фудбал

Спалети: Мојот Наполи одлично се снајде против замките на Мурињо

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети беше исклучително задоволен од победата над Рома од 1-0. Наполитанците со овој успех ја продолжија серијата од 11 последователни победи во сите натпреварувања. Менаџерот призна дека неговиот тим морал да го смени начинот на кој играл за овој натпревар, но бил задоволен што неговиот план функционирал.

„Не сакам да ги коментирам зборовите на Мурињо или на некој друг. Ќе направам своја анализа на натпреварот. Тоа беше натпревар полн со замки, но мојот тим се снајде добро, иако имаше некои грешки во конструкцијата на нападите. Излеговме од тие ситуации без да ја загубиме формата. Моравме да играме на нетипичен начин за нас, но тоа е уште еден плус што сепак успеавме да победиме“, изјави Спалети.


Рафаел Варан неизвесен за настап на Мундијалот во Катар

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и француски репрезентативец, Рафаел Варан, заработи повреда на дерби натпреварот од Премиер лигата со Челзи.

Натпреварот кој се одигра на Стенфорд Бриџ заврши нерешено 1:1, а Варан поради повреда во 60.минута мораше да го напушти теренот.

Оваа повреда сигурно донесе немир не само во Манчестер Јунајтед, туку и во француската репрезентација, па селекторот Дешамп ќе биде во исчекување за сериозноста на повредата која би можела да го спречи настапот на Варан на СП во Катар.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, после мечот изјави дека повеќе детали за карактерот на повредата се очекуваат во наредните 24 часа.


Челзи се интересира за Холанѓанецот Данџума

Челзи покажува сериозен интерес за крилото на Виљареал, Арно Данџума, пренесуваат медиумите на Островот. „Сините“ сакаат да го засилат нападот во зимскиот преоден рок и се насочиле кон 25 годишниот крилен напаѓач на Виљареал.

Данџума го привлече вниманието на себе минатата сезона кога блескаше со 16 гола и 4 асистенции, а особено импресивни настапи имаше во Лигата на шампиони. Интерес за него покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.


На денешен ден е роден Вејн Руни

Роден: 24.10.1985 г

Место на раѓање: Ливерпул, Мерсисајд, Англија

Возраст: 37 години

Тој е еден од двајцата англиски фудбалери кои ја освоиле Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите на УЕФА, Лига Купот, Лигата на Европа на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.


Кин: Кристијано Роналдо не е фолирант

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, застана во одбрана на Кристијано Роналдо кој е префрлен во вториот тим поради непромислениот потег на дуелот со Тотенхем кога пред време го напушти стадионот. „Се обидувам ги согледам работите од негова страна. Очигледно е дека ситуацијата во која се наоѓа му дојде „преку глава“. Tој е човек има недостатоци. Затоа сум на негова страна. Денешниот фудбал е полн со фолиранти, тој не е еден од нив. Тој е играч од светска класа“, потенцираше легeндата на „црвените ѓаволи“.


Гвардиола: Де Брујне може многу подобро од ова

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проценува дека Кевин де Бруин не ги покажува вистинските квалитети во тековнава сезона иако репрезентативецот на Белгија е лидер по бројот на асистенции.


„Кевин може многу подобро. Разговаравме за тоа и тој самио потврди. Свесен е дека не игра во најдобра форма“, потенцира Гвардиола. Вo летото во 2015 година Де Бруин му се приклучи на Манчестер Сити за клупски рекорд од 54 милиони фунти.


Тајсон Фјури купува третолигаш од Англија

Англискиот ББЦ пренесува дека светскиот боскерски шампон во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, има намера да го купи фудбалскиот клуб Морекомб кој настапува во третата англиска лига.

Фјури и самиот живее во градот Морекомб и навива за истоимениот клуб.

„Размислувам за купување на Морекомб. Во моментот играат во третата лига и затоа сакам да вложам неколку милиони во клубот и да му помогнам. Веќе сум сопственик на тренинг центар и теретана во клубот, па не гледам причина зошто да не го купам и целиот клуб и да станам сопственик“, изјавува Фјури.

Морекомб во моментот е на последното место во англиската Лига 1, кој е трета по ранг лига во Англија.


Јуве го стави Мекени на трансфер листа

Јувентус оваа сезона не игра според очекувањата, а главниот проблем се посочува во средниот ред на „бјанконерите“. Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.

Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.

Американецот исто така е спремен да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Арсенал и Борусија Дортмунд.


Виктор Осимен прва опција за засилување на Баерн заминава

Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Наполи Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по нов напаѓач за следната сезона, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, но Баварците веќе стапиле во контакт со агентот и сакаат што поскоро да постигнат договор.

Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.


Андреј Сантос од Васко де Гама ќе биде наследникот на Бускетс

Барселона ја продолжува по трагата по млади и перспективен дефанзивен играч за врска, кој ќе може да биде наследник на Серхио Бускетс.

Поради тоа Каталонците покажуваат силен интерес за бразилскиот талент на Васко де Гама, Андреј Сантос, пренесува „Мундо Депортиво“.

18-годишниот Сантос важи за голем талент и оваа сезона одигра 33 меча на кои постигна 7 гола, а Барселона во него гледа идеална замена за Бускетс.

Тој има договор со бразилскиот клуб до 2027 година, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.