Чаби Алонсо: Имаме само теоретски шанси за одбрана на титулата
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е свесен дека шансите на тимот да ја одбрани титулата во Бундеслигата се минимални.
„Мора да бидеме реални и да кажеме дека имаме само математички шанси да ја освоиме титулата во Бундеслигата“, изјави Алонсо, пренесуваат денеска германските медиуми.
На четири кола до крајот на Бундеслигата, тимот од Леверкузен е на второто место на табелата со осум бода помалку од првопласираниот Баерн Минхен.
Леверкузен до крајот на сезоната ќе игра натпревари против Аугсбург, Борусија Дортмунд, Фрајбург и Мајнц, додека Баерн ќе се сретне со Мајнц, Лајпциг, Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм.
Консеисао: Не паметам кога последен пат Милан освои две титули во сезона
Тренерот на Милан, Серж Консеисао, зборуваше за својата иднина по поразот од Аталанта во Серија А.
Славниот италијански тим тоне се подлабоко и подлабоко. Веќе во првата полусезона стана јасно дека нема да се борат за титулата во Серија А, а сега со 33 бода се се подалеку од местото на табелата кое води на едно од европските натпреварувања, па големи се шансите следната сезона да не учествуваат на ниту едно меѓународно натпреварување.
Милан ја има речиси единствената реална шанса да стигне до Европа доколку го освои Купот на Италија. Во среда во полуфиналето ќе се сретне со Интер (прв натпревар 1:1), што е меч кој според тамошните медиуми би можел да ја реши судбината на Португалецот на клупата на клубот.
„Откако пристигнав, го освоив Суперкупот и победив во првиот меч од Серија А и покрај тоа сите зборуваа кои тренери кои би можеле да дојдат во Милан.
Во фудбалот сум 40 години, ако мене ме прашате се е во ред, но луѓето со кои работам ги следат сите овие приказни и тоа не ни помага да се стабилизираме. Мораме да работиме денес за да бидеме подобри утре. Искрено понекогаш ми е тешко кога гледам со колку малку почит зборуваат луѓето за тренерот на Милан како никогаш да не сум бил во соблекувалната, како никогаш да не сум бил во фудбалот. Тоа не е точно. Мојата однина е утре, да го подготвам мечот со Интер на најдобар начин и да го освоиме трофејот. Не знам кога последен пат Милан освоил два трофеи во една сезона, но тоа не е нормално“, изјави Консеисао.
Ван Дајк застана во одбрана на Александер-Арнолд
Капитенот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк ја коментираше ситуацијата со бекот, Трент Александер-Арнолд, кој вчера на мечот со Лестер влезе како замена и им донесе победа на „црвените“.
Познато е дека договорот на 26-годишниот дефанзивец ќе истече на крајот од сезоната и тој ќе го напушти клубот како слободен играч. Според одредени најави, Арнолд ќе замине во Реал Мадрид.
„Секој има мислење за тоа што се случува. Има многу врева околу него и некои би можеле да речат дека тоа е негова вина но, тоа е дел од животот”, изјави Ван Дајк.
Одложени фудбалските натпревари во Италија заради смртта на Папата
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите денешни натпревари се прекинати поради почит кон починатиот папа Франциско.
Одлуката се однесува на сите нивоа на натпреварување – од највисоката лига Серија А до аматерски натпревари.
Во соопштението на Федерацијата се вели дека „тагува поради смртта на папата Франциско“.
Слот му даде поддршка на Трент, Ливерпул пред крунисување во ПЛ
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, не крие дека е задоволен од победата на гостувањето кај Лестер со која е направен значаен чекор кон освојување на титулата во Премиер-конкуренцијата.
„Доминиравме на целиот натпревар иако противникот имаше добри моменти. Тие се обидува да играат квалитетен фудбал а ние пропуштивме многу шанси.
Секој тренер во светот би му дозволил на Трент да игра. Тој работеше многу напорно во изминатите пет и половина недели за да се врати на теренот“, рече Слот.
Маскерано: Меси не е задоволен од своите настапи за Интер Мајами
Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, одговори на прашање во каква состојба е напаѓачот Лионел Меси по победата над Колумбус (1-0) во натпреварот од регуларниот дел од МЛС лигата. Тренерот на Интер Мајами: Меси не е задоволен од својот настап
Аргентинецот го одигра целиот натпревар на теренот, но не успеа да постигне гол.
„Меси е добро. Зборував со него во соблекувалната. Тој не е задоволен од својата изведба, но добро е“, изјави Маскерано по мечот.
Вкупно, Меси оваа сезона настапи на 10 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 8 гола и 3 асистенции.
Диого Коста од Порто пред потпис со Сити
Раководството на Манчестер Сити размислува да го ангажира голманот на Порто, Диого Коста ова лето, пренесе британски „Мирор“. Сити купува голман од Порто
„Граѓаните“ сметаат дека оваа сума е превисока и очекуваат дека ќе можат да го купат играчот за 50 милиони, со оглед на добрите односи меѓу новиот спортски директор на англискиот клуб Уго Вијана и агентот на играчот – Жорге Мендеш.
Коста оваа сезона забележа 41 настап за Порто во сите натпреварувања, задржувајќи ја мрежата „сува“ дури 18 пати.
Неговиот договор со португалскиот клуб е до летото 2027 година.
Дембеле: Колективните трофеи се поважни од „Златната топка“
Осман Дембеле кој со Пари Сен Жермен пред време ја обезбеди титулата во Франција и воедно влезе во плу-финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека не размислува за престижната награда – „Златна топка“.
„Борбата за „Златната топка“? Најважно е што ПСЖ сега игра како тим. Има уште долг пат да се помине и за мене нема ништо поважно од колективните трофеи”, изјави Дембеле.
ПСЖ во елитната конкуренција на Европа го очекуваат пресметките со Арсенал кој успеа да го елиминира бранителот на тронот, Реал Мадрид.
Џеко ќе го замени Фенер со Хајдук?
Турскиот новинар Бариш Јурдусевен тврди дека Един Џеко во наредната сезона ќе го носи дресот на Хајдук, босанскиот напаѓач веќе го потпишал и договорот.
Уште минатото лето се шпекулираше за трансфер на Џеко во Хајдук, тогаш не се случи, но новинарот вели дека овојпат работата е завршена.
Актуелниот договор на Џеко со Фенер истекува по крајот на сезонава и тој нема да биде продолжен.
Турскиот новинар пред да ја соопшти информацијата за Џеко, прво се пофали дека и во минатото имал ексклузиви кои биле точни.
„Јас прв реков дека Тадиќ потпиша за Ајакс, а европските медиуми ја искористија таа вест и ме цитираа мене и ТРТ Спорт! Сега објавувам за нов тим на Џеко. Џеко веќе потпиша со Хајдук за наредната сезона. Тој има и приватна компанија таму“, напиша новинарот на социјалните мрежи.
Џеко во две сезони за Фенербахче одигра 94 натпревари, даде 44 голови и имаше 18 асистенции.
Орсолини го потопи Интер, Серија А супер-интересна во битката за титулата
Фудбалерите на Болоња го победија Интер (1-0) во 33.коло во Серија А.
На овој расплет најмногу се радува Наполи, кој сега има ист број бодови како „нероаѕурите“, со подобра гол-разлика тимот од Милано, бидејќи скорот меѓу нив е изедначен.
Уморен од Лигата на шампионите, Интер потклекна во четвртата, последна минута од судиското надополнување.
Рикардо Орсолини акробатски ја зафати топката со левата нога по центаршут и го совлада Јан Сомер.
Болоња освои важни бодови на „Ренато Дал’Ара“ против актуелниот шампион и моментално е четврта со 60 бодови, што е бод повеќе од Јувентус, кој допрва треба да гостува во Парма во понеделник.
Во следното коло Интер ја пречекува Рома, додека Болоња ќе гостува кај Удинезе.