фудбал

УЕФА одби интонирање на британската химна во чест на кралицата

УЕФА одби интонирање на британската химна во чест на кралицата

Европската куќа на фудбалот, УЕФА синоќа го одби барањето на Челзи, Манчестер Сити и Ренџерс за интонирање на британската химна пред почетокот на нивните натпревари во второто коло од Лигата на шампионите.

Разбирливо е дека британските клубови посакувале химната да се интонира во спомен на кралицата Елизабета Втора, која почина минатиот четврток.

„Нема да се свират национални химни, туку само химната на Лигата на шампионите, врз основа на одржување на доследната церемонија пред натпреварот, во тишина и без никакви славенички активности на терените во Обединетото Кралство, со што ќе покажеме почит како што направивме во четвртокот“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Челзи утревечер ќе го пречека Салцбург, Сити ќе игра со Борусија Дортмунд, додека натпреварот помеѓу Ренџерс и Наполи е одложен за среда поради организациски проблеми поврзани со националната жалост поради смртта на кралицата.


Ван Дајк: Победата над Ајакс е чекор напред за нас

Ван Дајк

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк зборуваше за притисокот врз тимот по победата во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА против Ајакс (2:1).

„Не слушајте ги луѓето однадвор, тоа е најважно. Смешно е – има многу поранешни фудбалери кои знаат низ што поминуваме, но кажуваат многу работи за да се обидат и да не повредат. Знаеме дека нашата игра минатата недела беше неприфатлива, но сега направивме чекор во вистинската насока“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул оваа сезона освои три бода во Лигата на шампионите. „Црвените“ се на второто место на табелата во својата група. Од друга страна, Ајакс е на третото место со три бода, а во ова агрупа играат уште Наполи и Ренџерс.


Позната платата на Халанд, повеќе пари во Сити заработува само Де Брујне

Позната платата на Халанд

Новото засилување на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е вториот 

најплатен играч на клубот. Тоа го пренесува „The Sun“. Според изворот, норвешкиот напаѓач добива 433.000 евра неделно или 22,5 милиони евра годишно.

Само еден играч добива повеќе од Халанд во Манчестер Сити – играчот од средниот ред Кевин Де Бруин. Според договорот потпишан во април 2021 година, Белгиецот добива 462.000 евра неделно (24 милиони евра годишно).

Во осум настапи за Манчестер Сити, 22-годишниот Халанд постигна 12 гола и имаше една асистенција. Договорот меѓу двете страни беше потпишан на пет години. Ерлинг Халанд дојде на „Етихад“ од Борусија Дортмунд.


Атлетико спремен да го откупи договорот на Гризман

Атлетико спремен да го откупи договорот на Гризман

Атлетико Мадрид и Барселона се блиску до нов договор за Антоан Гризман, објавија медиумите во Шпанија и Франција.

Се очекува клубот следното лето да плати 25 милиони евра за стекнување на правата на играчот. Францускиот крилен напаѓач е втора година на позајмица на „Ванда Метрополитано“ од Каталонците, а во договорот меѓу двете страни беше вклучена откупна клаузула вредна 40 милиони евра.

Сепак, со оваа сума не се задоволни од Атлетико Мадрид и токму поради оваа причина Гризман од почетокот на сезоната влегува во игра главно како резерва, така што условите кои автоматски би ги активирале договорите кои двете страни ги постигнале не би биле исполнети.


Гави останува во Барселона до 2026 година, обештетување од милијарда евра

Гави останува во Барселона до 2026 година, обештетување од милијарда евра

Младиот фудбалер на Барселона, Гави, се согласи на продолжување на договорот со каталонскиот клуб до 2026 година.

Гави на петти август наполни 18 години, а минатата сезона беше префрлен од вториот во првиот тим на Барселона.

Тој ќе може да го напушти клубот од „Камп Ноу“ пред истекот на новиот договор само во случај некој друг клуб да плати обештетување од една милијарда евра. 

Гави за Барселона одигра 53 натпревари и постигна два гола. За шпанската репрезентација има одиграно 10 натпревари на кои постигна еден гол.


Џон Стоунс подготвен за дуелот на Сити и Борусија Дортмунд во ЛШ

Џон Стоунс подготвен за дуелот на Сити и Борусија Дортмунд во ЛШ

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека дефанзивецот во тимот, Џон Стоунс, се опоравил од повредата и дека ќе биде на располагање за натпреварот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер Сити го дочекуваат Дортмунд во рамките на второто коло од групата Г во ЛШ.

Сити во првото коло ја совлада Севиља на гостински терен со 4:0, а тој дуел поради повреда го пропушти Стоунс. 


Кристијано Роналдо одбил 242 милиони евра од Ал Хилал?

Кристијано Роналдо одбил 242 милиони евра од Ал Хилал?

Дел од португалските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, одбил понуда од 242 милиони евра за да потпише двегодишен договор со клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Водечките луѓе на првакот на Саудиска Арабија имале желба да го направат Португалецот убедливо најплатен фудбалер на светот и дополнително да ја засилат екипата.

Меѓутоа, Роналдо наводно ја одбил оваа висока понуда, бидејќи сакал да остане да игра високо ниво на фудбал и да настапува во тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Се споменуваа голем број на клубови каде тој би ја продолжил својата кариера, како Атлетико Мадрид, Спортинг Лисабон, Наполи и Баерн Минхен, меѓутоа Роналдо на крајот остана во Манчестер Јунајтед.


Адеми го очекува 100-ти настап за Динамо Загреб во Европа

Адеми го очекува 100-ти настап за Динамо Загреб во Европа

Капитенот на Динамо Загреб и репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми, на претстојниот натпревар од Лигата на шампиони со Милан на Сан Сиро, ќе прослави извонреден јубилеј – 100 настапи за Динамо во европските натпреварувања.

Адеми долг период е лидер на тимот од Загреб, и беше еден од најзаслужните поединци за вредната победа над Челзи во првото коло од Лигата на шампионите, за што беше прогласен за МВП на средбата.


Италијанската Серија А воведува полуавтоматски офсајд

Италијанската Серија А воведува полуавтоматски офсајд

ФИФА најави дека полуавтоматскиот офсајд ќе се користи на Светското првенство Катар, а веќе „дебитираше“ и во Лигата на шампионите на мечот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен.

Дел од фановите не се задоволни, но факт е дека модернизацијата и подобрувањето на ВАР е иднината на фудбалот. За тоа доказ се последните вести од Италија.

Серија А планира да го забрза процесот на воведување полуавтоматски офсајд и оваа технологија Италијанците би можеле да ја воведат пред почетокот на Светското првенство. Идејата за забрзување доаѓа после големиот превид на натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана.


Кимпембе надвор од фудбалските терени најмалку шест недели

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен објави дека дефанзивецот на екипата и репрезентативец на Франција, Преснел Кимпембе поради повреда ќе отсуствува од теренот најмалку шест недели.

Кимпембе доживеа повреда на бутниот мускул од левата нога, во завршницата на првенствениот натпревар со Брест кој ПСЖ го доби со 1:0.

Наредниот преглед и контрола, фудбалерот ќе го има после осум дена, се наведува во соопштението на клубот.