фудбал

Гундоган: Се вратив во најдобриот светски клуб

Манчестер Сити по само една година го врати во своите редови Илкај Гундоган.

Гундоган помина една сезон во дресот на Барселона, а сега се враќа на „Етихад“ каде што повторно би можел да биде еден од поважните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола.

Фудбалерот од средниот ред не го криеше задоволството по враќањето во клубот.

„Навистина сум среќен што повторно ги гледам соиграчите, персоналот и луѓето со кои поминав повеќе од седум успешни години. Кога сте на друго место подолго време како што јас бев една година уште повеќе го цените клубот. Се вратив во најдобриот клуб во светот“, изјави Гундоган.


Трипие најави заминување од Њукасл

Англискиот репрезентативец минатата сезона имаше многу проблеми со повредите и пропушти речиси 50 отсто од натпреварите, но сепак и тоа го оддалечи подолг период од терените.но сепак беше дел од националниот тим на ЕП.

Во Њукасл претставуваше важен „шраф“ во походот кон Лигата на шампионите, кој го играа минатата сезона. Сепак минатта сезона „страчките“ не успеаја да го повторт тој успех, не успеаја ниту да изборат место во европските купови.

Трипие нема да биде продаден и покрај тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната. Евертон ги започна прговорите околу нагажманот на Трипие.


Куртоа нема да брани за Белгија додека Тедеско е селектор

Голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, објави дека нема да брани за репрезентацијата на Белгија додека не се промени селектор Доменико Тедеско, но и целото раководство на федерацијата во оваа земја.

Тој не беше дел од Европското првенство, иако претходно се опорави од тешката повреда на коленото и бранеше за Реал.

„Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои навиваат за нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегирано што можам да го носам дресот на Белгија, дрес кој не можев да го замислам ниту во моите најлуди соништа. За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив повеќе да не играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Имав разговор и со федерацијата која го привати мојот став и причините што доведоа до оваа болна одлука. Жалам што некои навивачи ќе бидат разочарани, но знам дека ова е најдобриот начин за Белгија да се фокусира кон остварување на своите цели“, напиша Куртоа.


Деко потврди дека Нико Вилијамс не доаѓа во Барса летово

Спортскиот директор на Барселона, Деко потврди дека шпанскиот фудбалски репрезентативец Нико Вилијамс нема да се пресели во каталонскиот гигант оваа лето.

Репрезентативецот на Шпанија летово беше во преговори со Каталонците но Билбао и Барселона не можеа да се договорат.

Иако неколку шпански медиуми објавија дека Деко повторно се сретнал со Вилијамс во вторникот, спортскиот директор излезе со официјална изјава:

„Го сакаме, но нема да дојде“, беше кусиот одговор на Деко.


Рајо го враќа Хамес во шпанскиот фудбал

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез се враќа во Ла Лига овој пат со договор за засилување на редовите на Рајо Ваљекано.

Хамес изминатава година имаше квалитетни настапи за Сао Паоло во Бразил и репрезентацијата на  Колумбија на Копа Америка.

По истекот на договорот со Сао Паоло се одлучи за враќање во Европа, одлучувајќи да ја прифати понудата од поранешниот клуб на Столе Димитриевски.

Покрај Рајо, 32-годишниот Родригез преговарал и со Селта, но сепак од Рајо Ваљекано биле далеку поконкретни во желбата за негов ангажман.


Амрабат пред потпис со Наполи

Софијан Амрабат минатото лето беше на мета на многу европски гиганти, а тој избра кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг по секоја цена го сакаше Амрабат во својот тим, но Мароканецот не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед плати за едногодишна позајмица, но веќе донесе одлука да не го откупи неговиот договор и Амрабат се врати во Фиорентина.

Таквата ситуација сака да ја искористи Наполи, кој е во потрага по фудбалер за врска и почнал преговори за трансфер на Амрабат.


Артета добива нов договор на „Емирати“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се очекува наскоро да потпише нов договор со клубот, објави „Скај спортс“.

Односот меѓу него, спортскиот директор Еду и сопствениците од семејството Кронке е толку добар што нема да има ниту формални преговори.

Според раководството на „топџиите“, клубот допрва може да се развива под водство на Артета. Во моментов, 42-годишниот стручњак има договор до 2025.

Двете страни не брзаат со новиот договор, бидејќи имаат исти идеи за иднината.


Мирков промовиран во нов тренер на Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи неодамна се раздели со Ернест Ѓока по лошиот старт на сезоната, а синоќа го објави неговиот наследник. 

Шеф на стручниот штаб на чаирчани ќе биде Матија Мирков. Се работи за човек кој работеше како тренер на голманите, а сега ќе ја понесе функцијата на прв тренер во тимот. Мирков нема да работи сам, бидејќи Шкупи се пофали со двајца нови помошници кои ќе бидат дел од стручниот штаб. 

Бобан Бабунски ќе му биде прв асистент на Мирков. Бабунски во досегашната тренерска кариера има искуство со работата во Пелистер, Победа, Вардар и Работнички, а беше и привремено решение и во репрезентацијата.

Како втор асистент во стручниот штаб на Шкупи ќе работи Минас Османи кој ја започнува својата тренерска кариера.


Рашфорд следна желба на Барса летово

Изненадувачки нов клуб се вклучи во трката за потпис на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед ова лето.

Според информациите на „Goal.com“ интерес за играчот на „црвените ѓаволи“ покажува шпанскиот гигант Барселона.

Рашфорд ја започна својата сезоната 2024/25 со 90 минути во победата на неговиот тим над Фулам со 1-0 на Олд Трафорд.

Шпанскиот гигант се насочи кон Маркус Рашфорд по неуспехот на трансферот на ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.


Падна договор, Лукаку доаѓа на потпис во Неапол

Белгискиот напаѓач на Челзи, Ромелу Лукаку во рок од 24 часа ќе стане играч на Наполи, објави Фабрицио Романо на социјалната мрежа Х.

Според изворот, претставници на клубовите ќе се сретнат во Лондон во следните 24 часа за да разговараат за последните детали и да го комплетираат трансферот.

Претходно во медиумите се појави информација дека Челзи е заинтересиран за трансферот на Осимен и е подготвен да го вклучи Лукаку во зделката за стекнување на нигерискиот напаѓач. Сепак, беше објавено дека клубовите не можеле да се договорат за сумата за трансфер што ќе ја придружува оваа размена.

Минатата сезона Лукаку играше како позајмен во Рома. На 47 натпревари за клубот постигна 21 гол и четири асистенции. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 30 милиони евра.