фудбал

Зомер е јунакот: Одбраните на Швајцарецот го одведоа Интер во финалето

По завршувањето на реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона.

Натпреварот кој се одигра на стадионот „ Џузепе Меаца“ во Милано. Мечот заврши со резултат 4-3 во корист на домашната екипа по продолжение или вкупен резултат 7-6 во корист на италијанскиот клуб.

Според официјалната веб-страница на УЕФА, за најдобар играч на натпреварот беше прогласен голманот на миланскиот Интер, Јан Зомер. Голманот на Интер го зварши натпреварот со 7 одбрани, но дел од нив беа во клучен момент од натпреварот кој можеше да заврши со друг епилог доколу Зомер не беше на голот на Интер.

Во финалето на Лигата на шампионите, милански Интер ќе игра против победникот од натпреварот ПСЖ – Арсенал.


Лацио без дефанзивци на дербито против Јуве

Алармот се вклучува во Лацио. Против Јувентус в сабота во 18:00 часот на Стадионот Олимпико, тренерот, Марко Барони, ќе мора да се справи со многу повредени и болни на стоперските позиции

Единствениот што е достапен во моментов е Лука Пелегрини. Црногорецот, Адам Марушиќ, е под знак прашалник иако лекарскиот тим ќе се обиде да го опорави за да ја покрие дупката во одбраната.

„Римските орли“ во финишот на сезоната во Серија „А“ се борат за место во Лигата на шампионите.


Дибала ги одбил понудите од Саудиска Арабија за да остане во Италија

Пауло Дибала кој беше подложен на операција на тетивата и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, вели дека не размислувал за напуштање на тимот иако во изминатото лето имаше одлични понуди од Саудиска Арабија.

„Нема да лажам, тоа се бројки што навистина ве тераат да размислите, се прашувате: „Што да правам?“, но, мислам дека има поважни работи. Вистината е дека сум многу среќен во Рим и моето семејство е исто така многу среќно.

Тоа не се одлуки на една личност, понекогаш клубовите треба да донесуваат одлуки што се спротивни на принципите и идеите на играчите“, рече напаѓачот на Рома.


Рафиња се изедначи со учинокот на Роналдо

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, по бројот на голови и асистенции во една сезона во Лигата на шампионите.

Бразилецот на вчерашниот меч кај Интер во реваншот од полуфиналето постигна погодок за предност од 3-2 но, неговиот тим го загуби мечот по две продолженија со 4:3 и не влезе во големото финале.

Рафиња во сезонава постигна 13 гола и запиша 8 асистенции. Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога играше за Реал Мадрид.


Интер е првиот финалист: По антологиска драма и продолженија ја елиминира моќната Барса

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4-3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3-3.

Интер по првиот дел имаше предност 2-0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија.

Во дополнителните 30 минути натпреварот го реши Давиде Фратези во 99. минута.

Покрај Ачерби и Фратези, херој на Интер е и голманот Јан Зомер. Швајцарецот прими три гола, но имаше неколку изворедни интервенции. Осбено се истакна во 56.минута кога го одбрани ударот на Ерик Гарсија и во 114. минута кога беше поуспешен од Ламин Јамал.

Интер во финалето, на 31.мај во Минхен, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал. Реваншот е во среда во Париз, ПСЖ има предност 1-0.


Жоржињо договори слободен трансфер во Фламенго

Жоржињо ќе го напушти Арсенал во летниот преоден рок и ќе се пресели во Бразил, ќе го носи дресот на Фламенго.

Жоржињо и Фалемнго имаат вербален договор за тригодишна соработка која наскоро треба да биде и официјализирана.

Актуелниот договор на Жоржињо со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона, па тој како слободен играч ќе потпише за бразилскиот клуб.

Жоржињо е роден во Бразил, но има и италијански корени па настапува за репрезентацијата на Италија.

Можеби ќе ве интересира
Флоријан Вирц си ја отворил душата и го информирал Чаби Алонсо каде


Лукас Васкез летово заминува од Мадрид

Лукас Васкез ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната – клубот нема намера да понуди нов договор за 33-годишниот фудбалер, јавуваат шпанските медиуми.

„Кралевите“ се подготвуваат за нов циклус и големи промени во тимот, а Васкез не е дел од плановите. Освен една позајмица во Еспањол во 2014/15, тој целата кариера ја мина на „Сантијаго Бернабеу“, каде што израсна преку младинските категории и вториот тим.

Од 2015 година е дел од првиот состав и има одиграно 397 натпревари, со 38 голови и 73 асистенции. Во богатата кариера освои дури 15 трофеи – пет пати ја крена Лигата на шампионите, четири пати Ла Лига, а во колекцијата ги има и сите останати важни титули на клупско ниво.

Реал ќе се прости со уште еден долгогодишен војник, а Васкез ќе биде слободен да ја избере следната дестинација.


Нико и Инаки Вилиамс го предупредуваат Манчестер Јунајтед пред полуфиналниот реванш во Лига Европа

Брајќата од Атлетик Клуб, Нико и Инаки Вилиамс, инсистираа  дека се способни да го одпаднат Манчестер Јунајтед од Лига Европа и покрај тоа што првата утакмица ја загубија со 3 0.

Шпанскиот клуб имаше загубено само еден натпревар на домашен терен оваа сезона, пред натпреварот со „Црвените Ѓаволи“ минатата недела. 

 „Не бевме многу остри, нема потреба да бараме изговори“, призна Нико Вилиамс, но тој не се откажа од надежта. “Ние сме во негатива од 3-0, но сме способни да го надминеме тоа. Веќе видовме дека Лион им правеше проблеми на Олд Трафорд и ние ќе се обидеме да го сториме истото.  Нашите навивачи секогаш нè поддржуваа и ќе дадеме се од себе.” 

Инаки ги поддржа зборовите на неговиот помлад брат. „Ние сме способни да се вратиме“, инсистираше напаѓачот. Вилиамс, исто така, укажа на судиските одлуки кои беа донесени против Атлетик вечерта. 
 
„Има некои одлуки кои предизвикуваат сомнеж“, рече тој. „Играта пред пенал доаѓа од играње со рака на Гарначо, кое судијата не го гледа. Тоа е борба помеѓу Вивиан и него. При најмал контакт, тој се спушта, и жално е што го повика“. 


Ханси Флик испрати порака до навивачите на Барселона

Ќе биде емотивна вечер, Интер ќе ја хостира Барселона, во реваншот од полуфиналето на Лигата на Шампионите. По ремито 3-3 во првиот натпревар, за Барса ќе биде императив да обезбеди победа доколку сака да се пласира во финалето. 
 
Свесен за задачата, Ханси Флик разговараше со официјалните медиуми на клубот пред овој важен судир, кој го означи како „финале пред финалето“. 

Испраќајќи порака до навивачите на Барселона, Флик зборуваше за тоа колку далеку стигнал клубот, особено споредувајќи го со она што луѓето го очекуваа на почетокот од сезоната. 

„Кога ја започнавме сезоната, никој не можеше да предвиди што ќе постигнеме. Не се работи за притисок, ние играме финале пред финалето“, рече тој. „Сакаме да покажеме кои сме и како можеме да играме како тим. Сакаме да ги направиме навивачите и клубот горди“, додаде германецот. 

Германскиот тактичар изрази желба да обезбеди тикет за финалето, кое ќе се игра во Берлин. „Сакаме да покажеме дека сме спремни да играме во финалето и ова е одлична можност за нас“. 


Елвир Баљиќ жестоко го критикуваше Жозе Мурињо

Фенербахче го запиша веројатно најболниот пораз сезонава, откако во рамки на 32. коло од турската Суперлига, на домашен терен загуби од големиот ривал Бешикташ со минимални 0:1. Со овој неуспех, тимот од Истанбул сега заостанува осум бода зад лидерот Галатасарај, а до крајот на сезоната остануваат само уште четири кола.

Незадоволството во редовите на гигантот од Истанбул расте, а главна мета на критики е португалскиот стратег Жозе Мурињо. Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и некогашен фудбалер на Реал Мадрид, Галатасарај и Фенербахче, Елвир Балиќ, остро го нападна тренерот, нарекувајќи го „лош тренер“ и барајќи итна смена.

„Овој човек не прави сите будали. Итно нека си оди! Не покажува никаков респект кон клубот и навивачите. Повторно излезе со чуден состав, без логика. Екипата нема континуитет, а тоа е директна вина на него и неговото его“, изјави Балиќ, кој не криеше дека е разочаран.

Балиќ посочи и дека очекува Фенербахче да ја прекине соработката со Мурињо по крајот на сезоната.

„Немам никаква почит кон него повеќе. Играчите се без мотивација. Дали воопшто знаат што значи да се игра за Фенербахче?“, додаде тој.

Мурињо дојде во клубот на почетокот на оваа сезона со големи очекувања, но судејќи по моменталната состојба и незадоволството од резултатите и односот со тимот, неговата иднина во Фенербахче е под голем знак прашалник.