизвикаа скандал откако тој го напушти теренот пред последниот пенал на неговиот тим против Република Кореја.

Манчини беше назначен на оваа функција во август 2023 година, откако се откажа од италијанската репрезентација неколку недели порано.


Реал и Барса мора да се откажат, Халанд пред нов договор со Сити

Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.

Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе некое време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека немаат решение.

Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.

Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш во дресот на тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.


Пресметка на турските и англиските хулигани пред мечот Фенер – Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед беа нападнати од група ултраси на Фенербахче во средата вечерта пред пресметката на двете екипи во Лига Европа во Истанбул.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу поддржувачите на двете екипи.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени вечерва во Турција да се соочат со тимот на Жозе Мурињо.

Сепак, навивачите тврдат дека биле нападнати од околу 50 луѓе. Снимката споделена на Твитер со натпис „Ова е Истанбул“ покажа дека има тензија.

Според симпатизерите на Англија, пет од нив биле нападнати од 50 домашни навивачи.


Слот руши рекорди, Холанѓанецот има подобар старт дури и од Клоп!

Извонредно достигнување забележа тренерот на Ливерпул. Арне Слот го направи најдобриот старт од кој било менаџер во Премиер лигата.

Вчерашната победа над РБ Лајпциг (0-1) во Лигата на шампионите беше единаесетта за Холанѓанецот во првите дванаесет натпревари на чело на тимот од „Енфилд“.

Арне Слот сега е првиот менаџер во историјата на англиската врвна лига кој победил на 11 од првите 12 натпревари во сите натпреварувања.


Гудмунсон се повреди, Фиорентина подолг период без Исланѓанецот

Фиорентина потврди дека Aлберт Гудмундсон, оди на подолга принудна пауза.

Гудмундсон се пожали на повреда по убедливата победа над Лече, а дури денеска му биле направени деталните прегледи.

Лекарскиот тим на „виолетовите“ морал да почека неколку дена за да бидат направени потребните снимања, а на крајот е потврдена мускулна повреда и пауза која ќе трае меѓу четири и шест недели.

Гудмундсон добро се адаптираше во новата средина и постигна три гола на пет натпревари во дресот на „виолетовите“.


Пеп има нов пик за замена за повредениот Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.

Родри е надвор од терените поради повреда и Гвардиола сака да доведе негова замена, а најголема желба е ѕвездата на Милан, Тижани Рејндерс.

Рејндерс игра фантастично во дресот на Милан и се промовираше во лидер на холандската репрезентација, па Гвардиола смета дека ќе биде идеален за неговиот стил на игра.

Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда, но Сити е спремен да понуди 60 милиони фунти.


Брајан Ример именуван за нов селектор на Данска

Брајан Ример кој има 46 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Данска, потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Ример на клупата на националниот тим ќе го замени Каспер Хјумланд кој си замина од функцијата по Европското првенство, привремено репрезентацијата ја водеше Мортен Веигорст.

Новиот селектор на Данска ќе дебитира на 15 ноември против Шпанија во Лигата на Нации, додека три дена подоцна ќе гостува на Србија во Лесковац.

Зад Ример е солидно тренерско искуство. Дури девет години работеше во Копенхаген како асистент и како тренер на младинците, потоа самостојно го водеше Андерлехт каде што се задржа две сезони. Клубот го напушти на 19 септември кога доби отказ.


Македонија 69-та на најновата ФИФА ранг листа

Нашата најдобра фудбалска репрезентација прогресираше за три места во последното рангирање на ФИФА.

Тоа се должи на гостинските победи против Летонија и Ерменија во рамките на Лигата на нации. Македонија која има 1.Ма361 бод, во ноември ја очекуваат последните два меча во Лигата на Нации и тоа на домашен терен со Летонија и Фарски Острови.

На врвот, Аргентина останува лидер пред Франција и Шпанија. Во топ 10 се сместени и селекциите на : Англија, Бразил, Белгија, Португалија Холандија Италија и Колумбија.