фудбал

Артета загрижен од повредата на Калафиори против Шахтјор

Арсенал го победи Шахтјор со 1-0 во третото коло во Лигата на шампионите. „Топџиите“ славеа со автоголот на Рижик во 29.минута, a во 77. пенал не реализира Тросар.

Арсенал не блескаше против шампионот на Украина, но за Артета најважни се трите бода. Шпанскиот стратег повеќе од просечната игра е загрижен за повредата на Рикардо Калафиори. Италијанскиот дефанзивец во 72.минута мораше да го напушти теренот.

„Во моментов немам точни информации за што се работи, но сигурно не изгледа добро. Чувствуваше болка во коленото, се обидуваше да игра, но не можеше. Ќе видиме по деталните лекарски прегледи за каква повреда се работи“, изјави Артета.

Калафиори е неизвесен за дербито со Ливерпул во нeдела.


Перин потпиша нов договор со Јуве

Јувентус го потврди потпишувањето на нов договор со својот голман Матија Перин.

Договорот со 31-годишниот Италијанец беше продолжен до летото 2027 година.

Претходниот договор на Перин со Јуве истекуваше во летото 2025 година.

Во тековната сезона, Матија Перин одигра три натпревари за Јувентус, на кои прими еден гол, а двапати ја зачува својата мрежа празна.


Флик: Никогаш сум немал играч како Рафиња во моите тимови

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали Рафиња по синоќешната победа над Баерн (4:1) во натпреварот од 3. коло од главната фаза во Лигата на шампионите.

Најзаслужен за победата на Каталонците беше Рафиња кој постигна хет-трик.

„Ниту еден од моите претходни тимови немаше играч како Рафиња. Тој дава се од себе на теренот. Целосно се посветува на играта. Тој е многу добар со и без топка, секогаш почнува да притиска и ги завршува нашите шанси“, изјави Флик.

Барселона со шест бода се искачи на 10. место во поредокот во Лигата на шампионите. Баерн е на 23. место со три бода.


Тер Штеген задоволен како се одвива рекуперацијата на повредата на коленото

Голманот на фудбалскиот состав Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се надева дека ќе се опорави од повредата на коленото и ќе се врати на терените до крајот на годинава.

Чуварот на мрежата на селекцијата на Германија, мораше да оди на операција откако во септември заработи потешка повреда.

„Многу е значајно како оди првата фаза од рехабилитацијата. Физиотерапевтите треба да ја завршат работата“, потенцираше голманот на Каталонците.


Сити на Пеп со апсолутен рекорд – 25 натпревари без пораз во ЛШ

Манчестер Сити го собори рекордот во Лигата на шампионите за најмногу натпревари без пораз. Избраниците на Пеп Гвардиола ја совладаа Спарта на домашен терен со 5-0 во третото коло од главната фаза на турнирот.

Сити ја продолжи серијата без пораз во регуларно време во Лигата на шампионите на 26 натпревари. Досегашниот рекорд го држеше градскиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, кој меѓу септември 2007 и мај 2009 година, имаше 25 натпревари без пораз во Лигата на шампионите.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити на 5 ноември гостува кај Спортинг.


Вторпат Македонец е МВП на натпревар од Лигата на шампионите

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски, синоќа со две асистенции му помогна на својот Динамо Загреб да слави на гостувањето кај Салцбург во 3 коло од Лигата на шампионите. По мечот, нашиот интернационалец беше прогласен и за играч на натпреварот.

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслуживме да победиме. убава атмосфера, страст за игра. Сакавме да победиме вечерва, имавме голема желба. Го исполнивме она што се договоривме и ги спречивме нивните контри и игравме одлична игра“, изјавил десниот бек на хрватскиот шампион.

Претходно МВП признание од македонските фудбалери има Аријан Адеми.


Пеп се согласил на нов договор со Манчестер Сити

Пеп Гвардиола, чиј договор со Манчестер сити истекува на крајот од сезоната, како што тврди „Атлетик“ ќе потпише нов договор со клубот. Како што пренесува Дејвид Орнштајн, Гвардиола ќе се согласи да го продолжи договорот на уште една година и евентуално да си замине летото 2026 година пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Пеп веќе подолго време зборува за тоа како не донел конечна одлука, а шпекулациите за неговата иднина со месеци се тема на островските медиуми.

Последниот договор меѓу Гвардиола и Манчестер сити беше потпишан во ноември 2022 година, а во последните недели темата повторно стана актуелна поради официјалната потврда за заминувањето на спортскиот директор Чики Бегиристајн.

Тој му беше важен соработник на трофејниот тренер на тимот од Етихад, со кој претходно успешно соработуваше во Барселона.


Рафиња го уништи Баерн, голема гостинска победа за Динамо

Барселона во дербито на колото го декласира Баерн, а Лил на „Метрополитано“ го шокира Атлетико. Победи вечерва забележаа Манчестер сити, Динамо Загреб, Феенорд, Ливерпул и Интер.

Атлетико . – Лил 1-3 (1-0)
/Алварез 8 – Жегрова 61, Давид 74пен, 89/

Барселона – Баерн 4-1 (3-1)
/Рафиња 1, 45, 56, Левандовски 36 – Кејн 18/

Бенфика – Феенорд 1-2 (0-2)
/Актуркоглу 66 – Уеда 12, Миламбо 33/

Манчестер сити – Спарта Прага 5-0 (1-0)
/Фоден 3, Халанд 58, 68, Стоунс 64, Нунес 88/

Салцбург – Динамо Загреб 0-2 (0-0)
/Куленовиќ 49, Петковиќ 84/

Јанг Бојс – Интер 0-1 (0-0)
/Турам 90+3/

РБ Лајпциг – Ливерпул 0-1 (0-1)
/Нуњез 27/


Нов пех за Анчелоти, без првиот голман во „Ел Класико“

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените 2-3 недели поради повреда. Тоа значи дека голманот на Реал Мадрид ќе го пропушти Ел Класико

Претходно се дозна дека белгискиот голман има повреда на адукторниот мускул на левата надколеница.

Според новинарот Марио Кортегана, Куртоа нема да може да учествува на натпреварот против Барселона и ќе паузира 2-3 недели.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во рамките на 11. коло во Ла Лига ќе се одигра на 26 октомври (сабота) со почеток од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.


Босна го декласира Работнички среде Скопје

Екипата на Работнички претрпе тежок пораз вечерва на домашен терен од Босна со 99-74.

Ова беше натпревар од 3. коло во АБА 2 регионалната кошаркарска лига убедливи 74-99. Полутак со 27 и Шошкиќ со 13 поени беа најефикасните во македонскиот тим. Ковачевиќ со 19 и Гутиќ со 18 поени се истакнаа во гостинскиот состав.

Работнички е последен во Б-групата со три порази на исто толку натпревари.