фудбал

Тен Хаг одлучил Рашфорд да биде прв напаѓач во Манчестер Јунајтед

Извори блиски до Манчестер Јунајтед пренесуваат дека тренерот на екипата Ерик тен Хаг одлучил Маркус Рашфорд да биде прв напаѓач во тимот, и дека очекува од него да постигне преку 20 гола оваа сезона.

Тен Хаг не е воодушевен од незадоволниот Роналдо и има се поголема доверба во Рашфорд. Холандскиот стручњак е свесен декa португалскиот напаѓач сака да си замине од клубот и повеќе не сака да губи време со него. Најверојатно Роналдо ќе го почека зимскиот преоден рок за да го напушти клубот од Олд Трафорд, а Тен Хаг нема намера да го спречи во тоа.

Рашфорд сезонава постигна три гола и притоа додаде уште две асистенции со што очигледно е подобрувањето на неговата голгетерска форма.


Монца го отпушти тренерот Стропа

Италијанскиот клуб Монца поради лошите резултати го отпушт тренерот Џовани Стропа, и на негово место го назначи Рафаело Паладино.

Стропа минатата сезона ја предводеше Монца до најдобриот резултат во својата историја, пласман во Серија А, меѓутоа после шест кола од новата сезона, Монца успеа да освои само еден бод.

Новиот тренер Паладино своето деби ќе го има во недела против Јувентус, тим за кој во минатото има одиграно повеќе од 50 натпревари.


Реал Мадрид одбил огромна понуда од Ливерпул ова лето

Ливерпул во последните денови од преодниот рок понудил рекордна сума за клубот за трансфер на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, Од Ливерпул биле подготвени да платат околу 100 милиони евра за трансферот на Уругваецот два дена пред затворањето на преодниот рок, но мадридскиот клуб одбил да го пушти играчот. После тоа, Ливерпул на една сезона го позајми Бразилецот Артур од Јувентус.

Така овој трансфер би можел да стане најскапиот во историјата на англискиот клуб. Во моментов тоа е трансферот на Вирџил ван Дајк за 84,65 милиони евра во Ливерпул од Саутемптон. Валверде е во Реал Мадрид од 2016 година. Трансфермаркт го цени играчот на 70 милиони евра.


Арда Турaн ја заврши кариерата на 35 години

На 35 години турскиот ветеран Арда Туран одлучи дека е време да објави крај на кариерата. Еден од најдобрите турски фудбалери во изминатата децениај и половина објави дека повеќе нема да игра професионален фудбал.

Во минатата сезона контроверзниот фудбалер го носеше дресот на Галатасарај, меѓутоа по завршувањето на договорот не сакаа да му ја продолжат соработката.

Најголемиот трансфер во кариерата Туран го направи во 2015 година кога за 35 милиони евра премина од Атлетико Мадрид во Барселона. Сепак во Каталонија не ги исполни очекувањата и се покажа како едно од најголемите промашувања на овој клуб.


Несторовски: Среќен сум што останав во Удинезе

Илија Несторовски конечно почнува да добива минутажа во Удинезе, македонскиот напаѓач одигра два натпревари под водство на Андреа Сотил и забележа една асистенција.

Нестор асистираше против Монца кон крајот на август за победа од 2-1, а во последнното коло откако влезе во игра Удинезе направи пресврт и победи со 3-1 против Сасуоло.

На почетокот од сезоната Удинезе е едно од најпријатните изненадувања во Серија А. Тимот на македонскиот напаѓач има четири победи на шест натпревари.


Салихамиџиќ: Нагелсман уште го бара својот стил на игра

Салихамиџиќ: Нагелсман уште го бара својот стил на игра

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изјави дека тренерот на екипата, Јулијан Нагелсман, и понатаму го бара својот стил на игра кој би го применувал шампионот на Бундеслигата.

Салихамиџиќ изјавата ја дал откако некои германски медиуми ја пренесоа веста дека дел од фудбалерите на Баерн, но и членови од раководството не биле задоволни од работата на тренерот Нагелсман.

„Јулијан сеуште го бара својот стил. Никогаш претходно тој немал на располагање ваква екипа. Не е лесно кога во екипата имаш толку играчи кои сакаат постојано да настапуваат. Тренерот има отворена дискусија со играчите и мора да биде ист со секој од нив“, изјави Салихамиџиќ.

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека некои фудбалери мислат дека тренерот на Баерн треба да ги преиспита своите тактички замисли и да преземе одговорност после лошите резултати.

Баерн Минхен во моментот се наоѓа на третата позиција во Бундеслигата со три победи и три нерешени натпревари.


Шкупи доби казна од УЕФА од 44.000 евра

Шкупи доби казна од УЕФА од 44.000 евра

УЕФА ја објави казната за македонскиот шампион Шкупи после испадите на навивачите за време на натпреварите во европските купови.

Клубот од Чаир од УЕФА е казнет со 44.000 евра поради користење на пиротехничи материјали и недолично однесување на навивачите. 


Бохум го отпушти тренерот Рајс

Бохум го отпушти тренерот Рајс

Фудбалскиот клуб Бохум поради лошите резултати од почетокот на сезоната во Бундеслигата, го отпушти тренерот Томас Рајс.

Бохум е втор клуб во шампионатот на Германија кој му се заблагодари на својот тренер оваа сезона, после Лајпциг кој му врачи отказ на Доменико Тедеско.

Рајс го водеше Бохум од септември 2019.година. Екипата во минатата сезона заврши на 13.место во Бундеслигата, а во првите шест натпревари од новата сезона забележа шест порази со примени 18 гола.


Шкрињар добива нов договор и највисока плата во Интер

Шкрињар добива нов договор и највисока плата во Инт

Милан Шкрињар ќе потпише нов договор со Интер според кој ќе стане фудбалерот со најголема плата во клубот.

Актуелниот договор на словачкиот фудбалер со Интер истекува по крајот на оваа сезона, тој следното лето ќе стане слободен играч доколку не потпише нов. Преговорите за нов договор ова лето беа ставени на пауза поради интересот на ПСЖ. Интер одолеа на понудите, ги одби сите, бараше најмалку 70-80 милиони евра за својот дефанзивец.

Сега италијанските медиуми тврдат дека во наредните денови Шкрињар ќе потпише нов договор со Интер и ќе стане фудбалер со највисока плата во клубот.

Ќе заработува седум милиони евра по сезона.


Викендов продолжува англиската Премиер лига

Викендов продолжува англиската Премиер лига

Англиската фудбалска Премиер лига ќе продолжи овој викенд, откако минатата недела не беа одиграни натпревари поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Поради погребот на кралицата и логистичките проблеми на полицијата, натпреварите Челзи и Ливерпул, како и Лидс и Манчестер Јунајтед се одложуваат и ќе бидат одиграни во нареден термин.

Натпреварот Брајтон и Њукасл е одложен од поодамна поради штрајк на железницата. Останатите првенствени натпревари ќе бидат одиграни според предвидените термини.