фудбал

Бариос се повреди, ќе го скокне дербито со Реал

Шпанскиот Атлетико Мадрид ќе биде без 21-годишниот Пабло Бариос најмалку три недели. Играчот од средниот ред импресионираше на првите натпревари на Атлетико во новата сезона 2024/2025 година, но има повреда на мускулот што ќе го оддалечи речиси еден месец, пишува локалниот весник Марка.

Бариос сигурно ќе го пропушти домашниот натпревар од петтото коло во Ла Лига против Валенсија на 15 септември, како и домашниот со РБ Лајпциг на 19 септември и гостувањата кај Рајо Ваљекано и Селта Виго на 22 и 26 септември во Ла Лига.

Во Атлетико се надеваат дека играчот ќе биде достапен за клубот за мадридското дерби на 29 септември кога Атлетико му гостува на Реал Мадрид.


Аке се повреди, го чека пауза од еден месец

Ремито со меѓу Холандија и Германија во Лигата на нации беше одбележано со незгодната повреда на дефанзивецот на „лалињата“, Нејтан Аке.

Се чинеше дека се здоби со сериозна повреда непосредно пред паузата кога падна на земја и не можеше да стане. Аке потоа беше однесен на носилки и заменет со Јуриен Тимбер. Сеуште не е познато колку долго дефанзивецот ќе отсуствува, бидејќи се очекува да ги помине целосните медицински прегледи во текот на денешниот ден, но првичните прогнози укажуваат дека тој би можел да паузира околу еден месец.

Аке беше еден од главните столбови на одбраната на Манчестер Сити минатата година кога забележа 44 настапи со 3 гола и 2 асистенции. Сепак, од почетокот на оваа сезона, менаџерот Пеп Гвардиола има многу помала доверба, а дефанзивецот досега имаше само еден настап во Премиер лигата како замена.


Виктор Мозес се врати од Русија во Англија

Поранешниот ас на Челзи, Ливерпул, Вест Хем и многу други клубови, Виктор Мозес повторно ќе игра во Англија. Мозес е нов член Лутон, а пристигна како слободен играч бидејќи летово му истече договорот со Спартак Москва.

Мозес има 33 години, а досега настапуваше за академијата на Кристал Палас, Виган, а летото 2012 година направи трансфер во кариерата во Челзи за 11,5 милиони евра.

Мозес официјално беше член на Челзи до летото 2021 година, но најголем дел од времето помина како позајмен фудбалер во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче, Интер и на крајот во Спартак, кој го купи летото 2021 година за пет милиони евра. .

Мозес сега потпиша едногодишен договор со Лутон и ќе биде големо засилување за тимот кој минатата сезона играше во Премиер лигата, а ова изгледа ги чека тешка борба за опстанок во Чемпионшип бидејќи по четири кола имаат само еден бод.


Балотели одбиен од клуб од Индија

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели се најавуваше како ново засилување за Керала Бластерс од Индија, но овој трансфер нема да се реализира.

Според последните информации Балотели доживеал понижување во кариерата како ретко кога и бил одбиен.

Причината поради која одбиле да соработуваат со Балотели е проблемот со дисциплината кој Италијанецот го има во текот на целата кариера.


Кимих желба на двата шпански гиганти

Џошуа Кимих донесе конечна одлука да го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, пренесуваат германските медиуми.

Кимих влезе во последната година од договорот и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Баерн бара од германскиот репрезентативец, кој моментално заработува 20 милиони евра годишно, да ја намали својата плата, па поради тоа Кимих одлучил да замине.

Интерес за него покажуваат многу клубови, но медиумите тврдат дека Кимих кариерата ќе ја продолжи во Шпанија и главната битка за поптписот ќе ја водат Реал Мадрид и Барселона.


Почетино именуван за нов селектор на САД

Маурицио Почетино е официјално претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на САД, објавија синоќа од страна на федерацијата. Како што е познато, Американците се разделија со својот поранешен тренер Грег Берхалтер во јули, откако тимот беше елиминиран од Копа Америка на домашен терен во групната фаза.

Почетино исто така беше поврзуван со работата во Англија, откако беше отпуштен од Челзи на крајот на минатата сезона, но одлучи да го преземе тимот на САД. Се очекува Аргентинецот да биде клучна фигура за тимот во следните неколку години бидејќи САД, заедно со Канада и Мексико, ќе бидат домаќини на Светското првенство во 2026 година.

Тој е вториот поранешен тренер на Челзи кој ја презема американската репрезентација во последните месеци, откако Ема Хејс го презеде женскиот тим и веднаш постигна успех со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.


Лунин не го сменил мислењето, нема да потпише нов договор со Реал

Украинскиот фудбалски голман во редовите на  Реал Мадрид, Андриј Лунин, нема да прифати продолжување на соработката и набрзо ќе ги напушти „кралевите“, потенцираат речиси сите медиуми во Шпанија.

25-годишниот чувар на мрежата кој има тековен договор до крајот на сезоната, јасно стави до знаење дека не сака да му биде „златна “ резерва, Тибо Куртоа.

Лунин во новата фудбалска сезона нема ниту еден меч додека во претходната одигра 31 натпревар.


Келехер најави заминување од „Енфилд роуд“

Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Кевин Калехер,  навести дека сака да го напушти клубот  бидејќи ја нема посакуваната  минутажа, објавија денеска медиумите во Англија.

„Во последниве неколку години јасно кажав дека сакам да заминам во друг состав за да бидам стартер. Гледано од страна, одлуката не зависи од мене“, рече Келехер.

Неговото место дополнително ќе биде загрозено откако „црвените“ најавија дека од наредната сезона ќе го ангажираат Грузиецот, Мамардашвили.


Калабрија ќе добие нов договор со Милан

Челниците на фудбалскиот состав, Милан, набрзо ќе му понудат нов договор на Давиде Калабрија, кој има тековна соработка до летото во 2025 година, наведува денес весникот „Газета дело спорт“. 

Дефанзивецот имаше имресивни нaстапи во претходната сезона и според проценките, беше еден од најдобрите во редовите на „росонерите“.

Милан веднаш по паузата за репрезентативните активности, в сабота ќе и биде домаќин на Вениција во новото коло во Серија A.


Руфати потпиша за Динамо од Албанија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Агрон Руфати продолжува во редовите на Динамо Сити од Албанија.

Руфати се раздели со Брера каде што играше минатата сезона, а сега се одлучи да продолжи во Албанија.

Во Албанското првенство Динамо стартуваше со два порази, па сега сака да ја зацврсти одбраната со 25-годишниот дефанзивец.

Брера беше и единствен клуб за кој играше во Македонија.