фудбал

Дарко Тасевски привремен тренер на софиски Левски

Некогашниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски е назначен за привремен тренер на бугарскиот прволигаш Левски Софија.

Тасевски ќе работи со тимот и ќе ги води тренинзите се додека раководството не пронајде конечно решение.

Ќе потсетиме, Тасевски најголемиот дел од својата кариера го помина токму во Левски.


Лестер Сити ризикува одземање на бодови заради финансиски малверзации

LENS, FRANCE – AUGUST 10: Leicester City starting XI during a minute applause ahead of the Pre-Season friendly match between RC Lens and Leicester City at Stade Félix Bollaert-Delélis on August 10, 2024 in Lens. (Photo by Plumb Images/Leicester City FC via Getty Images)

Aнглискиот шампион од 2016 година, Лестер Сити, се соочува со сериозен проблем. На клубот Фудбалската асоцијација ќе му одземе бодови, што дополнително ќе влијае во борбата за опстанок во лигата.

Лестер минатото лето се спаси од казна со „измама“, за прекршување на финансиските правила за сезоната 2022/23. Фудбалската асоцијација не ги казни поради тоа што финансискиот извештај го доставија откако веќе испаднаа од лигата.

Клубот сега чека одлука за можна казна за загуби од 92,5 милиони фунти и 90 милиони фунти за финансиските години 2022 и 2023 година. Клубовите од Премиер лигата може да имаат загуби од 105 милиони фунти во период од три години.

Најдоцна до 13. јануари ФА ќе го извести клубот дали е покренато обвинение за прекршување на равилата за одржливост.

Според британските медиуми, клубот се надева дека и овојпат ќе ја избегне најлошата казна (одземање на бодови). Доколку тоа се случи клубот со една нога ќе биде во Втората лига.


Бернардо Силва: Треба да се помириме дека не се бориме за титулата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, процени дека неговиот тим нема шанси да се бори за титулата во Премиер-лигата. „Граѓаните“ сега заостануваат 14 бодови од лидерот Ливерпул.

„Во моментов треба само да се помириме со реалноста бидејќи ние сме само шести. Во фудбалот нема невозможни работи но, нема сомневање дека сме надвор од борбата за титулата“, вели Силва.

Манчестер Сити утре ќе го пречека Вест Хем во рамките на 20-то коло во Премиер Лигата.


Киеза побарал враќање во Серија А, високата плата проблем за калчолигашите

Фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, побарал да биде испратен на позајмица во некој италијански клуб.

Киеза минатото лето се пресели од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра, но одигра само четири натпревари или 123 минути за клубот од „Енфилд“.

Тој сака поголема минутажа, а како што пренесуваат италијанските медиуми, за него се заинтересирани Милан, Рома и Наполи.

„Мирор“ објави дека управата на Ливерпул ќе му дозволи на 27-годишниот играч да замине на позајмица, но дека голем проблем е што ниту еден италијански клуб не е подготвен да плати ниту половина од неговата годишна плата од 7,5 милиони евра.

Затоа, Ливерпул ќе мора да преземе дел од платата на Киеза.

Киеза во кариерата играше за Фиорентина и Јувентус, за италијанската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна седум гола.


Милан го сака Рајан Черки од Лион

Раководството на Милан покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Черки, пренесува „Калчомеркато“.

Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Лион има финансиски проблеми и ги стави сите фудбалери на продажба, па Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Меѓутоа, конкуренцијата за потписот на 21-годишниот фудбалер е голема бидејќи интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.


Шкрињар пред потпис со Галатасарај

Галатасарај е во напредни преговори со ПСЖ за трансфер на дефанзивецот Милан Шкрињар, пренесуваат француските медиуми.

Скринар не е среќен со неговиот статус во ПСЖ бидејќи не игра многу и е спремен да ја промени средината.

Јувентус е заинтересиран за неговиот потпис, но Галатасарај сака да ја добие битката и да го „украде“ пред носот на „старата дама“.

Шкрињар му кажал ДА на турскиот гигант, кој сака да го доведе на позајмица со право на откуп следното лето.


Анчелоти не размислува за засилувања оваа зима

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не сакаше да ги коментира најавите дека бекот на Ливерпул, Тренд Александар -Арнолд, од наредното лето ќе се пресели во неговиот состав.

„Ќе видиме. Тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Сега сме фокусирани на мечевите. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи сега не е моментот. Во секој случај, задоволен сум од составот што го имаме“, вели тренерот на „кралевите“.


Диего Коста раскрсти со Гремио

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Кошта го напушта бразилскиот клуб Гремио како слободен играч по истекот на неговиот договор.

Во Гремио се пресели во февруари 2024 година, а во последната сезона од бразилскиот шампионат Бразилеирао БЕТАНО, 36-годишниот напаѓач одигра 14 натпревари, на кои постигна гол и 2 асистенции.

Гремио заврши на 14-то место, со што заработи квота за вториот најмоќен меѓународен турнир во Јужна Америка, Копа Судамерикана.


Јунајтед бара купувач за Касемиро

Касемиро веќе во јануарскиот преоден рок може да се раздели со англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед и да игра во саудиското првенство, пренесуваат „Дејли Мејл“ и „Скај Спортс“.

Според информациите, Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со значителен број од своите сегашни играчи, а се разговара за понуди и за постојани трансфери и за заеми. Меѓу играчите кои веројатно ќе се заминат, покрај Касемиро, се и Маркус Рашфорд, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф, Антони и други.

„Скај Спортс“ тврди дека Манчестер Јунајтед бара близу 60 милиони фунти за заминување на Рашфорд, но се уште нема понуда за напаѓачот. Многу е веројатно дека „црвените ѓаволи“ ќе ја намалат цената за правата на Англичанецот со оглед на неговата огромна плата, лошата форма и проблемите кои ги направи со интервјуата во месец декември.

Англиското издание во своите информации додава дека Јунајтед и Рашфорд можната разделба ја гледаат како позитивна за двете страни.


Консеисао сака португалски засилувања за својот Милан

Новиот тренер на Милан, Серџо Консеисао, го започна својот мандат во клубот. Тој веќе составил листа на засилувања за јануарскиот преоден рок.

Според „Газета дело спорт“, Консеисао го сака крилниот напаѓач Пепе. Токму Консеисао го донесе Пепе во Порто од Гремио во 2021 година за 15,5 милиони евра.

Пепе не е млад играч, има 27 години, но Консеисао верува дека би бил од голема помош бидејќи може да игра на двете крилни позиции.

За Порто одигра 170 натпревари, постигна 24 гола и 30 асистенции.

Покрај Пепе, Консеисао го сака и Антонио Силва, 21-годишниот дефанзивец на Бенфика. Милан понуди пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на лето за дополнителни 25 милиони. Бенфика оваа понуда ја одби, но се чека нов напад од „росонерите“.

Трет на листата на желби е Рандал Коло Муни, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој во актуелниот преоден рок сигурно ќе го напушти Париз. Французинот има бројни понуди и од Премиер лигата, па Милан ќе има тешка задача да го реализира овој трансфер.