фудбал

Њукасл спремен да понуди огромна сума за Лаутаро

Њукасл Јунајтед наводно конечно е спремен да потроши голема сума за еден трансфер, а како што пишуваат италијанските медиуми, нивна цел во летото следната година е аргентинскиот напаѓач на Интер Лаутаро Мартинез.

Њукасл Јунајтед стана најбогатиот тим на светот откако минатата година беше преземен од конзорциум од Саудиска Арабија, а тимот полека се движи кон врвот на англискиот фудбал.

„Страчките“ веќе донесоа неколку познати имиња. Најмногу пари одвоија за шведскиот напаѓач Александар Исак, дури 70 милиони евра, а следниот трансфер може да ги сруши сите рекорди. Италијанските медиуми тврдат дека на мета на англискиот клуб е аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и дека тимот од „Ст. Џејмс Парк“ прави се за да го доведе во своите редови.


Боб Мартинез безрезервно верува во Еден Азар

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, верува во квалитетите на Еден Азар и е убеден дека крилниот напаѓач може многу да им помогне на „црвените ѓаволи“ на претстојното Светско првенство во Катар.

„Последните две години беа предизвик за Азар. Тој имаше болки на ЕП, но во неколку наврати успеа да и помогне на тимот. Мислам на тие 60 минути против Португалија. Не треба да го потценуваме она што може да го направи кога е здрав и фит“, изјави Мартинез.

31-годишниот играч сè уште може да настапи на четири натпревари за „кралевите“ пред почетокот на Светското првенство и ќе се надева дека тоа ќе биде во добра форма за почетокот на големиот форум.


Атлетико одбил сто милиони евра за Жоао Феликс

Атлетико Мадрид ова лето одбил понуда од Баерн Минхен тешка 100 милиони евра за Жоао Феликс.

Феликс пристигна во Атлетико во 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.

Ова лето Симеоне ја одбил богата понуда бидејќи верува во Португалецот и смета дека е еден од клучните фудбалери во тимот. Меѓутоа, оваа сезона не почна добро за Феликс, кој често е на клупата за резерви, па сака во јануари да ја промени средината.


Кифор од Специја на радарот на големите италијански клубови

Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор игра одлично и го привлече вниманието на Милан и Јувентус.

22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А и покажа дека е огромен потенцијал. Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Јувентус.

Според медиумите „росонерите“ се во пол-позиција за полскиот дефанзивец, но Јувентус исто така работи на трансферот.

Специја за слободата на Кифор бара 30 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.


И Барселона е заинтересирана за Гимараеш од Њукасл

Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за доведување на играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.

Според плановите на каталонскиот клуб, Гимараеш би можел да биде замената за Серхио Бускетс кој на крајот од сезоната ќе го напушти тимот.

Бразилскиот фудбалер е член на Њукасл од јануари 2022 година кога за 40 милиони фунти пристигна од Лион. Гимараеш досега во црно-белиот дрес одигра 27 натпревари и постигна седум голови и три асистенции.


Милинковиќ Савиќ ќе го пропушти римското дерби заради акумулација на картони

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е крајно изнервиран поради жолтиот картон кој го доби Милинковиќ-Савиќ на вечрашниот меч со Салернитана. Србинот ќе мора да го прескокне големо градско дерби против Рома.

„Имавме контрола на мечот се до израмнувачкиот гол. Тогаш го загубивме целиот наш баланс. Тоа на Милинковиќ Савиќ не беше ниту фаул. Во 50 години фудбал никогаш не сум видел таков жолт картон да добие тимот кој напаѓа“, вели Сари.


Ветеранот Пепе неизвесен за Светското првенство

Искусниот 39-годишен дефанзивец Пепе е неизвесен за настап на Мундијалот бидејќи има проблеми со повреда на коленото. Последен пат на теренот Пепе беше против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, натпревар во кој одигра четири минути.

После натпреварот стратегот на Порто, Серџо Консесиao изјави дека не знае дали ќе може да смета на Пепе уште неколку недели.

„Нашиот медицински персонал ќе направи се што е можно. Дали ќе бидат потребни денови или недели ќе видиме“, изјави тренерот на португалскиот гигант.


Кеси сака да ја напушти Барселона бидејќи е незадоволен од минутажата

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Френк Кеси, сака да го напушти каталонскиот клуб веќе во јануари, бидејќи е незадоволен од добиената минутажа во екипата од Камп Ноу.

Кеси во Барселона пристигна ова лето како слободен играч после неговиот настап во Милан, и со клубот потпиша четиригодишен договор. Неговото обештетување за напуштање на Барселона изнесува 500 милиони евра.

Според изданието Калчомеркато, Кеси веќе побарал поголема минутажа од тренерот на Барса, Чави, и се заканил со напуштање на клубот во јануари. Кеси оваа сезона за Барселона одигра само 12 натпревари и најчесто е резервен играч на тимот.


Атлетико Мадрид ќе му понуди нов договор на Симеоне

Според вестите од шпанските медиуми, Диего Симеоне ќе добие нов договор од Атлетико Мадрид. На аргентинскиот тренер ќе му биде понуден договор со важност до 2026.година, и се очекува тој да го прифати истиот без двоумење.

Симеоне неколку пати претходно изјави дека сака да остане во Атлетико додека не ја освои Лигата на шампионите. Постоеја шпекулации дека поради лошите резултати на клубот,челниците на Атлетико би можеле да се одлучат за разделба со популарниот Чоло, меѓутоа е одлучено да му се продолжи довербата. Тимот од Мадрид во актуелната сезона веќе испадна од Лигата на шампиони, а во Ла Лига има големо заостанување во однос на Реал и Барса.


Анчелоти го сака Габриел Жесус во Мадрид

Реал Мадрид подготвува нова понуда за напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус. Бразилскиот голгетер и ова лето беше на радарот на Шпанците, но зделката пропадна поради проблемите со пасошот на напаѓачот.

Според веб-страницата „Гол“, Хесус се најде на списокот од пет играчи кои Карло Анчелоти ги бара да бидат доведени во Мадрид. Тренерот на Реал бара долгорочна замена за Карим Бензема.

25-годишниот Жесус се пресели во Арсенал, каде досега на 11 натпревари во Премиер лигата постигна 5 гола и даде 4 асистенции и малку веројатно е дека уште по една сезона ќе си замине од Емирати.