фудбал

Галтие негира било какво заминување на Мбапе

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Галтие, демантира дека Килијан Мбапе, побарал да си замине од екипата уште во зимскиот трансфер период.

„Не знам за такво нешто, не знам за веста која ја објавија медиумите пред значајниот меч во ЛШ. Мбапе беше многу интензивен на дуелот со Бенфика“, вели Галтие.

Вчера голем дел од медиумите објавија дека големата ѕвезда на „светците“ побарала да си замине во наредниот трансфер период.


Џеко следното лето се сели во Баерн Минхен

Един Џеко ја игра последната сезона во Интер, а иако има 37 години игра во врвна форма.

Босанецот може да се пресели во друг европски гигант и да потпиша за Баерн Минхен, тврди „Билд“. Баварците се во потрага по најмалку еден врвен напаѓач и веруваат дека Џеко би бил идеална алтернатива во нападот.

Договорот на Џеко со Интер истекува на крајот на сезоната и ќе биде слободен агент, па Баерн сака да ја искористи таквата ситуација.


Конте добива нов договор и ќе биде најплатен менаџер во Премиер лигата

Тотенхем е подготвен да ја продолжи соработката со менаџерот Антонио Конте. Според „football365“, двете страни сакаат да се договорат за нов договор во блиска иднина.     

Доколку тренерот потпише ажуриран договор, тој би можел да стане најплатениот менаџер во Премиер лигата. Неговата плата ќе се зголеми на 23 милиони евра годишно. Актуелниот договор на Италијанецот истекува во летото 2023 година. 

Тотенхем е на третото место на табелата во Премиер лигата со 20 бодови.


Ливерпул ќе се обиде да го донесе Аргентинецот Фернандез

Екипата на Ливерпул има доста лош старт на новата сезона во Премиер лигата, па тренерот Јирген Клоп сака во јануари да ја засили екипата со доведување на играч од средината на теренот.

Според информациите од англиските медиуми изборот паднал на Аргентинецот во дресот на Бенфика, Енцо Фернандез.

21-годишниот фудбалер пристигна во Бенфика ова лето од Ривер Плата за 10 милиони евра, но доколку клубот од Лисабон се одлучи за негова продажба, неговата цена би изнесувала околу 40 милиони евра.


Газдите на ПСЖ купија акции од португалска Брага

Сопствениците на ПСЖ, „Катар Инвестмент“ купија 22% од португалскиот клуб Брага, пренесуваат тамошните медиуми.

Тоа е вториот фудбалски клуб во Европа кои го купува оваа групација, која започна да работи по примерот на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на неколку клубови меѓу кои Манчестер Сити.

„Катар Инвестмент“ во 2019 година се обиде да го купи Лидс, но неуспешно, а сега купи процент од Брага за 80 милиони евра.

Брага никогаш не бил шампион на Португалија, а минатата сезона заврши на четвртото место и обезбеди учество во Лига Европа.


ПСЖ ја плаќа клаузулата за Рафаел Леао од Милан

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао би можел да се пресели во ПСЖ. Парижаните се подготвени да ја активираат откупната клаузула од договорот на португалскиот фудбалер во износ од 150 милиони евра, пренесува Медиафут.

Според изворот, за 23-годишниот играч е заинтересиран и лондонски Челзи. Леао му се приклучи на Милан во 2019 година со трансфер од 29,5 милиони евра од Лил. Во 126 настапи за тимот, Рафаел постигна 31 гол и даде 28 асистенции. Минатата сезона, тој му помогна на својот тим да го освои италијанското првенство за прв пат по 11 години.

Договорот меѓу двете страни истекува во 2024 година. Пазарната вредност на Рафаел Леао се проценува на 70 милиони евра. Претходно беше објавено дека Милан има намера да потпише нов договор со играчот.


Бруно Гимараеш: Преговарав со Реал, но сакам да станам легенда на Њукасл

Бруно Гимараеш е свесен дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, но уште еднаш истакнува дека е среќен во Њукасл.

Тој минатата зима потпиша договор со Њукасл за нешто повеќе од 40 милиони и брзо се прилагоди на фудбалот во премиер лигата, стана еден од најважните играчи во тимот на Еди Хау.

Летово интерес за него покажа Реал Мадрид. Бразилецот потврди дека имало разговор со Реал Мадрид, но не се случувало ништо повеќе.

„Реал е најдобриот тим во светот и убаво е кога се интересираа за вас, но тоа беше само разговор, ништо повеќе… Сакам да бидам легенда на Њукасл. Луѓето овде ме сакаат и јас ги сакам нив. Никогаш не се сомневав во проектот на клубот“, рече тој. Гимараеш и ги запали навивачите.

Њукасл, иако клубот со најбогатите сопственици во светот, трпеливо гради тим кој ќе им го донесе успехот што го посакуваат во иднина, а нема сомневање дека Гимараеш треба да биде еден од клучните играчи.


Интер му нуди продолжување на договорот на Чалханоглу

Челните луѓе на Интер му понудиле продолжување на договорот на турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу до 2025. година.

28-годишниот Чалханоглу има актуелен договор со Интер до јуни 2024.година. Италијанските медиуми наведуваат дека управата на Интер е задоволна од игрите на Турчинот поради што е одлучено да му се понуди нов договор.

Чалханоглу пристигна во Интер во 2021.година од Милан. Тој претходно настапуваше за екипите на Бајер Леверкузен, Хамбургер и Карлсруе. За нероазурите има одиграно 57 напревари и постигнато 10 гола.


Вестон Мекени во јануари го напушта Јуве

Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Меккени во зимскиот преоден рок може да го напушти тимот. Интерес за фудбалерот пројавуваат бундеслигаши. Тоа го пренесува „Газета Дело Спорт“.

Според изворот, клубот од Торино е подготвен да го продаде 24-годишниот Американец за да врати дел од средствата од евентуалното купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Меккени е во Јувентус од 2020 година.

Најнапред „бјанконерите“ го позајмија фудбалерот од Шалке за 4,5 милиони евра, а потоа го откупија за 20,5 милиони евра.Сезонава Вестон Меккени постигна еден гол и асистираше еднаш на 11 меча во сите натпреварувања. Договорот меѓу двете страни истекува за три сезони.


Одземен пасошот на иранската легенда Али Даеи

Aли Даеи е најголемата иранска фудбалска легенда, а сега остана без својот пасош затоа што одлучил да излезе на протестите и да даде поддршка на жените кои секојдневно протестираат поради cмртта на млада Иранка.

Максе Амини почина три дена откако беше уапсена од иранската полиција само затоа што не неосела хиџаб. После тој случај во Иран настана голема револуција и се поголем број граѓани на оваа земја даваат поддршка на жените.

На таа поддршка се приклучи Даеи кој откако ја обвини власта остана без пасошот и може да се соочи со дополнителна казна.

„Поради се што зборуваше и што објави на Даеи му е одземен пасошот“, објавија медиумите во Иран.