фудбал

Шпанското обвинителство ги повлече тужбите против Нејмар

Шпанското обвинителство реши да ги повлече сите обвиненија за корупција и измама против Бразилецот Нејмар, на судењето кое се води во Барселона поради наводни незаконски постапки при трансферот на фудбалерот од Сантос во Барселона во 2013.година.

Обвинителството првично бараше казна затвор од две години и парична казна од 10 милиони евра за напаѓачот на Париз Сен Жермен.

Во случајот беа обвинети и родителите на Нејмар, двајцата поранешни претседатели на Барселона Сандро Росел и Жозеп Бартомеу, како и претседателот на бразилскиот клуб Сантос.


Иниеста сонува враќање во Барселона како спортски директор

Поранешниот играч на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека би сакал да се врати во каталонскиот клуб како спортски директор или тренер.     

Во моментов 38-годишниот играч од средниот ред настапува за јапонскиот клуб Висел Кобе. 

„Мојата фаза како играч на Барселона е веќе завршена. Ќе биде невозможно да се натпреварувам со играчите таму, тие се млади и физички силни. Сакам да се вратам во Барселона како тренер или спортски директор, но прво треба да учам во различни области, а потоа ќе видиме, изјави Иниеста за „Барса Универзал“. 

Иниеста играше за Барселона од 2002 до 2018 година. Како дел од тимот го освои шпанското првенство девет пати, Купот на Шпанија шест пати и Лигата на шампионите четири пати.


Eдсон Алварез од Ајакс се сели во Челзи во јануари

Челзи планира во следниот период да го ангажира Едсон Алварез од Ајакс, кој треба да го замени Жоржињо бидејќи италијанскиот репрезентативец следното лето ќе си замине од тимот.

Алварез е на листата со желби на Челзи, чиј газда Тод Боели наскоро ќе направи конечна одлука за тоа кој е идеално решение за средината на премиерлигашот.

Челси се соочува со сериозни проблеми сезонава во средниот ред затоа што Жоржињо не игра во добар ритам, а исто така тренерот Грам Потер не може да смета на Н’Голо Канте кој е повреден.


Од Челзи задоволни од Ковачиќ, Хрватот ќе добие нов договор

Фудбалерот на Челзи, Матеo Ковачиќ, ведна по Мундијалот во Катар ќе добие понуда да ја продолжи соработката со „сините“.

Неговиот договор истекува за нешто повеќе од 18 месеци а линдончани планираат да го задржат за подолг период. На „Стемфорд Бриџ“ го гледаат Ковачиќ како играч кој е клучен за иднината на клубот.

Тој беше купен од  Реал Мадрид во 2018 година за 45 милиони евра. За Челзи има одиграно 197 мечеви со ефект од 5 голови и 14 асистенции.


Халилхоџиќ е кандидат за нов тренер на Бешикташ

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентацијата на Мароко, Вахид Халилхоџиќ е кандидат за нов тренер на турскиот клуб Бешикташ.

Халилхоџиќ во август доби отказ од селекторското место во Мароко поради конфликт со фудбалерот Хаким Зијеш. Босанскиот тренер претходно успеа со Мароко да се пласира на Мундијалот во Катар.

Бешикташ оваа недела го смени тренерот Исмаел кој го водеше клубот 18 натпревари.


Јирген Клоп казнет од ФА со 30 илјади фунти

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е казнет од Англиската Фудбалска Федерација со 30 илјади фунти, поради несоодветно однесување и исклучувањето на натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Сити.  

Клоп можеше да добие и забрана на водење еден натпревар на својот тим, но од федерацијата се одлучија само за парична казна. Германскиот тренер на средбата со Манчестер Сити имаше вербален конфликт со линискиот судија откако не беше досуден прекршок над Мохамед Салах.

Следен натпревар на Ливерпул во Премиер лигата е на домашен терен против Лидс Јунајтед.


Жозе Мурињо стана тренер со најмногу европски победи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја забележа својата 107-ма победа во европските клупски натпреварувања, откако неговата Рома во Лига Европа го совлада финскиот Хелсинки со 1:2.

Со овај триумф, Португалецот го надмина легендарниот Сер Алекс Фергусон и стана тренер со најмногу победи во европските натпреварувања.

Жозе Мурињо освен актуелниот клуб Рома, претходно беше тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.


Тен Хаг после враќањето на Роналдо: Ова беше негова награда

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, даде свој коментар за настапот на Кристијано Роналдо после победата на неговиот тим над Шериф во Лига Европа.

Португалскиот голгетер се врати во првиот тим на Јунајтед, откако тренерот го суспендита после неспортското однесување на дуелот со Тотенхем.

Роналдо се врати во тимот на најдобар начин при што постигна гол во победата од 3:0 над Шериф, а неговиот погодок е прв на Олд Трафорд уште од мај месец.

„Роналдо не се откажа, и на тој начин ја води целата кариера. На крајот му стигна и наградата“ изјави тренерот Тен Хаг.


Рангник го предложил Халанд, но Јунајтед не сакал да го послуша

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека им предложил на челниците да се обидат да купат шест фудбалери помеѓу кои бил и Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голегетер во текот на летото ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во Манчестер Сити. Тој во досегашниот дел од сезоната постигна 17 погодоци во Премиерлигата.

„Дискутиравме за играчи како Јошко Гвардиол и Кристофер Нкунку. Тука беа и Алваро Мората, Луис Диаз, Душан Влаховиќ и Ерлинг Халанд, кој тогаш се уште беше на трансфер пазарот. Клубот одлучи дека ќе прави реконстукција кога ќе биде поставен новиот тренер“, изјави Рангник.


Серхио Рамос се враќа во репрезентацијата на Шпанија

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека фудбалерот на Париз Сен Жермен, Серхио Рамос, повторно ќе се најде на поширокиот список на репрезентативци за претстојното Светско првенство во Катар.

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, на поширокиот список ќе има 55 фудбалери, а конечниот список со 24 играчи кои ќе настапат на Мундијалот во Катар ќе го објави на 9.ноември.

Рамос е поранешен капитен на шпанската селекција, со која во 2010 година ја освои светската титула во Јужна Африка.