фудбал

Тухел ризикува депортација од Велика Британија

Манчестер Јунајтед го собори рекордот по трошење пари за плати во Премиер лигата. Клубот од Манчестер вчера ги претстави резултатите од минатата финансиска година и објави дека потрошиле 384,2 милиони фунти за плати на играчите – 61,6 милиони повеќе од една година претходно.

Според „Гардијан“, Манчестер Јунајтед го собори рекордот во Премиер лигата за трошење на плати. Тој претходно беше во сопственост на Манчестер Сити, чиј платен список изнесуваше 355 милиони фунти.

Зголемувањето на трошоците за плата се должи на трансферот во Манчестер Јунајтед на напаѓачот Кристијано Роналдо, крилниот напаѓач Џејдон Санчо и дефанзивецот Рафаел Варан.


Малдини има 40 милиони евра за нов напаѓач

Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на млад напаѓач, а Малдини ќе има солиден буџер за тоа. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Малдини одредил буџет од 40 милиони евра, а има список од три имиња.

Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Жиру е во зрели фудбалски години, па Милан сака да донесе млад напаѓач. Прво име на списокот е Ноа Окафор од Салцбург, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти. Другото име е 21-годишниот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, кој минатата сезона блесна во дресот на Саутемптон.

Расмус Хојлунд од Аталанта исто така е на списокот на Малдини, но 19-годишниот напаѓач се уште треба да го покаже својот потенцијал.


Легендарниот Бразилец Кака ќе трча на маратонот во Берлин

Бившиот бразилски фудбалер Кака ќе има свое деби на тркачкиот маратон во Берлин.

40-годишниот Бразилец кој имаше успешна кариера во Реал Мадрид и Милан, истакнува дека мотив за трката му дала борбата на неговиот татко со корона вирусот  кој поминал во болница 45 дена и за среќа успешно се опоравил.

Освојувачот на златниот медал од Светското првенство во 2002 година вели дека маратоните се посебни бидејќи на нив можат да се натпреваруваат заедно и аматери и професионалци.


УЕФА го стопира процесот за проширување на Европското првенство

УЕФА се откажува од идејата за европско првенство со 32 тима наместо досегашните 24. Ваквата опција се појави во последниве месеци, каде се зборуваше дека постои шанса на ЕП 2028 да се зголеми бројот на учесници. Сепак, последните информации тврдат дека оваа идеја ќе биде укината, тврди „Тајмс“.

Последен пат бројот на учесници на ЕП беше зголемен во 2016 година, кога од 16 се искачија на 24 селекции. Сега имаше шанса уште повеќе да се зголемат на 32 репрезентации. Сепак, излегува дека ТВ станиците во Европа се спротивставиле на оваа идеја и тоа е причината поради која таа беше откажана.

Доколку се прифати новата идеја, тоа ќе значи дека повеќе од половина од 55-те квалификации ќе се пласираат на завршницата на ЕП. Во оваа ситуација, сепак, турнирот сигурно ќе го загуби квалиетот и ќе има премногу тимови кои ќе бидат неконкурентни.


Австриец ќе го суди дуелот Македонија – Бугарија

Maкедонската фудбалска репрезентација денес од 18:00 часот го игра натпреварот против Грузија во рамките од Лигата на Нации, а додека сме во исчекување на таа средба пристигна информација за натпреварот со Бугарија в понделеник.

Бугарија и гостува на Македонија во последното коло од Лигата на Нации, ако сакаме да се бориме за првото место потребни ни се две победи. УЕФА денес го одреди судијата за натпреварот во Скопје, а тоа ќе биде Австриецот Јулијан Вајнбергер.

На Вајнбергер ќе му помагаат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицергер и Александар Харкам сите од Австрија.


Арсен Венгер верува дека Арсенал може стигне до шампионската титула во Премиер лигата

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер, верува дека клубот од Лондон оваа сезона има реални шанси да стигне до титулата во Премиер лигата.

Венгер во изјава за Скај Спортс вели дека шансата ја гледа бидејќи не гледа друг тим кој е супер доминантен во моментов, и дека ова е совршена можност за Арсенал и тренерот Артета да се вмешаат во битката за титулата.

Венгер беше последниот тренер кој го предводеше Арсенал до шампионската титула во Премиер лигата во сезоната 2003/04 година, со тимот на славните „непобедливи“.


Кристијано Роналдо обвинет за непристојно и агресивно однесување

Англиската фудбалска федерација го обвини играчот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, за непристојно и агресивно однесување после натпреварот од Премиер лигата против Евертон одигран на 9.април минатата сезона.

По завршувањето на натпреварот Португалецот на еден од навивачите на Евертон му го скрши телефонот замавнувајќи кон него со раката. Подоцна се дозна дека се работи за 14-годишно момче со аутизам. 

Роналдо подоцна се извини за инцидентот, меѓутоа фудбалска федерација на Англија дури сега одлучи да отвори официјална истрага околу случајот и да покрене обвинение против фудбалерот.


Давид Силва казнет со 1080 евра поради напад на жена

Медиумите во Шпанија ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Реал Сосиедад Давид Силва е казнет со 1080 евра поради напад на жена за време на карневал одржан на Канарските Острови.

Инцидентот се случил на 19.јули во летовалиштето Маспаломас, а во него учествувале и братот на Силва и уште една личност, а жената претрпела повреда на вратот и раката.

Искусниот Давид Силва во кариерата го има носено дресот на Валенсија, Еибар, Селта, Манчестер Сити, а од 2020 година е фудбалер на Реал Сосиедад.


Бремер доби дозвола за заигра за бразилската репрезентација

Дефанзивецот на Јувентус, Глејсон Бремер, доби дозвола од раководството на клубот да се приклучи во таборот на репрезентацијата на Бразил.

Централниот дефанзивец има лесна повреда, но и покрај тоа клубот од Торино реши да не му ја одземе можноста за првпат во кариерата да биде дел од селекцијата на Бразил. Тоа е прва покана за Бремер, кој ќе има шанса да дебитира во дресот на Бразил на било кој од претстојните тестови против Гана на 23 септември или против Тунис на 27 септември, во зависност од неговото здравје и одлуката на селекторот Тите.

Меѓу другото, оваа прозивка е исклучително вредна за Бремер бидејќи доаѓа на помалку од два месеци пред Светското првенство во Катар. Така, 25-годишниот дефанзивец може да се надева дека ќе биде меѓу избраниците на Тите за СП во Катар на крајот на годината.


Манчестер Јунајтед минатата сезона направи загуба од 115,5 милиони фунти

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопшти дека во минатата сезона оствари нето загуба од 115,5 милиони фунти, иако приходите биле зголемени за 18 одсто, односно 583,2 милиони фунти.

Финансискиот извештај покажува дека загубата во однос на минатата година е зголемена за 23,3 милиони фунти.

Клупскиот долг исто така пораснал од 419,5 милиони фунти за минатата година до 514,9 милиони фунти оваа година. Платите за играчите во клубот изнесувале рекордни 384,2 милиони фунти што претставува највисок износ во историјата на Премиер лигата. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити кој на играчите им исплатил 355 милиони фунти.