фудбал

Бруно Лаж не е повеќе тренер на Вулверхемтон

Англиските медиуми ја потврдуваат веста дека фудбалскиот клуб Вулверхемтон го отпушти тренерот Бруно Лаж.

Отказот за Лаж следува после 16 месечна соработка и серијата на лоши резултати на екипата. Тимот на Вулверхемтон под водство на Португалецот оствари само една победа а загуби девет пати на последните 15 натпревари во Премиер лигата.

Управата на клубот не е задоволна од резултатите и формата на екипата бидејќи во летниот преоден рок се потрошени повеќе од 100 милиони фунти за купување на нови играчи.


Халанд сака да заигра во сите најдобри европски лиги

Халанд сака да заигра во сите најдобри европски лиги

Таткото на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, Алф Инге, во документарецот „Халанд, големата одлука“ вели дека неговиот син се одлучи својата фудбалска кариера после Борусија Дортмунд да ја продолжи во Манчестер Сити, бидејќи англискиот клуб има најдобар проект за иднината.

Во документарниот филм Алф открива и дека неговиот син има желба да се испроба играјќи во сите најдобри европски лиги.

„Ерлинг би можел да остане во секоја лига максимално три до четири години. Тој помина две и пол години во Бундеслигата, сега нека одигра неколку години во Англија, па потоа уште толку во Шпанија, Италија“, порачува таткото на Халанд. 


Евертон заработи казна од ФА поради влегување на навивачите на теренот

Евертон заработи казна од ФА поради влегување на навивачите на теренот

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Евертон со парична казна од 300 илјади фунти поради влегувањето на навивачите на теренот после натпреварот во Премиер лигата со Кристал Палас минатата сезона.

Евертон на дуелот славеше победа над Кристал Палас на свој терен и обезбеди опстанок во Премиер Лигата. После завршетокот на натпреварот навивачите на Евертон влегоа на теренот за да ја прослават победата заедно со своите играчи.

Фудбалската асоцијација на Англија овај потег го процени како заканувачко и насилно однесување на домашните навивачи, а од Евертон признаа дека не успеале да ги контролираат навивачите кои на теренот имаа близок контакт со гостинскиот тренер Патрик Вијера.


Тод Биели го купува Портимоменсе

Тод Биели го купува Портимоменсе

Сопственикот на Челзи, Американецот Тод Боли е заинтересиран за купување на уште еден фудбалски клуб.

Боли веќе го ангажирал португалскиот фудбали агент Жорге Мендеш како консултант на Челзи, а му дал и прва конкретна задача да најде соодветен тим за купување во неговата земја. Португалецот ја исполни својата задача и му овозможил на Боли први разговори за купување на клубот Портимоненсе. Тимот моментално е четврти во лигата и се уште не успеал да го освои националното првенство во повеќе од еден век историја.


Челзи го договорил Нкунку, РБ Лајпциг ќе добие 60 милиони

Челзи го договорил Нкунку, РБ Лајпциг ќе добие 60 милиони

Челзи веќе постигнал прелиминарен договор со напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку, пишува новинарот Николо Шира.

Во јуни 24-годишниот напаѓач го продолжи договорот со клубот од Лајпциг до летото 2026 година, а во договорот има и ослободителна клаузула од 60 милиони евра.

„Билд“ додава дека веќе овој месец Нкунку бил на лекарски прегледи во Франкфурт кои се поврзани со договорот со Челзи. Оваа сезона Нкунку постигна 6 гола и направи 1 асистенција на 11 натпревари за РБ Лајпциг во сите натпреварувања.


Барса ги продава ветераните за да го намали платниот список

Барселона сака да го намали платниот список за речиси 200 милиони евра. Според „Диарио Спорт“, во следните две години каталонскиот клуб има намера да продолжи да работи на намалување на списокот за плати.

Во моменто платниот список на Барселона е тежок 610 милиони евра. Во клубот сметаат дека идеалната опција би била да трошат 420-450 милиони евра за плати. Барселона смета дека оваа сума ќе му овозможи на клубот да остане конкурентен.

Клучот за падот на платите е иднината на капитените на тимот Жорди Алба, Серхи Бускетс и Жерар Пике. Ако си заминат следното лето, тогаш Барса ќе биде многу поблиску до посакуваниот буџет за плати.


Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ

Аргентинскиот напаѓач во екипата на ПСЖ, Лионел Меси нема да го продолжи договорот со парижаните, објави новинарот Микел Бласкез на својот Твитер профил.

Претходно Меси изјави дека конечно се адаптирал во Франција и повторно ужива во фудбалот. Беше објавено дека Барселона размислува за враќање на аргентинскиот напаѓач во клубот.

Меси за парижаните игра од 2021 година, каде што се пресели од Барселона. Договорот на напаѓачот со клубот е до 2023 година.

По осум одиграни кола во францускиот шампионат, Меси постигна четири гола и даде седум асистенции. Во рамките на Лигата на шампионите, по две средби, Аргентинецот има еден гол и една асистенција.


Јуве има огромен долг и го тресе голема финансиска криза

Сериозните финансиски загуби кои Јувентус ги најави за изминатата година најверојатно ќе ја принудат „старата дама“ на драстични мерки.

Екипата од Торино објави рекордни загуби од 254,3 милиони евра. По завршувањето на сезоната се очекува да си заминат неколку играчи што добиваат високи плати со што ќе се  олесни буџетот и ќе се балансираат финансиите.

Станува збор за Хуан Куадрадо, Адриен Рабиот, Анхел Ди Марија и Алекс Сандро.


Халанд: Баерн ми беше втор избор после Сити

Норвешката фудбалска звезда Ерлинг Халанд, открива интересни детали за неговиот трансфер во Манчестер Сити. Напаѓачот за своето решение за трансфер во Сити зборува во документарниот филм „Големата одлука“.

Халанд во документарецот открива дека голем број на играчи на Сити го наговарале да потпише за клубот после четвртфиналето во ЛШ со Борусија Дортмунд. Една од битните работи за неговата одлука бил и фактот дека тренер на Сити е Гвардиола кој според него е најдобар тренер во светот.

Според Халанд, Манчестер Сити бил најдобар тим на неговата листа за трансфер, а на второ место бил Баерн Минхен. Како трет клуб го споменува Реал а после него ПСЖ.


Инвеститор од САД го купува Евертон

Американецот Мациек Камински, инвеститор со седиште во Минесота, е на чекор да го купи англискиот фудбалски прволигаш Евертон за 400 милиони фунти, пренесуваат денеска британските медиуми.     

Истите извори наведуваат дека преговорите меѓу сегашниот сопственик Фархад Мосхири и малку познатиот американски бизнисмен се во поодмината фаза, меѓутоа и натаму се комплицирани поради нестабилниот финансиски пазар во Велика Британија. За евентуален договор за продажба на Евертон е потребно одобрение од раководството на Премиер лигата. 

Евентуалната продажба на Евертон на Камински ќе значи дека половина од 20 премиерлигашки клубови ќе имаат американски акционери.