фудбал

АЕК со голема фешта го пречека Марсијал

Околу 2.000 навивачи на АЕК Атина синоќа му приредија импресивно добредојде на новото засилување на грчкиот тим – Ентони Марсијал. На аеродромот во Атина, поддржувачите на тимот пееја песни, го скандираа неговото име и запалија факели, создавајќи неверојатна атмосфера.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед пристигнува со слободен трансфер, а неговиот договор ќе биде на 3 години. Французинот во овој период ќе добие 7,5 милиони фунти со што ќе стане најскапо платен фудбалер во историјата на АЕК.

28-годишниот Марсијал разговараше и со други тимови, вклучувајќи го и бразилскиот Фламенго, но на крајот го избра грчкиот гигант.


Македонија 72-ра на ФИФА ранкинг-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на иста позиција на најновата ФИФА листа која е објавена денес за месец септември.

Нашиот национален тим по двете средби со Фарски Острови и Ерменија, еден нерешен резултат и победа, остана на 72. место на рангирањето на ФИФА. Пред Макеоднија е селекцијата на Исланд, а зад нас се Северна Ирска, Црна Гора, БиХ, Бахреин, Хондурас и останатите…

На врвот меѓу најдобрите во светот нема промени. Аргентина е лидер, пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија кои ја соченуваат првата десетка.

Од нашите противници во Лигата на нации, Ерменија е на 96-то место, Летонија е 137 место, додека Фарски Острови се 140-ти.


Одегард доби лоши вести, ќе паузира подолго заради сериозноста на повредата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека капитенот на тимот Мартин Одегард.

Медицинските прегледи покажаа дека станува збор за посериозна повреда и тоа го потврди тренерот Микел Артета.

„Снимката покажа дека има оштетување особено на еден од лигаментите на коленото. Тоа е нешто што е големо. Ќе бидеме без него некое време“, изјави Артета.

Ова е лоша вест за Арсенал бидејќи Одегард е исклучително важен за тимот.


Лапорт во јануари доаѓа во Реал Мадрид?

Ајмерик Лапорт минатото лето го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср.

Тоа беше изненадувачка одлука на шпанскиот дефанзивец, кој сега ја признава грешката и сака да се врати во Европа.

Со настапите на Европското првенство покажа дека се уште игра на врвно ниво, па интерес за него покажува Реал Мадрид.

Лапорт не е задоволен од животот во Саудиска Арабија и сака да се врати во Европа, а Реал сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по дефанзивец.

„Кралевите“ ќе се обидат да го доведат во јануари, но Лапорт ќе мора да прифати намалување на актуелната плата.


Хрватот Јуриќ е нов тренер на Рома

Италијанскиот фудбалски клуб Рома веднаш го најде наследникот на отпуштениот тренер Даниеле Де Роси.

Нов тренер на тимот ќе биде Иван Јуриќ. Договорот меѓу двете страни е само до следното лето, но автоматски ќе биде продолжен за уште една година ако Рома успее да се квалификува за Лигата на шампионите, што не им се случило во последните шест години.

Според информациите, Јуриќ веднаш ќе почне со работа на чело на „волчивата“ и ќе ја води денешната тренинг сесија.

49-годишниот стручњак ќе дебитира како тренер на тимот на неделниот натпревар на домашен терен против лидерот во Серија А, Удинезе.


Енди Керол потпиша за Бордо

Некогашниот англиски фудбалер Енди Керол потпиша за Бордо. Францускиот гигант поради финансиски проблеми испадна во четвртиот ранг во Франција.

Тој во Бордо пристигна од француски Амиен, тим која се натпреварува во Лига 2 и сега заминува два ранга подолу.

Англичанецот за Бордо потпиша како слободен играч, а досега во кариерата настапуваше за Њукасл, Престон, Ливерпул, Вест Хем, Ридинг, ВБА и на крајот во Франција.


Стуани собори рекорд: Стана најстар стрелец во Лигата на шампионите

По натпреварот од првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите на УЕФА меѓу францускиот Пари Сен Жермен и шпанска Џирона стана јасно дека го имаме највозрасниот дебитант во ова натпреварување.

На оваа средба во стартниот состав на Џирона влезе 37-годишниот уругвајски напаѓач Кристијан Стуани. Така, тој стана најстариот надворешен играч кој дебитирал во Лигата на шампионите во 21 век.

Според „Опта Спортс“, само 40-годишниот Тасос Митропулос дебитирал во Лигата на шампионите на постара возраст за Олимпијакос во 1997 година. Во 21 век немаше дебитанти во ова натпреварување постари од Уругваецот.

Стуани се приклучи на Џирона во летото 2017 година од Мидлсброу. Трансферот изнесуваше 2,5 милиони евра. Оваа сезона Уругваецот учествуваше во четири натпревари од сите натпреварвања, на кои постигна два гола. Неговиот договор со клубот е со важност до летото 2026 година.


Фермин Лопез одново се повреди, го чека нова кратка пауза

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез заработи уште една повреда, објави синоќа весникот „Спорт“.

Играчот од средниот ред на Барселона започна со лесни тренинзи со соиграчите откако заработи повреда на бутот за време на кампот со репрезентацијата на Шпанија до 21 година на самиот почеток на септември.

Лопез, кој сега има 21 година, заработи повреда на десната нога и најверојатно нема да игра во следните неколку недели.

Фермин Лопез одигра 3 натпревари оваа сезона во Ла Лига каде Барселона е лидер со максимални 15 бодови.


Пиоли промовиран во нов тренер на Ал-Наср

Стефано Пиоли ќе биде новиот тренер на гигантот од Саудиска Арабија Ал-Насер, пишува Фабрицио Романо. Двете страни постигнаа договор, 58-годишниот тренер ќе го наследи Луис Кастро кој доби отказ.

Се очекува Пиоли денеска да потпише раскин на договорот со Милан, а потоа да се пресели во Саудиска Арабија. Специјалистот беше отстранет од функцијата на крајот на сезоната. Веднаш потоа Пиоли ќе лета за Ријад да го потпише договорот со Ал-Насер.

Кристијано Роналдо и соиграчите имаа лош почеток на сезоната во Саудиска Арабија и покрај одличниот тим што го направија ова лето. Тимот го зазема седмото место на табелата со 5 бода.


Аслани го продолжи договорот со Интер

Екипата на италијанскиот шампион Интер покажа дека има доверба во Кристијан Аслани со кого потпиша нов договор.

Интер и Аслани се договорија за соработка на дополнително уште една година и сега тој се обврза на верност до 2028 година.

Во редовите на Интер Аслани пристигна во 2022 година од тимот на Емполи. Прво играше на позајмица од 4.5 милиони евра за потоа да биде откупен за уште 10.

За Интер вкупно одигра 64 натпревари и постигна еден гол.