фудбал

РБ Лајпциг ја постави цената за Шешко

Напаѓачот на Лајпциг, 21-годишниот Бенјамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија во вторникот британските медиуми.

Репрезентативецот на Словенија сезонава игра во одлична форма. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 гола и даде пет асистенции.

Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово би можел да направи трансфер, бидејќи може да биде активирана откупната клаузула која би можела да изнесува 80 милиони евра, во зависност од бројот на одиграни натпревари, голови и асистенции, откри инсајдерот Флоријан Плетенберг.

Британските медиуми тврдат дека англиските гиганти Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал би сакале да го ангажираат Шешко.

Како 16-годишник, Шешко се пресели од Домжале во австриски Ред Бул Салцбург во летото 2019 година за два и пол милиони евра. По четири сезони во Австрија, тој во јули 2023 година пристигна во сестрински клуб, германски Лајпциг, за сума од 24 милиони евра.

„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.


Мурињо: Роналдо Назарио е поголем од Меси и Кристијано

Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч.

За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата.

Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат силни аргументи на своја страна.

Меѓутоа, Мурињо има поинакво мислење. Тој верува дека има еден играч кој го надмина гореспоменатиот тандем. Станува збор за легендарниот Роналдо Назарио, за кого славниот тренер тврди дека неговиот талент ги надминува сите други играчи.

„Кристијано Роналдо и Меси имаа најдолги кариери, тие беа на врвот секој ден 15 години, но ако зборуваме стриктно за талент и вештина, никој не е подобар од Бразилецот Роналдо. Кога го видов во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел“.


Реијндерс доби нов договор во Милан

Холандскиот фудбалер Тијани Реијндерс ја продолжи соработката со екипата на Милан, потврди италијански клуб

Тој со новиот договор треба да остане кај „росонерите“ до летото во 2030 година. Играчот кој дејствува на средината на теренот пристигна на стадионот „Сан Сиро“ во 2023 година откако го напушти тимот на АЗ Алкмар.

Реијндерс за калчо-лигашот има постигнато 16 голови на 90 натпревари.


Флик не го сака Нејмар во Барса

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на Нејмар, пишува „Diario Sport“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната.

Сепак, Флик преферира млади играчи и интензивен фудбал.

Предлогот за враќање на Нејмар официјално не се разгледува во клубот, што укажува на недостиг на консензус во спортското раководство. Дополнително, потписот на Бразилецот може да го попречи и неизвесната финансиска состојба на Барселона.


Раниери парично казнет од УЕФА

Тренерот на италијанската екипа Рома, Клаудио Раниери, беше казнет од УЕФА со 20.000 евра поради критичките забелешки кон судијата Тобијас Штилер и првиот човек на судискиот совет Роберто Розети по првиот плеј-оф натпревар од Лигата на Европа со Порто (1:1), објави Фудбал Италија.

Според изворот, Раниери сугерирал дека судијата бил пристрасен и бил незадоволен од исклучувањето на играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте. Критиките на 73-годишниот специјалист се проширија и на Роберто Розети. Тренерот ја доведе во прашање неговата одлука да го именува Штилер за судија на натпреварот.

Тој истакна дека во претходните 22 натпревари на кои судел Штилер, гостинските тимови имале само девет нерешени натпревари, а сите останати биле домашни победи.


Работнички и Вардар ќе играат во „Куќата на фудбалот“ во Скопје

Вонредното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во среда го носи и соседското дерби меѓу Работнички и Вардар кое овојпат нема да се игра на „Градски“.

Поради гостување на репрезентацијата на Велс, стадионот е затворен со цел да се подобри тревната подлога, па Работнички и Вардар нема да можат да играат на арената.

Во среда со почеток од 14 часот Работнички ќе го пречека Вардар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ.


Јуве ја „скрши“ Верона и врза пет победи по ред во Серија А

Јувентус со 2-0 ја совлада Верона и се врати на четвртата позиција во Серија А. Прва на гол се израдува Верона, Суслов во судиското продолжение постигна прекрасен погодок, но за среќа на Јуве му беше поништен поради офсајд.

Домаќините долго се мачеа за да дојдат до водство, тоа конечно се случи во 73. минута кога Турам постигна гол за водство од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Копмајнерс во 90. минута од натпреварот.


Левандовски руши рекорди: На 37 години ја игра сезоната на кариерата!

Роберт Левандовски се препороди под водство на Ханси Флик, иако има 37 години, тој игра во голема форма оваа сезона.

Со 21 гол Левандовски е прв стрелец во Ла Лига, има четири повеќе од Мбапе. Во сите натпреварувања полскиот напаѓач има 34 голови сезонава.

Тоа е неговиот најдобар биланс откако е дојден во Барселона. Во првата сезона даде 33 голови, а во втората 26.

Бројката од 34 голови може да биде значително поголема кога сезоната ќе заврши бидејќи Барселона ја очекуваат најмалку уште 15 натпревари. 12 во Ла Лига, два во Лигата на шампионите и еден во Копа дел Реј. Бројката на мечеви може да биде и поголема во зависност од тоа како Каталонците ќе напредуваат во ЛШ и шпанскиот куп.


Упамекано и Баерн постигнаа согласност за нов договор

Договор за продолжување на соработката меѓу Баерн и дефанзивецот Дајот Упамекано е во завршна фаза, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Преговорите траеја околу две недели и двете страни дале согласност за нов договор.

Актуелниот договор на Упамекано е до летото 2026 година.

Transfermarkt ја проценува вредноста на 26-годишниот Французин на 50 милиони евра.

Оваа сезона фудбалерот има постигнато два гола на 30 натпревари.

Баерн е убедлив лидер во Бундеслигата со осум бодови предност пред второпласираниот Баер Леверкузен.


Бензема од љубов кон Реал не потпишал за друг европски клуб

Францускиот голгетер Карим Бензема во своето последно интервју зборуваше за неговото заминување од Реал Мадрид и одлуката да ја напушти Европа со трансферот во Саудиска Арабија.

Според Французинот, тој го известил првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез дека сака да си замине затоа што Винисиус и Родриго веќе биле подготвени да го наследат и да ја преземат неговата улога во тимот.

Европа како што вели ја напуштил затоа што не сакал да се соочи против Реал Мадрид.

„Во Ал Итихад се чувствувам убаво, станувам, тренирам и понекогаш одам на вечер. Во Реал Мадрид освои се, дојдов како дете, заминав како маж. Сакав да си заминам кога се уште сум во најдобра форма. Реал Мадрид е најголемиот и најдобриот клуб во светот, заминав од Европа за да не играм против него“, изјави Бензема.