фудбал

Гризман спасител, Атлетико тешко ја „скрши“ Марбеља

Атлетико Мадрид релативно се измачи за да го исфрли третолигашот Марбеља (0-1) во шеснаестинафиналето на Купот на кралот.

Избраниците на Диего Симеоне само со еден гол се радуваа на гостувањето кај ривалот кој се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал.

Човек на одлука беше Антоан Гризман. Французинот во 16 минута од средбата ја проследи акцијата и по ударот на Симеоне ја дочека одбиената топка и ја претвори во гол за 0-1. Атлетико успеа да го одбрани ова водство и на крајот се пласира меѓу шеснаесетте најдобри.


Саудиска Арабија е следната дестинација на Касемиро

Бразилецот Касемиро пристигна во Реал Мадрид како големо засилуваање, но не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“ и сега е пред заминување.

Според последните информации Касемиро до крајот на овој месец би можел да ја промени средината. Најавите се дека ќе следи трансфер во Саудиска Арабија каде и што би ја заврши кариерата.

Од друга страна Манчестер јунајтед на тој начин би се ослободил од неговата голема плата која изнесува 350.000 фунти неделно, што секако е големо оптоварување на клупскиот буџет.

Се поврзуваше Касемиро со преселба и во летниот преоден рок, меѓутоа на крајот остана на „Олд Трафорд“.


Постекоглу: Ако имавме фер-судење ќе го победевме Њукасл

Екипата на Тотнем загуби на домашен терен против Њукасл (1-2), а натпреварот го одбележа спорен момент.

Њукасл дојде до израмнување откако украдената топка дојде по игра со рака на Жоелинтон. Потоа тој додаде до Гимараеш, а на крајот акцијата во гол ја претвори Гордон.

По натпреварот своето незадоволство не го криеше тренерот Анге Постекоглу кој не сакаше директно, ама индиректно кажа сè што требаше за судењето.

„Навистина сум лут, мислам дека никогаш досега не сум бил вака лут во кариерата. Одигравме фантастично, меѓутоа останавме со празни раце. Капа до под за моите фудбалери. Знам што посакувате сите да кажам. Сепак, само ќе го искоментирам ова. На било кој друг ден, во фер услови и сè беше регуларно – ќе победевме“, изјави Постекоглу.


Ливерпул во Баерн ја пронајде замената за Салах

Според медиумите на Островот, во случај Мохамед Салах навистина да си оди од „Енфилд“ тогаш Ливерпул и тоа како ќе тргне по ѕвездата на Баерн Минхен, и тоа по Лирој Сане.

На германскиот репрезентативец во јуни му истекува договорот со “баварците“ па така тој во Ливерпул би дошол бесплатно што се однесува до отштетата.

Сане е добра опција за “Редси“ и поради фактот дека офанзивецот веќе играше во Премиер-лигата и тоа во Манчестер Сити од 2016 до 2020.


Само реми за Арсенал во Брајтон

Арсенал и Брајтон ремизираа 1-1 во 20. коло од Премиер лигата.

Брајтон успеа да остане непоразен и да го забележи своето четврто реми по ред, додека Арсенал ја прекина серијата од четири победи во сите натпреварувања.

„Топчиите“ сепак нема да бидат задоволни, по ова реми со два натпревари повеќе имаат пет бода помалку од лидерот Ливерпул.

Се чинеше дека Арсенал ќе победи на „Амекс“ стадионот во Брајтон. Поведе во 16. минута преку тинејџерот Нванери, по феноменалната соло серија.

Сепак, тој гол во раната фаза од натпреварот како да не им требаше на фудбалерите на Арсенал. Зошто? Бидејќи од тој момент започнаа да „крадат“ од времето.

Казната за таквата определба Арсенал го стигна во 61.минута кога Жоао Педро најпрвин избори пенал, а потоа и го претвори во гол.


Наполи фуриозно мина низ Фиренца и со победа ја отвори новата година

Фудбалерите на Наполи убедливо ја започнаа 2025 година. „Наполитанците“ гостуваа кај Фиорентина и во голем стил ги освоија трите бода во едно од дербито од 19. коло во италијанската Серија А.

Натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца заврши со резултат 0-3 (0-1).

Гостите поведоа со голот на поранешниот играч на Ајакс и Бенфика, Давид Нерес. Во 29. минута.

Во првото полувреме беше поништен по еден гол за секоја екипа, голот на Наполи во 15. минута на Матиас Оливеира поради тоа што Ромелу Лукаку беше во офсајд, а голот на Фиорентина во 38. минута поради играње со рака Мозес Кин.

Гостите во вториот дел одиграа уште поубедливо. Најпрвин Лукаку реализираше пенал во 54. минута, а петнаесетина минути подоцна Скот Мектоминеј го совлада својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Де Хеа за конечни 0-3.

По оваа победа, Наполи го презеде првото место на табелата, откако пред натпреварот го делеше првото место со Аталанта со по 41 бод. Фиорентина остана на петтото место со 32 бода.


Тренерот Михајлов ја напушти Брера

Продолжува „егзодусот“ во Брера Струмица, а клубот потврди дека се раздели со тренерот Горазд Михајлов.

По неколкуте фудбалери кои заминаа од клубот, сега на ред дојде и предводникот Михајлов кој четири месеци ја водеше екипата. Главниот спонзор Брера се повлече од клупските структури, па поради тоа дојде до серија заминувања.

Михајлов и Брера спогодбено ја прекинаа соработката, иако искусниот стратег вршеше добра работа во Струмица. Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер, а се очекува во следниот период да го промовира неговиот наследник.


Реал ќе го обжали црвениот картон на Винициус

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше исклучувањето на напаѓачот Винисиус Жуниор во натпреварот од 12. коло од шпанското првенство против Валенсија (2:1).

Во 79. минута Бразилецот доби црвен картон поради туркањето на голманот Столе Дмитриевски.

„Ова не беше за црвен картон. Ќе се жалиме. Голманот го испровоцира, а Вини одговори. Требаше да има жолт картон и за двајцата, и тоа е тоа“, изјави Анчелоти.

Поради инцидентот, Винисиус се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари.


Сити го декласира Вест Хем, Челзи само ремизираше на „Селхарст парк“

Фудбалерите на Манчестер сити остварија убедлива победа против Вест Хем, додека Челзи не успеа да го победи Кристал Палас, во 20. коло од Премиер лигата.

По серијата неуспеси, Манчестер сити успеа да врзе две победи во лигата. На „Етихад“, тимот на Гвардиола убедливо го победи Вест Хем со 4:1. Цоуфал со авто-гол го отвори натпреварот, потоа голгетерскиот пост го прекина Халанд, постигна два гола, а Фоден зголеми на 4:0. Филкруг само го ублежи поразот на „чеканите“.

Челзи уште еднаш не успеа да победи. На последните четири натпревари „сините“ од можните 12 освоија самодва бода. Санчо им донесе предност на „сините“ во 14.минута, а конечните 1:1 ги постави Матета во 82. минута.


Ла Лига одби да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор

Во текот на вчерашниот ден медиумите блиски до Барселона и со седиште во Каталонија пишуваа дека проблемот на каталонскиот гигант со Дани Олмо и Пау Виктор е решен, меѓутоа не е така.

Денес Ла Лига и Фудбалскиот сојуз на Шпанија објавија соопштение во кое информираат дека барањето на Барселона е одбиено.

Раководството на Барселона доставило дополнителна документација, но проблем правело правилото кое вели дека еден фудбалер на кој му е прекината регистрацијата не може повторно да биде регистриран истата сезона.

Медиумите во Шпанија пишуваат и дека ваквата одлука на Ла Лига е под притисокот на останатите клубови кои жестоко реагираа по најавите дека Фудбалскиот сојуз ќе довзоли регистрација на шпанскиот репрезентација.

Барселона сега може да испрати и жалба до судот, но веќе беа одбиени две жалби на каталонскиот гигант.