Манчестер Јунајтед и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕвездата на Борнмут, Милош Керкез.
Керкез се промовираше во еден од најдобрите бекови во Премиер лигата и неговата цена драстично порасна оваа сезона.
Аморим сака да состави тим по своја мерка, а како приоритет ќе биде засилување на левата бековска позиција.
Меѓутоа, Ливерпул сака да го „украде“ Керкез пред носот на големиот ривал и веќе стапил во контакт со агентот и е спремен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.
Португалецот Семедо заради семејно насилство празниците ги мина во затвор
Поранешниот португалски репрезентативец Рубен Семедо се најде во проблеми со законот.
Според португалските медиуми поранешниот стопер на Виљареал изминатиот викенд физички ја нападнал својата партнерка, па дури и ја затворил во куќата недозволувајќи ѝ да замине. Поради тоа празниците ќе ги мине во затвор.
Семедо е фудбалер на катарски Ал-Кхор каде што е позајмен од Ал-Мархије. Поради семејно насилство му се заканува одземање на пасошот што ќе доведе до веројатно раскинување на соработката.
Инаку, ова не му е првпат да биде во слични проблеми. Во 2018 година тој беше уапсен во својот дом во Валенсија поради обид за убиство, насилен грабеж и илегален посед на оружје. Тогаш мина 142 дена во затвор, а беше пуштен откако плати кауција од 30.000 евра.
Исто така Семедо во два наврати беше обвинет за силување и семејно насилство.
Арсенал го освои Брентфорд и ја почна годината во голем стил
Фудбалерите на Арсенал го совладаа Брентфорд со 1-3 на гостински терен во натпревар од 19.коло во Премиер лигата. Арсенал со вој триумф се искачи на второто место на табелата.
Брентфорд поведе во 13. минута преку Брајан Ембуеумо, потоа домашните имаа одлична шанса за 0-2, кога голманот на Арсенал, Раја, некако успеа да го одбрани својот гол. Веднаш потоа Габриел Жесус израмни пред полувремето.
Гостите го зголемија темпото во вториот дел, Микел Мерино го комплетираше пресврто во 50. минута, а Мартинели стави тошка на натпреварот три минути подцна.
Арсенал со натпревар повеќе заостанува шест бода зад Ливерпул.
Срѓан Благојевиќ е нов тренер на Партизан
Белградски Партизан во новата година влезе со нов тренер, Срѓан Благојевиќ е новиот стратег на црно-белите. „Црно-белите“ објавија дека 51-годишниот стратег потпишал договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една.
„Голема чест и предизвик за мене е да се биде тренер на Партизан. Без оглед на околностите кога добив повик немав ниту најмала дилема дали да прифатам. Мојата амбиција е преку напорна работа и посветеност да ја унапредиме нашата игра. Свесен сум за тежината на задачата и очекувањата од јавноста, но верувам дека со заеднички сили можеме да го вратиме Партизан каде што припаѓа“, изјави Благојевиќ.
Ибра јавно му се извини на Фонсека
Во Милано не цветаат рози, тоа добро го знае и Златан Ибрахимовиќ, кој е во управата на клубот. Тој се појави пред новинарите за јавно да им се извини на навивачите за тоа што се случи по мечот со Рома.
„Волчицата“ му зедоа бод на Милан на „Сан Сиро“ (1-1), по што беше сменет тренерот Пауло Фонсека.
Популарниот Ибра смета дека клубот не требало да дозволи Фонсека да присуствува на прес-конференција по натпреварот.
Имено, Фонсека веднаш по завршувањето на натпреварот доби отказ, па под емоции излезе пред камерите и тоа им го соопшти на сите.
-Одлуката за отказот дојде веднаш по натпреварот со Рома. Направивме грешка што го пуштивме на прес-конференција и сега им се извинуваме на навивачите. Би сакал да му се заблагодарам на Пауло за тоа колку професионален беше за време на престојот овде. Тој ја има мојата целосна почит за тоа. Причина за отказот беше неконзистентноста во резултатите. Кога си во Милан, резултатите се многу важни. Несреќни сме што не ги постигнавме нашите цели. Првиот чекор е да го освоиме италијанскиот Суперкуп, изјави Ибрахимовиќ.
За наследник на Португалецот беше назначен неговиот сонародник Серџо Консеисао.
-Одговорноста за неуспехот не оди само на душата на тренерот, туку на сите нас во клубот. Добро или лошо, Милан секогаш мора да биде подготвен за следниот чекор. Сега ви го претставуваме Консеисао. Секој знае кој е тој. Има карактер на победник, многу е директен. Во Порто беше добар, забележа одлични резултати, изјави Ибрахимовиќ.
Анчелоти не исклучува еден ден да ја преземе Рома
Карло Анчелоти во долгиот разговор за „Раи Радио 1“ опфати неколку актуелни теми кои ги пополнија насловните страни во изминатите два-три дена, но се огласи и на одредени шпекулациите кои кружат во јавноста кога е во прашање потрагата на нов тренер од страна на Рома.
Анчелоти важи за човек кој е тесно поврзан со Рома и „волчицата“ има посебно место во неговото срце, па многумина почнаа да прогнозираат дека тој би можел да ја заврши својата тренерска кариера токму на „Олимпико“, стадион на кој мина најмногу години како професионален играч.
Запрашан за можноста да ја води Рома на залезот од кариерата, Карлето не затвори врата на такво сценарио, иако потенцира дека главна цел му е да остане што е можно подолго во Реал.
„Работам напорно за да останам во Реал што е можно подолго. Истовремено, Раниери е мој добар пријател и мислам дека му тргна добро во Рома.
Имам цврста врска со Рома како клуб, имам посебни спомени и лесно е да се каже тоа. Засега сум среќен во Реал и не размислувам за мојата иднина. Имаме двегодишен договор, но договорите може да бидат прекинати, или продолжени. Се е можно во фудбалот“; гласи изјавата Анчелоти
Пеп најави засилувања во средниот ред
Играчите на Манчестер Сити за момент му го поправија празничното расположение на Пеп Гвардиола и му донесоа победа за крај на 2024-та година, но шпанскиот стручњак е свесен дека проблемите нема да завршат со триумфот над Лестер.
Сити игра далеку од шампионски оваа сезона и повеќе од јасно е дека овој тим на Гвардиола го достигна зенитот по освоените четири последователни титули во низа во Премиер лигата, па се поочигледно е дека Шпанецот ќе добие неколку засилувања во зимскиот преоден рок.
Гвардиола веќе најави дека Сити ќе биде активен во јануари, но сега ги посочи и двете позиции на кои неговиот тим мора да биде засилен за вториот дел од сезоната.
„Де Брујне полека се враќа во тимот, но потребна ни е поголема поддршка во средниот ред. Потребно ни е освежување во средината и во последната четворка, тоа се позиции на кои најмногу страдавме од стартот на сезоната. Цело време имаме проблеми со играчи за врска и со дефанзивци и централни стопери.
Потребна ни е помош на одредени позиции. Тимот и натаму е добар, но проблемот е тоа што не можеме да располагаме со цел тим многу недели во низа. Работите станаа тешки поради таквите околности, загубивме клучни играчи со недели и со месеци. Ќе има опции на трансфер пазарот, но никогаш не е лесно во јануари. Ќе биде скапо да се пазари, но ќе видиме што ќе може да направи клубот“, изјави Гвардиола.
Вини доби бонус и повисока плата со изборот за најдобар според ФИФА
По добивањето на наградата од ФИФA за најдобар фудбалер во светот, бразилскиот фудбалер Винисиус стана најплатен играч на Реал Мадрид.
Шпанскиот дневен весник As во понеделникот објави дека последниот договор потпишан од Вини во 2022 година вклучувал зголемување на случајот за освојување на Златната топка или наградата за најдобар. Изборот за играч на годината на ФИФА, Винисиус Јуниор заработи зголемување на платата која досега изнесуваше 15 милиони евра.
Така Бразилецот во следните две сезони ќе заработи околу 20 милиони евра и со тоа ќе го престигне Килијан Мбапе како најплатен играч на Реал Мадрид. Згора на тоа, доколку Винисиус Јуниор ја добие Златната топка или признанието на ФИФА, неговата плата дополнително ќе се зголеми, пишува мадридскиот весник.
Винисиус оваа сезона веќе постигна 13 гола со девет асистенции на само 20 настапи во сите натпреварувања.
Ливерпул и Нотингем Форест доминираат во тимот на полусезоната на Карагер
Џејми Карагер, кој работи како аналитичар за „Скај спорт“, го состави иделниот тим по првиот дел од сезоната во Премиер лигата.
Не е изнендување што најмногу фудбалери има Нотингем Форест. „Шумарите“ се најпријатното изненадување, тимот кој минатат сеозна во последното коло избори опстанок, оваа сезона по 19 натпревари се наоѓа на второто место на табелата.
Ола Аина, Никола Миленковиќ и Крис Вуд се репрезенти на Нотингем Форест во идеалниот тим. Со тројца фудбалери е застапен и лидерот Ливерпул (Вирџил ван Дајк, Рајан Грабенберг, Мохамед Салах).
Идеалниот тим на полусезоната во формација 4-2-3-1:
Голманот на хрватската репрезентација и на турскиот гигант Фенербахче, Доминик Ливаковиќ, би можел да биде едно од главните имиња во зимскиот преоден рок, јавија синоќа турските медиуми.
Според истите извори, за услугите на Ливаковиќ до Фенербахче пристигнале дури три официјални понуди – од Шпанија, Германија и Саудиска Арабија.
Иако не се познати деталите за заинтересираните клубови, упатените наведуваат дека управата на Фенербахче веќе почнала да бара потенцијална замена.
Фотоспор претходно објави дека за хрватскиот голман е заинтересиран германски Баерн, кој е во потрага по наследник на 38-годишниот Мануел Нојер.
Ливаковиќ оваа сезона собра 25 настапи за Фенербахче, од кои осум натпревари без примен гол. Во турскиот клуб се пресели од загрепски Динамо за 6,65 милиони евра.