фудбал

ПСЖ плаќа 30 милиони евра за Шкрињар

Францускиот шампион Париз Сен Жермен планира да се засили во зимскиот преоден рок кој започнува на први јануари 2023. 

Според информациите од медиумите во Италија, ПСЖ ќе му понуди на Интер 30 милиони евра за ангажман на дефанзивецот Милан Шкрињар.

Договорот на фудбалерот од Словачка со Интер истекува на крајот од сезоната, но челниците на клубот од Париз очигледно нема да го чекаат летото и да го доведат Шкрињар како слободен играч, бидејќи им е потребно брзо засилување за одбраната.

Шкрињар за Интер игра од 2017 година кога пристигна од Сампдорија.


Мурињо го сака дефанзивниот бисер на Ајакс

Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто, се насочил кон 21-годишниот дефанзивец.

„Копјаниците“ за неговиот потпис ќе бараат минимум 45 милиони евра. Тимбер е производ на академијата на Ајакс а дебитираше за првиот тим во 2019 година. За екипата од Амстердам има 84 натпревари, 4 голови и 2 асистенции.

Тој за репрезентацијата на Холандија одигра 10 натпревари.


Пулишиќ се сели од Челзи во Јувентус?

Италијанскиот Калчомеркато пренесува дека фудбалскиот клуб Јувентус започнал преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ за негов трансфер од Челзи.

24-годишниот американски репрезентативец е расоложен за преселба во Италија, бидејќи не е задоволен од неговиот статус во клубот од Стенфорд Бриџ. Цената која би ја платиле челниците на Јувентус би изнесувала околу 42 милиони евра.

Пулишиќ го носи дресот на Челзи од 2019 година каде за 64 милиони евра пристигна од Борусија Дортмунд, а неговиот договор со клубот од Лондон истекува во 2024 година.


Њукасл сериозно заинтересиран за доведување на Мудрик

Според медиумите од Англија, екипата на Њукасл Јунајтед има големи шанси за ангажман на фудбалерот на Шахтјор Михаило Мудрик.

21-годишниот Мудрик веќе подолг период е трансфер мета на голем број познати клубови меѓу кои Баерн Минхен и Арсенал. Меѓутоа според најновите информации, во трката за крилниот напаѓач сериозно се вклучил и Њукасл од каде подготвиле понуда од 50 милиони евра.

Мудрик според многумина е иднината на украинскиот фудбал, а неговиот договор со Шахтјор е со важност до 2026 година.


Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржува во Ротердам и Еншеде

Завршниот турнир од фубалската Лига на нации ќе биде одржан од 14.до18.јуни наредната година во холандските градови Ротердам и Еншеде.

Пласман на завршниот турнир обезбедија репрезентациите на Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.

Европската фудбалска асоцијација-УЕФА, уште не соопштува кога ќе биде одржана жрепката за полуфиналните парови.


Робен не знае дали ќе остане во светот на фудбалот

38-годишниот, Арјен Робен, кој имаше блескава фудбалска кариера во повеќе европски екипи, проговори за неговите планови.

„Мојата сопруга работи два дена во неделата, па морам два дена да бидам куќна помошничка. Што се однесува до работата со младинскиот тим, убаво е да се вклучиш во играта на тој начин. Можеби за пет години ќе бидам главен тренер или технички директор или можеби ќе бидам менаџер во Маркет“ – вели Робен.

Холанѓанецот кој потекнува од школата на Гронинген, имаше можност да настапува и за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен.


Кулушевски: Конте ме препороди

Дејан Кулушевски не го крие задоволството од своите настапи во Тотенхем каде игра како позајмен играч на Јувентус. Тој се надева дека клубот од Лондон на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор.

Не бев среќен во Јувентус, па трансферот во Тотенхем беше најдобра одлука за мене. Пресреќен сум од соработката со Конте. Никогаш претходно не сум видел поголем мотиватор од него. Неговите зборови доаѓаат право во вашето срце“, истакнува Кулушевски во интервју за Газета дело Спорт.

Оваа сезона во Тотенхем, Кулушевски одигра седум натпревари во Премиер лигата, при што постигна еден гол и забележа три асистенции.


Паредес: Не изградив некој однос со Килиан Мбапе

Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти ПСЖ во текот на летото и се пресели во Јувентус,  проговори за неговиот однос со Килијан Мбапе.

Аргентинецот вели дека не изградил никаков однос со Французинот и дека главно се дружел со фудбалерите од Јужна Америка.

„Мбапе? Јас едноставно не сум човекот кој може да каже било што за него. Јас едноставно немав никаков однос со Мбапе“ – вели Паредес.


Диего Далот ќе добие нов договор во Манчестер Јунајтед

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Диого Далот, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Британија.

Неговиот договро истекува на крајот на сезоната но, „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат најмалку до 2024 година.

23-годишниот фудбалер сакаше во текот на летото да си замине од – „Олд Трафорд“ но, доаѓањето на Тен Хаг значително ја промени неговата улога во тимот.


Македонија според ФИБА ранг листата е на 53.место

Меѓународната кошаркарска федерација-ФИБА, после завршувањето на Евробаскетот, Купот на Азија и Купот на Америка ја објави најновата ранг листа.

Кошаркарската селекција на Македонија на најновата листа има пад од едно место и сега се наоѓа на 53.позиција во светот, односно 28.позиција во Европа. Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат најголем напредок од репрезентациите во регионот. 

На првото место од ФИБА ранг листата останува репрезентацијата на САД, потоа следува Шпанија, а третото место му припаѓа на Австралија.