Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски репрезентативец, Жил Кунде.
Французинот имаше добра сезона, но не игра на својата природна позиција, па е спремен да го напушти клубот.
Од друга страна Барселона планира да продава играчи за да остане во границите на финансискиот фер-плеј, но не сака да го пушти Кунде за помалку од 60 милиони евра.
Челзи покажува најсериозен интерес и веќе стапил во контакт со Барселона за евентуален трансфер во јануари.
Голманот Ромеро предизвика хаос на дербито во Буенос Аирес
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро е во центарот на вниманието по инцидентот на трибините по Суперкласикото меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс. По последниот судиски свиреж Ромеро упадна на трибините на стадионот.
Натпреварот заврши со победа на Ривер Плата од 1:0, откако единствениот гол го постигна Мануел Ланцини во 20. Минута. По натпреварот настана хаос на трибините на стадионот кога видно исфрустриран Ромеро влезе во тунелот. Следувало викање и фрлање предмети, при што голманот не можел да се држи настрана и се вратил да се пресмета со навивачите.
Алегри опција за Јунајтед ако Тен Хаг добие отказ
Манчестер Јунајтед се подготвува за можна тренерска промена. Англиските медиуми пишуваат дека раководството на Јунајтед веќе некое време го има намета италијанскиот стратег Масимилијано Алегри како можна замена за Тен Хаг.
Италијанецот го напушти Јувентус на крајот од минатата сезона, иако во два мандати на Јувентус му донесе пет шампионски титули. Тој и претходно беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но конкретни преговори никогаш не се одржаа.
Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Мадрид
Шпанскиот стратег Чаби Алонсо се етаблираше во еден од најдобрите млади тренери, но сепак ова лето одлучи да остане во Леверкузен и да игра во Лигата на шампиони.
Според информациите „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, пренесуваат медиумите блиски до Реал Мадрид.
Анчелоти ја минува последната година на кормилото на Реал, а Алонсо на лето ќе дојде како негов наследник. Притоа, Шпанецот сака со себе во Мадрид да ја доведе и ѕвездата на Леверкузен, Флоријан Вирц.
Камавинга започна да тренира, наскоро се враќа на терените
Едуардо Камавинга следната недела ќе почне да тренира со соиграчите од Реал Мадрид, соопшти тренерот на европскиот клупски шампион Карло Анчелоти.
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид е повреден од натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал и Аталанта во средината на август, каде победи Реал Мадрид со 2:0.
„Тој се чувствува добро и е многу важен за нашиот тим. Преку него ќе можеме да ротираме во нашиот среден ред. Очекувам Камавинга да продолжи со тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија денес.
21-годишниот француски репрезентативец првично требаше да паузира најмалку шест недели. Реал Мадрид е домаќин на Еспањол во натпревар од Примера во сабота навечер.
Саудијците сакаат да го купат Атлетико Мадрид
Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но како што стојат работите тоа нема да се случи.
Имено, Саудијците сакале да го искористат тоа што „Ријад Ерлајнс“ е главен спонзор, а директорот на Атлетико Гил Марин има пакет акции во атлетико во последните 20 години.
Сепак како што објави „Мундо Депортиво“ неформалните разговори за продажба на клубот завршиле неуспешно. Наводно, од Атлетико им соопштиле дека немаат намера да го продадат клубот, барем не во наредните три години.
Реал им ги израмни платите на Белингем и Винициус со Мбапе
Со цел да нема никакви проблеми и потреси во соблекувалната, како и љубоморни сцени, Дон Флорентино Перез одлучи на Винисисус и Белингем да им го зголеми платите по 5 милиони евра.
Се со цел овие двајца имаат исти плати како и Килијан Мбапе, кој е платен 15 милиони евра нето. Па така сега сите три најголеми ѕвезди на “кралевите“ според договорите ќе имаат исти плати.
Сепак, Мбапе од Реал Мадрид годишно добива најмалку 50 милиони евра нето. На тие 15 милиони треба да се додаде и специјалниот бонус од 100 милиони евра на пет рати, како и големиот процент од продажбата на неговиот дрес.
Челзи размислува да го продаде Мудрик
Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик би можел да ја смени клупската средина во зимскиот преоден рок и да замине од Челси.
Лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со украинскиот репрезентативец и ќе ги слушне сите понуди, пренесуваат англиските медиуми.
Според истите извори, за украинскиот крилен напаѓач се заинтересирани Баерн, Марсеј и клубови од англискиот Чемпионшип.
Три клуба го сакаат Вирц, фаворит е европскиот првак
\
Весникот „Билд“ објави дека Реал Мадрид се наметнува како главен за фаворит за потписот на фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц.
Наводно, германците се расположени да се разделат со одличниот напаѓач доколку добијат понуда од најмалку 150 милиони евра.
Во исто време за 21-годишниот голгетер се заинтересирани и составите на Манчестер Сити и на Баерн Минхен.
Јакировиќ заработи отказ, Динамо бара нов тренер
Сергеј Јакировиќ повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2).
Динамо Загреб сега е во потрага по нов тренер. Сергеј Јакировиќ беше на клупата на хрватскиот гигант точно 60 натпревари, забележа вкупно 41 победа, со девет нерешени и десет порази. Динамо успешно го водеше до двојната круна, но во последната сезона често пати беше критикуван за недоволно офанзивниот стил на игра и споменатите лоши резултати во домашниот шампионат.
Сега управата на Динамо Загреб треба брзо да реагира затоа што тимот го очекува жесток ритам на првенствени и натпревари од Лигата на шампионите во наредните недели и месеци.
Како кандидати кои би можеле да седнат на клупата на Динамо Загреб се споменуваат имињата на Ненад Бјелица и до неодамна предводникот на Ријека, Жељко Шопиќ, кои во моментов се без ангажман. Се појави и името на поранешниот селектор на Хрватска Нико Ковач, но тешко веројатно дека некогашниот тренер на Баерн Минхен ќе се врати во Загреб.