Петраков доби отказ по поразот од Македонија во Ереван
Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Олександр Петраков ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на тамошната фудбалска федерација.
67-годишниот Украинец е отпуштен по вчерашниот пораз (0-2) од македонската репрезентација во 4. коло од Лигата на нации.
Петраков ја водеше ерменската репрезентација од јануари 2023 година. Ерменците ги загубија шансите за првото место во групата 4 од Лигата Ц.
Во следниот натпревар Ерменија ќе се сретне со Фарски Острови на 14 ноември.
Најавено ново лансирање на фудбалската Суперлига?
Стартот на новата фудбалска Суперлига веројатно ќе биде во септември 2025 година, објавува весникот “АС”.
Во април 2021 година, 12 клуба (Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Челзи, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал) го објавија создавањето на новото натпреварување, но по заканите за санкции од УЕФА, проектот беше стопиран.
Во декември 2023 година, Судот на Европската унија застана на страната на Суперлигата во спорот со УЕФА и ФИФА и му дозволи на турнирот да започне без да мора да добие дозвола од други организации.
Се очекува 64 клуба да учествуваат во еквивалентот на сегашната Лига на шампионите.
Сане се предомисли и ќе го продолжи договорот со Баерн
Раководството на Баерн Минхен можно е да му го продолжи договорот Лирој Сане пишуваат германските медиуми.
Актуелниот договор на 28-годишниот германски репрезентативец истекува ова лето.
Преговорите меѓу двете страни се запрени во последните неколку недели, но ќе продолжат, според информациите од Германија.
Во овој момент, приоритет за Баварците се Џамал Мусијала и Џошуа Кимих. Ситуацијата не го загрижува Сане, кој не планира трансфер во зимскиот преоден рок.
Лирој Сане дојде во Баерн Минхен во летото 2020 година од Манчестер сити за 49 милиони евра. Има одиграно 179 натпревари за Баерн, постигнувајќи 49 гола и забележувајќи 50 асистенции.
Трета генерација Малдини заигра за италијанската репрезентација
Вчера беше отворена нова страница во историјата на италијанската фудбалска репрезентација, откако трета генерација од едно семејство играше за националниот тим.
23-годишниот Даниел Малдини, син на Паоло и внук на легендарниот и починат Чезаре, дебитираше за тимот во синоќешната победа од 4:1 над Израел во Лигата на нации. Напаѓачот на Монца се појави на теренот на стадионот Фриули во Удине во 73. минута.
Неговиот татко Паоло, кој има 126 натпревари за Италија и ја носеше капитенската лента, и неговата мајка Адријана беа на трибините за да го поддржат. Неговиот дедо Чезаре, во славната кариера вклучува 14 настапи за Италија како фудбалер и 2 години како селектор, почина пред 8 години кога Даниел веќе блескаше во школата на Милан.
„Ова деби го посветувам на моето семејство, пријателите и сите кои ме сакаат. Се надевам дека ќе донесам поголем квалитет во тимот, иако има многу работа пред мене. Сакам да помогнам колку што можам“, изјави по натпреварот Даниел Малдини.
Всушност, од познатото семејство, неговиот татко дебитирал за Италија како најмлад – само 19 години во 1988 година. Неговиот дедо имал 28 години кога го облекол дресот на репрезентацијата во 60-тите години од минатиот век.
Алаба размислува за крај на кариерата?
Австрискиот фудбачер Давид Алаба има тешка повреда на предните вкрстени лигаменти, повреда која би можела и предвреме да му ја заврши неговата богата карирата, открива шпанскиот медиум „Онда Серо“.
Алаба се очекуваше да се врати на терените овој месец, но рехабилитацијата не се одвива во најдобар можен ред.
„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, објави овој медиум.
Џенова го сака Балотели, Италијанецот пред кам-бек во Серија А
Напаѓачот, Марио Балотели, може да се пресели во екипата на Џенова, најавуваат денес дел од медиумите на „Чизмата“.
34-годишниот фудбалер кој во текот на летото ја напушти турската Адана уште е во потрага по нов клуб.
Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер на времето играше во Серија „А“ во екипите на Интер и Милан или градските ривали. Балотели на трансфер-пазарот вреди околу 600.000 евра.
Јуве го враќа Ругани по повредата на Бремер
Фудбалерот на Ајакс, Даниеле Ругани, кој игра како позајмен од Јувентус, може да се врати кај „старата дама“ во текот на зимскиот период.
Тимот од Италија остана без повредениот Бремер, по што челниците размислуваат да го вратат 30 годишниот играч кој е моментално на позајмица во холандскиот гигант.
Во истовреме, агентот задолжен за трансфери на Ругани, изјави дека неговиот клиент најверојатно нема да прифати да се врати во Серија А.
Мартинели, Одегард, Саха – големи проблеми со повредите за Арсенал
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, доби лоши вести додека траат активностите на репрезентациите.
Откако стана јасно дека напаѓачот, Букајо Сака, се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, денеска пристигна веста дека и Габриел Мартинели, се соочува со болки во десната потколеница.
Играчот на „топчиите“ кој деновиве ги поминува со репрезентацијата на Бразил, веројатно ќе мора да паузира извесен период. Познато е дека и капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, уште во септември заработи повреда додека беше дел од селекцијата на Норвешка и дека ќе мора да паузира до крајот на ноември или почетокот на декември.
Јуве го враќа Ругани по повредата на Бремер
Фудбалерот на Ајакс, Даниеле Ругани, кој игра како позајмен од Јувентус, може да се врати кај „старата дама“ во текот на зимскиот период.
Тимот од Италија остана без повредениот Бремер, по што челниците размислуваат да го вратат 30 годишниот играч кој е моментално на позајмица во холандскиот гигант.
Во истовреме, агентот задолжен за трансфери на Ругани, изјави дека неговиот клиент најверојатно нема да прифати да се врати во Серија А
Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони евра.
Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“ и размислува да ја промени средината.
Германецот има договор со 2025 година и влезе во последната година од договорот, па на лето може да замине како слободен агент.
Ситуацијата будно ја следат неколку европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат Барселона и Арсенал кои веќе стапиле во контакт со агентот на Германецот.