фудбал

Конте шпекулациите околу неговиот премин во Јувентус ги нарече непочитување

Италијанскиот стручњак и тренер на Тотенхем Антонио Конте, гласините околу неговиот можен премин во Јувентус ги нарече непочитување кон него и кон тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри.

„Само што ја започнавме сезоната. Многу пати сум велел и пак ќе речам дека сум среќен во Тотенхем. Имам одличен однос со сопственикот на клубот. Не гледам зошто би имало проблеми во иднина“, изјави Конте.

Антонио Конте минатата сезона успеа да го врати Тотенхем во Лигата на шампионите, а оваа година е непоразен во првите седум кола и го зазема третото место во Премиер лигата.

Италијанецот во минатото ја освојувал титулата во Серија А и како играч но и како тренер на Јувентус.


Мегваер ќе го пропушти градското дерби на Манчестер

Англискиот дефанзивец во екипата на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е можно да го пропушти натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Сити, објави „Дејли Мејл“.

Според информациите, дефанзивецот се повредил на натпреварот за Англија во натпреварот од Лигата на нации против Германија. Играчот можеби нема ни да влезе во составот на тимот за оваа средба.

Мегваер остана два часа на стадионот „Вембли“ по дуелот против Германија. Според „Мирор“, дефанзивецот сакал да разговара со селекторот на Англија, Герет Саутгејт за неговата игра. Мегваер направи две грешки, а како резултат на тоа, повторно беше подложен на сериозни критики.


Мерет добива нов договор во Наполи

Наполи се договори за нов договор со голманот Алекс Мерет, кој би можел да стане слободен играч на крајот од сезоната.

25-годишниот италијански репрезентативец ќе потпише договор со „наполитанците“ до јуни 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Наполи решил да го задржи Мерет откако не успеале да се договорат за голманот на ПСЖ, Кејлор Навас.


Бензема подготвен за натпреварот со Осасуна

Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема изјави дека ќе биди подготвен за претстојниот дуел со Осасуна во рамките на седмото коло од Примера. Натпреварот помеѓу двата клуба на распоред е на втори октомври.

Бензема поради повреда на тетивата и мускулот од десната нога имаше пауза од три недели.

Францускиот фудбалер оваа сезона за Реал одигра шест натпревари и постигна четири гола. Кралскиот клуб е прв на табелата во Ла Лига со 18 бодови.


Сити спремен да се раздели со Бернардо Силва

Манчестер Сити може да дозволи играчот од средниот ред Бернард Силва да замине во друг клуб во 2023 година, доколку „Граѓаните“ добијат рекордна понуда за играчот.

Актуелниот шампион на Англија ќе биде подготвен да го продаде 28-годишниот фудбалер следното лето доколку добие понуда од 100 милиони евра, пишува „Манчестер Ивнинг њуз“.

Наводно Барселона би можела да се обиде да го ангажира Португалецот во зимскиот преоден рок доколку успее да се ослободи од непосакуваните играчи. Во овој случај, Каталонците ќе можат да ги вложат добиените средства во купување на Бернардо Силва.

Бернардо Силва се пресели во Манчестер Сити во 2017 година. Заедно со тимот освои 11 трофеи. Оваа сезона играчот забележа 10 настапи за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола и 3 асистенции.


Челзи следното лето го купува Нкунку

Германскиот весник Билд пренесува дека напаѓачот на РБ Лајпциг Кристијан Нкунку, следното лето ќе се пресели во Челзи.

Според информациите на Билд, Нкунку веќе реализирал тајни медицински прегледи со лекари од Челзи и најверојатно клубот од Лондон ќе ја активира неговата откупна клаузула од 60 милиони евра веќе следното лето

Кристијан Нкунку е најдобар стрелец на германскиот бундеслигаш Лајпциг со кој има договор до 2026 година.


Тјери Анри со критики за ВАР технологијата

Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри излезе со критика за ВАР технологијата тврдејќи дека ја уништува радоста во играта.

Анри изјавил дека не се противи на воведувањето на видео технологија на фудбалските стадиони, меѓутоа тврди дека се губи доста време на прегледување на спорните снимки, и истакнува дека системот мора да се забрза.

Анри во моментот е помошник селектор на белгиската репрезентација, а како фудбалер има настапувано за Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона и Њујорк.


Лукаку речиси сигурно го пропушта дуелот со Рома

Италијанските медиуми информираат дека напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку речиси сигурно ќе го пропушти претстојниот првенствен натпревар против Рома, бидејќи уште се опоравува од повредата.

Според Газета дело Спорт, Лукаку има само само пет посто шанса да биде на располагање за саботниот натпревар.

Белгискиот фудбалер веќе еден месец има проблеми со повреда на мускулот па затоа и понатаму тренира надвор од екипата.

Дуелот помеѓу Интер и Рома се игра во сабота.


Рамирез ја заврши кариерата на 35-годишна возраст

Поранешниот играч за врска на Челзи, Рамирез, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. Во моментов бразилскиот фудбалер има 35 години.

„Одвоив малку време за размислување, би сакал да ја објавам одлуката да се повлечам од професионалниот фудбал. Најпрво сакам да му се заблагодарам на Бога што ме поучи и ме доведе до највисоки спортски резултати.

Благодарност до сите клубови за кои играв. Секогаш ќе ги држам овие тимови и нивните навивачи во моето срце. Им благодарам и на бразилската репрезентација за шансата да играм на две светски првенства, тоа ми донесе задоволство. Благодарен сум на сите соиграчи, персонал, тренери и директори со кои имав задоволство да работам. Благодарност до моето семејство, мајка, деца, браќа и вистински пријатели.

Ви благодарам многу што бевте покрај мене сите овие години, радувајќи се на секое мое достигнување како да е ваше. Тоа ми даде сила и ме мотивираше. Сега ќе тргнам по друг пат, но ќе го сторам тоа со истата храброст и среќа што ги имав во моето детство, кога, наспроти сите шанси, ја напуштив мојата населба во Рио за да го освојам светот. Благодарам за се!“ , напиша Рамирез на своите социјални мрежи.

Да потсетиме дека во текот на кариерата Рамирез настапуваше за лондонски Челзи, Лисабон Бенфика, кинески Џиангсу Сунинг, како и за бразилските Палмеирас и Крузеиро.


Нојер и Горецка пак во тренажен процес, повредите се минато

Голманот Мануел Нојер и играчот од средниот ред Леон Горецка се вратија на тренинзите со Баерн Минхен и ќе можат да учествуваат на следниот натпревар од Бундес лигата против Баер Леверкузен на 30 септември, објави „Кикер“.

Двајцата играчи беа на заедно со репрезентацијата на Германија, но утрото во средата, 21 септември, добија позитивни резултати од тестот за коронавирус и беа изолирани од тимот, брзо напуштајќи го хотелот. Репрезентативците кои стапиле во контакт со заразените фудбалери на Баерн биле тестирани секојдневно.

Нојер и Горецка пропуштија два натпревари на Германија во Лигата на нации на УЕФА против Унгарија и Англија. Германците загубија од Унгарците со резултат 0-1, а средбата со Англија заврши нерешено 3-3.