фудбал

Чави фаворит за местото селектор на Катар?

Чави Хернандез наскоро може да се пресели назад на Блискиот Исток.Чави беше главен тренер на Ал-Сад пред да ја преземе Барселона во 2021 година, и враќањето во Катар изгледа е на пат.

Според локалниот весник „Ал Раја“, тој преговара за можен ангажман како следен тренер на националниот тим.

Тинтин Маркез, кој исто така е од Барселона, е актуелен главен тренер на националниот тим на Катар, иако се известува дека е под притисок. Ако биде ослободен од своите должности, Чави би бил во добра позиција да го наследи.

Чави вети дека ќе земе година пауза по неговото заминување од Барселона, иако изгледа дека враќањето на менаџерската позиција би можело да се случи порано отколку што се очекуваше.


Голема победа на Силекс во Струга, нов „потоп“ на Вардар

Екипата на Силекс го совлада актуелниот шампион, Струга Трим Љум со 1-4 (0-0) на гостувањето во дуел од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Екипата на Вардар остана претпоследен на табелата откако го загуби натпреварот со Беса во Добридол со 2-1.

Есати во првиот дел ги доведе домаќините во водство кое беше актуелно се до 73. минута кога Омерагиќ погоди за изедначување. Сепак, Фетаи само четири минути подоцна го постигна победничкиот гол за Беса.

Резултати – 10. коло:
Брера – Воска 1-1
Беса – Вардар 2-1
Пелистер – Шкупи 0-0
Работнички – Гостивар 1-0
Струга – Силекс – 1-4
Тиквеш – Шкендија 0-0


ФФМ најави изградна на западната трибина на „Билјанини извори“ во Охрид

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид. На средбата во Охрид присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на Управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски, кои остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи осум скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди.

Покрај инвестициите на ФФМ, со овој договор Општина Охрид се обврзува да ги изгради и двете трибини зад головите, како и осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен спортски објект спремен за одржување на меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на македонската А репрезентација. Со овој проект Охрид ќе стане значаен центар на фудбалот и со меѓународна спортска инфраструктура.


Два премиерлигши го сакаат Шешко од РБ Лајпциг

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, но тој одличи да остане во Германија.

Силен интерес за него покажуваа неколку гиганти од Премиер лигата, но Шешко ги разочара и стави потпис на нов договор.

И покрај тоа Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул ги следат неговите настапи и не се откажуваат да го доведат во своите редови.

Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари повторно ќе испратат нови понуди за словенскиот репрезентативец.


Влаховиќ е најплатен фудбалер во Серија А

Напаѓачот од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ е најплатен во италијанската Серија А, објави „Кориере дело Спорт“.

Играчот на Јувентус има плата од 12 милиони евра по сезона и со тоа е убедливо на првото место по заработка.

Зад голгетерот на „старата дама“ се наоѓаат фудбалерите од редовите на Интер, Лаутаро Мартинез и Николо Барела.


Џовани Симеоне: Конте е ист како мојот татко!

Фудбалерот на Наполи Џовани Симеоне доби задача од новинарите да ги спореди Антонио Конте и неговиот татко Диего Симеоне.

Напаѓачот не криеше дека помеѓу Конте и Диего постојат големи сличности.

„Тренерот е 100% посветен на Наполи, полн со концентрација. Тој навистина ме потсетува на мојот татко Диего. Ја има таа страст за фудбалот во неговата глава, гледа, чувствува сè, и сè доаѓа од неговото искуство и гледање натпревари со часови. Така знаеш кога да напаѓаш, кога да се браниш, тоа се квалитети на големите тренери“, изјави младиот Симеоне.

Диего Симеоне долги години е на клупата на Атлетико Мадрид, додека неговиот син поради Ромелу Лукаку има ограничена минутажа. Сепак, за својот соиграч има само пофални зборови.

„Импресиониран сум од Лукаку како личност. Тој е многу интелигентен и одличен соиграч, им помага на другите. Тоа го става во позиција на лидер, покрај тоа што е одличен играч”, изјави Симеоне.

Наполи во овој момент е лидер на табелата во Серија А со 16 освоени бодови од седум натпревари.


Барса одбила огромна понуда за Ламин Јамал

„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во гостувањето во подкастот на клубот.

Неговата изјава ја пренесе Фабрицио Романо, кој додаде дека се работи за понуда од Пари Сен Жермен која пристигнала уште пред официјалното отворање на годинешниот летен преоден рок.

„Која треба да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот, токму сега?“, додаде Лапорта за 17-годишниот скапоцен камен кој минатата сезона стана стандарден првотимец за Барса, се истакна на Европското првенство и беше еден од најзаслужните што Шпанија стана европски шампион.


Зиркзе експресно заминува од „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед донесе неколку големи засилувања пред сезоната, Лени Јоро беше платен 62 милиони, Мануел Угарте 50, Матиас Де Лихт 45, Зиркзе 42,5, а многу поевтин беше Нусер Мазрауи, кој беше платен „само“ 15 милиони евра.

Од Зиркзе се очекуваше многу, Холанѓанецот требаше да ја подобри ефикасноста, а челниците на Јунајтед го гледаа како машина за голови. Но, реалноста е сосема поинаква.

Манчестер е само 14-ти на табелата во Премиер лигата, со само осум бода од седум кола, со само пет постигнати голови. Еден од тие петте гола беше дело на Зиркзе, премалку за вложените пари.

Холанѓанецот играше на секој од тие седум натпревари, но на ниту еден не беше на теренот од почеток до крај. А веќе се појавија информации дека Зиркзе ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.


Јунајтед заинтересиран за Артуркоглу од Бенфика

На Манчестер Јунајтед и оваа сезона не му оди, па клубот веќе прави одредена листа на желби со фудбалери кои ќе се обиде да ги доведе во летниот преоден рок.

Клубот прави промени околу работењето и балансирањето на буџетот, а последниот потег со отказот на Сер Алекс Фергусон предизвика бурни реакции. Сепак, мораат да почнат и да доведуваат засилувања кои ќе го покажат она за што се доведени.

Според последните информации клубот од „Олд Трафорд“ е заинтересиран за Керем Актуркоглу од Бенфика и веќе испратиле скаути да ги следат неговите настапи. Летово Актуркуоглу пристигна во Бенфика од Галатасарај и продолжи да тресе мрежи. Сезонава има учинок од шест гола и пет асистенции.

Најавите се дека Бенфика не би го пуштила да замине за сума помала од 50 милиони евра. Договорот кој го има со португалскиот гигант е со важност до 2029 година.


Јуве го носи Анте Будимир во јануари?

Хрватскиот напаѓач Анте Будимир се најде на радарот на Јувентус, кој бара партнер за Душан Влаховиќ во нападот.

34-годишниот напаѓач игра во фантастична форма во Осасуна и може да направи трансфер во италијанскиот гигант.

Будимир веќе има искуство во Италија каде беше Кротоне (83 настапи, 27 гола, шест асистенции) и Сампдорија (14 натпревари, 1 гол). Во кариерата настапуваше и за Интер од Запрешиќ, Мајорка, Локомотив и Ст. Паули.

Планот на Јувентус наводно е Будимир да игра во тандем со Душан Влаховиќ, но и да биде алтернатива за Србинот.