фудбал

ПСЖ спремен да испрати понуда за Исак од Њукасл

ПСЖ сака да доведе врвен напаѓач, а прв на листата желби е ѕвездата на Њукасл, Александер Исак, пренесуваат англиските медиуми.

Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најдбрите играчи на Њукасл, кој на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година пристигна за 70 милиони фунти.

ПСЖ е најсериозен кандидат за потписот на Исак, бидејќи е во потрага по квалитетен напаѓач, а Њукасл најверојатно ќе мора да го продаде за да го покрие финансискиот фер-плеј.

ПСЖ го сака напаѓачот и ова лето, но во јануари е спремен да понуди 85 милиони фунти за неговиот потпис.


Алваро Валес од Лас Палмас ќе биде замената за Тер Штеген во Барса

27-годишниот голман на Лас Палмас, Алваро Валес може да го замени голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој тешко се повреди на натпреварот од 6. коло од шпанското првенство со Виљареал (5:1). Ова го објави новинарот на Радио Марка, Сантијаго Нарваес.

Според изворот, еден од кандидатите за замена на Германецот бил шпанскиот голман на Лас Палмас, кој не е во прв план по трансферот на 35-годишниот Холанѓанец Јаспер Силесен во тимот во текот на летото. Можноста за стекнување на 27-годишниот Шпанец од Барселона ќе се појави во јануари, кога ќе се отвори зимскиот преоден рок.

Да потсетиме, Валес настапува за Лас Палмас од јули 2019 година. Актуелниот договор со клубот е до крајот на јуни 2025 година. Минатата сезона голманот настапи на 37 натпревари, на кои прими 44 гола, а неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.


Левандовски: Со Флик играме далеку поофанзивен фудбал

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека токму германскиот стручњак Ханс Дитер Флик ја променил играта на каталонскиот тим.

„Почнавме да играме повеќе напред. Мојата работа е да постигнувам гол, да се обидувам да ја освојам топката и да го напаѓам просторот. Мислам дека играме добро како тим, а денес тоа го докажавме со пет гола“, рече Левандовски по натпреварот со Виљареал.

Левандовски оваа сезона учествуваше на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Пазарната вредност на фудбалерот во моментов е 15 милиони евра.


Зубименди се предомисли, сега очајно сака трансфер во Ливерпул

Мартин Зубаменди ова лето имаше понуда од Ливерпул, но истата ја одби и одлучи да остане во Реал Сосиедад. Но, според последните информации сега се кае и повторно го контактирал клубот од „Енфилд“.

Зубименди го сврте вниманието на себе со одличните настапи во дресот на Сосиедад минатата сезона, а беше и одличен за Шпанија на Европското првенство Германија. Ливерпул за неговите услуги во текот на летото нудеше 50 милиони евра и изгледаше дека трансферот ќе се заврши.

Меѓутоа шпанскиот дефанзивец изненади кога им порачал дека нема да ја прифати понудата и ќе остане во Сосиедад затоа што смета дека тоа е најдобра одлука за него во овој момент од кариерата.

Зубиаменди сега смета дека сепак погрешил. Клубот од „Сан Себастијан“ очајно ја отвори сезоната и по шест натпревари има само една победа и четири освоени бодови, па во таква ситуација тој го обновил контактот со надеж дека Ливерпул во јануари би се одлучил да го доведе.


Челзи во јануари ќе испрати понуда за Кунде

Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски репрезентативец, Жил Кунде.

Французинот имаше добра сезона, но не игра на својата природна позиција, па е спремен да го напушти клубот.

Од друга страна Барселона планира да продава играчи за да остане во границите на финансискиот фер-плеј, но не сака да го пушти Кунде за помалку од 60 милиони евра.

Челзи покажува најсериозен интерес и веќе стапил во контакт со Барселона за евентуален трансфер во јануари.


Голманот Ромеро предизвика хаос на дербито во Буенос Аирес

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро е во центарот на вниманието по инцидентот на трибините по Суперкласикото меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс. По последниот судиски свиреж Ромеро упадна на трибините на стадионот.

Натпреварот заврши со победа на Ривер Плата од 1:0, откако единствениот гол го постигна Мануел Ланцини во 20. Минута. По натпреварот настана хаос на трибините на стадионот кога видно исфрустриран Ромеро влезе во тунелот. Следувало викање и фрлање предмети, при што голманот не можел да се држи настрана и се вратил да се пресмета со навивачите.


Алегри опција за Јунајтед ако Тен Хаг добие отказ

Манчестер Јунајтед се подготвува за можна тренерска промена. Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Јунајтед веќе некое време го има намета италијанскиот стратег Масимилијано Алегри како можна замена за Тен Хаг.

Италијанецот го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона, иако во два мандати на Јувентус му донесе пет шампионски титули. Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа.


Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Мадрид

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.

Според информациите „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид.

Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Алонсо на лето ќе дојде како негов наследник. Притоа, Шпанецот сака со себе во Мадрид да ја доведе и ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Вирц.


Камавинга започна да тренира, наскоро се враќа на терените

Едуардо Камавинга следната недела ќе почне да тренира со соиграчите од Реал Мадрид, соопшти тренерот на европскиот клупски шампион Карло Анчелоти.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид е повреден од натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал и Аталанта во средината на август, каде победи Реал Мадрид со 2:0.

„Тој се чувствува добро и е многу важен за нашиот тим. Преку него ќе можеме да ротираме во нашиот среден ред. Очекувам Камавинга да продолжи со тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија денес.

21-годишниот француски репрезентативец првично требаше да паузира најмалку шест недели. Реал Мадрид е домаќин на Еспањол во натпревар од Примера во сабота навечер.


Саудијците сакаат да го купат Атлетико Мадрид

Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Имено, Саудијците сакале да го искористат тоа што „Ријад Ерлајнс“ е главен спонзор, а директорот на Атлетико Гил Марин има пакет акции во атлетико во последните 20 години.

Сепак како што објави „Мундо Депортиво“ неформалните разговори за продажба на клубот завршиле неуспешно. Наводно, од Атлетико им соопштиле дека немаат намера да го продадат клубот, барем не во наредните три години.