фудбал

Борнмут потроши богатство и го купи Еванилсон од Порто

Досегашниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец,
Еванилсон кариерата ќе ја продолжи во Борнмут.
Според најавите Еванилсон до крајот на денот би требало да
пристигне во Англија каде што ќе ги помине лекарските прегледи
и ќе потпише повеќегодишен договор со Борнмут.
Англискиот тим се согласил да плати оштета од 47 милиони евра,
а португалскиот клуб успеа да договор и право на 10% од сумата
од следниот трансфер на бразилскиот фудбалер.
Еванилсон во Порто пристигна во 2020 година и од тој момент
одигра 42 натпревари и постигна 25 голови. За репрезентацијата
на Бразил дебитираше оваа година.


Монако и Милан го договорија трансферот на Фофана

Од Милан конечно постигнаа договор со Монако за доведување
на играчот од средниот ред Јусуф Фофана.
Двата клуба ќе склучат договор во вкупна вредност од 25 милиони
евра, а се очекува играч да пристигне во Милано уште вечерва
или најдоцна утре.
Фофана одамна постигна договор со „росонерите“ за
четиригодишен договор со плата од 3 милиони евра по сезона.

Проблемот досега беше во цената, бидејќи Монако инсистираше
да добие 35 милиони евра, иако договорот на играчот истекува
следното лето.


Конте го сака Мектоминеј во Неапол

Наполи е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред
на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј , објави Скај Спортс.
Според изворот, „црвените ѓаволи“ го ценат 27-годишниот
Шкотланѓанец на 30 милиони евра и не размислуваат да го
позајмат играчот.
Мектоминеј е производ на школата на Манчестер Јунајтед и
напредуваше од академијата до главниот тим. Договорот на
играчот со клубот е до летото 2025 година. Трансфермаркт го
цени играчот од средниот ред на 32 милиони евра.
Минатата сезона Мектоминеј одигра 43 натпревари, постигна 10
гола и даде 3 асистенции. Вкупно, Шкотланѓанецот одигра 253
натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 29+8 во
системот гол+аистенција. Мектоминеј го освои ФА Купот и
англискиот Лига куп со Манчестер Јунајтед.


Никола Секулов го замени Јувентус со Сампдорија

Екипата на Сампдорија и официјално го потврди трансферот на поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Никола Секулов.

Секулов долго време беше дел од младинските категории на Јувентус, а во минатата сезона беше позајмен и во Кремонезе.

Трансферот во тимот кој го води легендарниот Андреа Пирло ќе биде шанса за него да се докаже во сениорскиот фудбал.

Договорот кој го потпиша Секулов со Сампдорија е со важност до 2028 година.


Борнмут се пофали со Мексиканецот Хулиан Алварез

Англискиот фудбалски состав Борнмаут се пофали преку социјалните мрежи дека го ангажирал Хулијан Араухо кој потпиша договор до 2029 година. Дефанзивецот беше купен од Барселона за околу 10 милиони евра.

Десниот бек практично нема одиграно ниту еден меч во дресот на Каталонците бидејќи настапуваше како позајмен во Лас Палмас. Мексиканскиот интернационалец откако го загуби првотимскиот статус, се определи да се соочи со нов предизвик и да замина во Англија.

Араухо има одиграно 13 натпревари за мексиканската селекција а има искуство и од шампионатот на САД или МЛС лигата. Таму играше за ЛА Галакси.


Димитриевски може да се врати во Рајо?

Шпанскиот Рајо Ваљекано има три позиции на кои очекува
засилување, а една од нив е голманската позиција.
Батаља беше еден од кандидатите за пристигнување во Ваљекас
за покривање на голот, но името на Столе Димитриевски во
последните денови влегува како можна опција.
Управата на Рајо стапила во контакт со Валенсија за да го врати
Димитриевски на позајмица.
Македонецот пристигна на Местаља со идеја да го замени
Мамардашвили чија продажба се чинеше сигурна, но доцнењето
на заминувањето на Грузиецот предизвикува голманот да дочека
можно враќање во Рајо за кого бранеше шест години.


Пеп го сака Луис Диаз како замена за Алварез

Луѓето од фудбалскиот состав, Манчестер Сити, постигнаа договор за трансфер со 27-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул, Луис Диаз.

Според одредени извори, „граѓаните“  сакаат да платат за потписот на Колумбиецот 70 милиони евра а нему да му дадат договор за пет сезони.

Диаз во претходната сезона се појави на 51 меч за „црвените“ на кои даде 13 голови и имаше пет асистенции за погодок.


Нерес приоритет на Конте во Наполи

Италијанскиот фудбалски состав Наполи се обидува да издејствува трансфер на играчот на Бенфика, Давид Нерес, тврдат медиумите на „чизмата“.

Калчо-лигашот нуди 25 милиони евра иако португалците инсистираат на 30-ет. Наполи му нуди на Нерес договор на пет години со плата од три милиони евра.

Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, сака да има повеќе опции во нападот и затоа инсистира на трансфер и на Ромелу Лукаку.


Греј ја менува НБА лигата со грчки АЕК

Koшаркарот, Рејкван Греј, кој беше одбран од страна на Портланд на НБА драфтот во 2021 година, неочекувано може да дојде во Европа.

Имено, 25-годишниот поентер кој во претходната сезона одигра три меча за екипата на Сан Антонио со просек од 8 кошеви и три скокови, добил понуда од грчкиот АЕК.

Засега нема потврда дека Греј ќе се определи да замине од НБА конкуренцијата.


Ливерпул го продаде Карваљо во Брентфорд

Ливерпул го продаде Фабио Карваљо откако беше продаден во редовите на Брентфорд за сума од 22,5 милиони фунти.

Младиот Португалец дојде од Фулам во 2022 година, но не се изнаигра кај Јирген Клоп, па лани беше испратен на позајмици најпрвин во Лајпциг, а потоа и во редовите на Хал.

Карвалјо настапуваше на подготвителните средби во САД, постигна и голови против Арсенал и против Манчестер Јунајтед, но тренерот Арне Слот јасно му стави до знаење да не се надева на посериозна минутажа, по што тој реши да си замине од клубот.