фудбал

Гвардиола: Де Брујне наскоро пак ќе биде на терените

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне
наскоро ќе се врати од повредата откако го пропушти ремито со
Арсенал на домашен терен викендов, изјави менаџерот, Хосеп
Гвардиола.
Де Брујне има проблем со препоните, повреда што ја доби против
Интер во Лигата на шампионите во средата.
„Мислам дека ќе се опорави за кратко време. Не можам да кажам
точно колку време ќе му треба и не знам дали ќе биде подготвен
за натпреварот со Њукасл, но нема да биде надвор од терените
долго време“, изјави Гвардиола.


Халанд ќе мине неказнето по инцидентот со Габриел

Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија
нема да изрече дополнителни казни за неколкуте инциденти меѓу
фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал за време на дербито
во неделата.
Во фокусот беше голгетерот на „граѓаните“ Ерлинг Холанд, кој по
израмнувачкиот гол на Џон Стоунс во 98. минута, со топката во
тилот го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел, а малку
подоцна имаше и пресметка со дефанзивецот.
ФА објави дека инцидентот бил разгледан од судијата во ВАР, Џон
Брукс и затоа не може да има дополнителни прегледи. ФА смета
дека немало ниту еден инцидент што бил доволно сериозен за
дополнително да се истражи.


Марка: Винициус ќе ја освои „Златната топка“

Фудбалерот на Реал, Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната
топка“.
Според весникот „Марка“, Бразилецот веќе знае дека на 28
октомври на церемонија во театарот „Шателе“ во Париз ќе ја
добие награда од „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во светот
за сезоната 2023/24.
Минатата сезона Винисиус ја освои Ла Лига, Лигата на
шампионите и Суперкупот на Шпанија со Реал Мадрид. На 49
натпревари имаше 13 асистенции, постигна 26 гола, вклучително
и гол во финалето на Лигата на шампионите и три гола во
финалето на Суперкупот против Барселона.


Кејлор Навас опција да го замени повредениот Тер Штеген

Барселона славеше убедливо со 1-5 против Виљареал во шпанското првенство, но во победата како црна дамка остана тешката повреда на голманот Марк Андре Тер Штеген.

Германскиот чувар на мрежата поради оваа повреда ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци, па според последните информации клубот би можел да побара негова замена.

Преодниот рок е затворен и поради тоа опција за Барселона би биле само голманите кои немаат клуб. На пазарот квалитетни, а слободни скоро и да нема, но се издвојува едно име.

Поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид, Кејлор Навас е без клуб откако му заврши договорот со Пари Сен Жермен во мај. Имаше понуда Костариканецот од саудискиот Ал Хилал, но ја одби.

Во кариерата Навас во Реал Мадрид помина пет години и освои три титули во Лигата на шампионите, собра вкупно 162 настапи. Клубот го напушти по доаѓањето на Тибо Куртоа по што се пресели во ПСЖ. Минатата сезона ја помина како позајмен играч во ПСЖ.


Малиновски го чека операција и долга пауза

Фудбалерот од средниот ред на Џенова, Руслан Малиновски, имаше успешна операција откако заработи фрактура на потколеницата на викенд натпреварот против Венеција во Серија A.

Тој беше заменет по пет минути игра во вториот дел и изнесен на носилки од теренот. Веста за операцијата ја потврдија и од италијанскиот клуб.

„Фудбалерот Руслан Малиновски кој доби повреда на десниот скочен зглоб на мечот со Венеција беше опериран во клиниката во Удине“, се вели во соопштението од Џенова.


Челзи е спремен да испрати понуда до Лаутаро Мартинез

Челзи ова лето не успеа да донесе напаѓач од светска класа и тоа ќе биде приоритет на „сините“ за следното лето.

Најголема желба на лондонскиот гигант ќе биде ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез за кого нема да жалаат пари да го доведат на „Сантиаго Бернабеу“.

Цената на Аргентинецот е повисока од 100 милиони евра, но Челзи е спремен во зделката да вклучи и некои свои фудбалери.

Имено, Челзи покрај пари ќе ги понуди и Михајло Мудрик, Чуквуемека и Бадијашил, фудбалери за кои Интер покажуваше интерес ова лето.


ПСЖ спремен да испрати понуда за Исак од Њукасл

ПСЖ сака да доведе врвен напаѓач, а прв на листата желби е ѕвездата на Њукасл, Александер Исак, пренесуваат англиските медиуми.

Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најдбрите играчи на Њукасл, кој на „Сент Џејмс Парк“ во 2022 година пристигна за 70 милиони фунти.

ПСЖ е најсериозен кандидат за потписот на Исак, бидејќи е во потрага по квалитетен напаѓач, а Њукасл најверојатно ќе мора да го продаде за да го покрие финансискиот фер-плеј.

ПСЖ го сака напаѓачот и ова лето, но во јануари е спремен да понуди 85 милиони фунти за неговиот потпис.


Алваро Валес од Лас Палмас ќе биде замената за Тер Штеген во Барса

27-годишниот голман на Лас Палмас, Алваро Валес може да го замени голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој тешко се повреди на натпреварот од 6. коло од шпанското првенство со Виљареал (5:1). Ова го објави новинарот на Радио Марка, Сантијаго Нарваес.

Според изворот, еден од кандидатите за замена на Германецот бил шпанскиот голман на Лас Палмас, кој не е во прв план по трансферот на 35-годишниот Холанѓанец Јаспер Силесен во тимот во текот на летото. Можноста за стекнување на 27-годишниот Шпанец од Барселона ќе се појави во јануари, кога ќе се отвори зимскиот преоден рок.

Да потсетиме, Валес настапува за Лас Палмас од јули 2019 година. Актуелниот договор со клубот е до крајот на јуни 2025 година. Минатата сезона голманот настапи на 37 натпревари, на кои прими 44 гола, а неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.


Левандовски: Со Флик играме далеку поофанзивен фудбал

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека токму германскиот стручњак Ханс Дитер Флик ја променил играта на каталонскиот тим.

„Почнавме да играме повеќе напред. Мојата работа е да постигнувам гол, да се обидувам да ја освојам топката и да го напаѓам просторот. Мислам дека играме добро како тим, а денес тоа го докажавме со пет гола“, рече Левандовски по натпреварот со Виљареал.

Левандовски оваа сезона учествуваше на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Пазарната вредност на фудбалерот во моментов е 15 милиони евра.


Зубименди се предомисли, сега очајно сака трансфер во Ливерпул

Мартин Зубаменди ова лето имаше понуда од Ливерпул, но истата ја одби и одлучи да остане во Реал Сосиедад. Но, според последните информации сега се кае и повторно го контактирал клубот од „Енфилд“.

Зубименди го сврте вниманието на себе со одличните настапи во дресот на Сосиедад минатата сезона, а беше и одличен за Шпанија на Европското првенство Германија. Ливерпул за неговите услуги во текот на летото нудеше 50 милиони евра и изгледаше дека трансферот ќе се заврши.

Меѓутоа шпанскиот дефанзивец изненади кога им порачал дека нема да ја прифати понудата и ќе остане во Сосиедад затоа што смета дека тоа е најдобра одлука за него во овој момент од кариерата.

Зубиаменди сега смета дека сепак погрешил. Клубот од „Сан Себастијан“ очајно ја отвори сезоната и по шест натпревари има само една победа и четири освоени бодови, па во таква ситуација тој го обновил контактот со надеж дека Ливерпул во јануари би се одлучил да го доведе.