Њујорк домаќин на финалето на Светското првенство во 2026 година
Њујорк ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, 16 повеќе од досегашните 32.
Мундијалот ќе се игра во вкупно 16 градови – 11 американски (Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Атланта, Бостон, Њујорк Сити, Филаделфија, Мајами), три мексикански (Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити) и два канадски (Ванкувер, Торонто).
Отворањето на СП е на 11 јуни 2026 година на Естадио Ацтека во Мексико Сити, додека финалето е на 19 јули на Метлајф стадионот во Њујорк.
Европа ќе има 16 претставници на СП, Африка 9, Азија 8, Јужна Америка 6, Конкакаф 3 + 3 (домаќин), Океанија еден, а уште две репрезентации ќе се пласираат преку плејоф.
Родри е играч на годината според ИФФХС
Интернационалната федерација на фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го прогласи освојувачот на „Златната топка“, Шпанецот Родри за најдобар фудбалер во 2024 година.
Одлуката на ИФФХС е според резултатите кои играчите ги постигнале во една календарска година.
Родри во изборот освои 191 бод, а зад себе го остави и најголемиот конкурент за „Златната топка“, Винисиус Жуниор, кој освои 166 бода.
Далеку зад нив остана Џуд Белингем, додека во ТОП 5 се најдоа и Ламин Јамал и на делба на 5. и 6. Место, Халанд и Карвахал.
Мукоко лажел за возраста, германскиот талент е четири години повозрасен
Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во Ница. Таму постигна два гола и забележа две асистенции на 13 настапи во сите натпреварувања оваа сезона. На 12 години беше прогласен за најголем талент во светот, а денеска германски „Билд“ објави дека тој всушност е четири години постар од неговата возраст.
Мукоко е роден во Камерун, а во Германија дошол како дете. На 12-годишна возраст првпат играл за репрезентацијата до 16 години. Уште од самиот почеток се поставуваа прашања за неговата возраст бидејќи соборуваше рекорд по рекорд.
На 50 настапи во Бундеслигата до 17 години, тој постигна 83 гола и имаше 14 асистенции, додека на 23 натпревари во Бундеслигата до 19 постигна 44 гола и имаше 10 асистенции.
Сепак, најновите информации, откриени во документарецот на телевизискиот канал „ПроЗибен“, сугерираат дека тој нема 20, туку 24 години.
Неговиот наводен татко Џозеф (73) во изјава дадена под заклетва, во која „Билд“ имал увид рекол: „Знаејќи ја кривичната одговорност за лажните изјави, под заклетва изјавувам: Јусуфа Мукоко не е мој биолошки син, не е биолошки син и на мојата сопруга Мари Мукоко. Исто така, тој не е роден на 20 ноември 2004 година во Јаунде. Му извадив лажен извод од матичната книга на родените во Јаунде. Потоа отидов во амбасадата, му извадив пасош и го однесов во Германија како да е мој син. Тој всушност е роден на 19.јули 2000 година. година. Го направивме четири години помлад, па во изводот пишува дека дека е роден на 20 ноември 2004 година.
„Мојата сопруга беше вработена во агенција која работи за „Евоник“, спонзорот на Борусија Дортмунд, а јас бев вработен директно во клубот. Така добивавме пари секој месец. Не работевме”, заклучи Џозеф Мукоко.
„Билд“, прецизира дека Џозеф Мукоко, кој бил под договор како видео аналитичар и скаут, добивал 20.000 евра месечно. Покрај тоа, германските медиуми, кои отидоа во Камерун за да се обидат да ги најдат вистинските изводи од матичната книга на родените на играчот, не најдоа ништо за раѓањето во 2004 година.
Од друга страна, германските медиуми го добија изводот од матичната книга на родените на Јусуфа Мохамаду, роден на 19 јули 2000 година, кој не е мртов, што значи дека денес има 24 години. Неговиот татко е Оусман Мохамаду.
„Во сиромашниот кварт Ла Брикетери во главниот град, каде што порасна Јусуфа Мукоко, вујкото на фудбалерот вели дека неговиот вистински татко живее во вила на десет километри. И неколку соседи потврдуваат дека тука живее таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд, која сите ја познаваат. Сепак, во вилата не живее Џозеф Мукоко, туку Оусман Мохамаду“, пишува Билд, упатувајќи сериозни обвинувања.
Германскиот весник го контактирал и Саша Флиге, директорот за комуникации на Борусија Дортмунд.
Тој изјавил: „Во случајот на Јусуфа Мукоко, биолошките родители може да се најдат врз основа на официјални лични документи и изводи од матичната книга на родените издадени од германските власти.
Овие документи остануваат во сила до ден-денес и претставуваат основа за потпишување договори со клубови, домашни и странски, и секако, за избор на асоцијативни тимови како што е германската репрезентација до 21 година“.
Македонија ќе ги почне квалификациите во Вадуц
Oткако денес македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство вечерва беше одреден и распоредот.
Првиот натпревар во квалификациите Македонија ќе го игра на 22 март кога гостуваме на Лихтенштајн во терминот од 15:00 часот, додека три дена подоцна дома ќе се сретнеме со Велс.
Новите возбудувања ќе следат на 6 јуни во 20:45 часот кога дома ќе ја пречекаме Белгија, а три дена подоцна гостуваме на Казахстан од 16:00 часот.
Следниот натпревар го играме на 7 септември кога го пречекуваме Лихтенштајн, па потоа во октомври ќе одиграме два натпревари дома со Казахстан (13 октомври), а на 10-ти ќе бидеме гости на Белгија.
Квалификациите ги завршуаме на 18 оември со гостувањето во Велс.
Черчесов: Одамна не сум ја видел Македонија на дело
Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Станислав Черчесов ги оцени резултатите од ждрепката за европскиот квалификациски турнир за СП 2026 година.
„На ова ниво ждрепката игра значајна улога. Репрезентацијата на Белгија ми е добро позната – со оваа селекција веќе се сретнав на квалификацискиот турнир и на самото Европско првенство. Сега тие се подложени на реструктуирање. Што се однесува до екипите на Велс и Македонија, одамна ги немам видено на дело, така што сè уште не можам да дадам конкретна оценка.
Од петтиот шешир ја добивме екипата на Лихтенштајн. Сепак, секој противник мора да се почитува, внимателно да се проучува и да се вложи максимални напори за да се постигне победа. Ајде да видиме каков ќе биде нашиот календар. Нема да правам никакви прогнози, заинтересиран сум само за мојот тим. Најважно е колку можеме да го подготвиме тимот и да играме на резултат“, изјави Черчесов, за прес-службата на фудбалската федерација на Казахстан.
Според резултатите од ждрепката, селекцијата на Казахстан се најде во групата Ј, во која се: Белгија, Велс, Македонија, Лихтенштајн.
Сити бележи финансиски рекорди во 2024 година
Манчестер Сити забележа рекордни приходи при последните пресметки, за периодот кој заврши на 30 јуни 2024 година. Дури 715 милиони фунти, што е рекорд во Премиер лигата.
„Граѓаните“ на тој начин го соборија ланскиот „рекорд“ за цели 2,2 милиони фунти.
Не е неочекувано што Сити има рекордни приходи кои доаѓаат по една година во која не успеаја да го повторат својот неверојатен подвиг, кога освоија 4 титули, но успеаја да ја освојат четвртата титула по ред во Англија.
Трошоците за плати се намалени за 10,3 милиони фунти, со пријавена добивка од 73,8 милиони фунти (пред оданочување). Приходите од комерцијалните права благо се зголемија – од 341,4 милиони на 344,7 милиони фунти.
Вклучувајќи ја финансиската 2023/24 година, Манчестер Сити работи со приходи секоја година од сезоната 2014/2015. Се разбира, тоа не важи за сезоната 2019/2020, која беше под влијание на пандемијата на коронавирус.
Интересно е што добивката во име на трансфери е 92,8 милиони евра и тоа од крајот на јуни, а тоа може да укаже дека претстојните преодни рокови може да донесат нови засилувања.
Раниери го сака Алегри за свој наследник во Рома
Клаудио Раниери кога седна на тренерското столче на Рома, доби задача и да бара негов наследник, треба да му помогне на клубот да најдат долгорочно решение.
Раниери кога ќе го најде тренерот ќе добие друга функција во клубот.
Според италијанските медиуми, фаворит на Раниери е поранешниот тренер на Јувентус, Масимо Алегри.
Алегри е еден од најуспешните италијански тренери, но е познат по дефанзивниот стил на игра.
Адеми се повреди, се враќа на терените во 2025 година
Аријан Адеми ќе биде надвор од терените до крајот на 2024 година.
Адеми повредата ја заработи во натпреварот против Славен Белупо во кој беше заменет во 19. минута, а тренерот Ненад Бјелица ги потврди лошите вести.
„Нема да можеме да сметаме на Адеми до крајот на годината“, изјави Бјелица.
Прегледите по натпреварот покажале дека Адеми ќе отсуствува околу три недели.
Кинески тренер заради корупција доби дваесет години затвор
Ли Ти, еден од најпознатите кинески фудбалери и поранешен селектор на националниот тим е осуден на 20 години затвор поради корупција. Утврдено е дека Ти со години плаќал и примал мито за да мести натпревари, да избира играчи, па дури и да купува преноси од сопствените натпревари.
Според пишувањата на кинеските медиуми, Ти добил речиси 6,7 милиони евра мито од фудбалерите за да ги избере за националниот тим и да помогне во обезбедувањето нови договори. Тој платил дел од тие пари на клупските челници за да ја поддржат неговата номинација за селектор.
За време на неговото време како „газда“ на кинескиот фудбал, беше откриено дека покрај местењето натпревари биле скриени и милиони јуани од такси за трансферите на фудбалери.
„Многу ми е жал. Требаше да останам со „ладна глава“ и да се движам по вистинскиот пат. Тогаш одредени работи се сметаа за вообичаена пракса во фудбалот“, изјавил Ти.
Кинеската влада започна жестока акција против корупцијата во фудбалот. Целосен шок за јавноста беше кога истрагата откри дека Ти е поврзан со цела таа мрежа.
Ти во кариерата одигра 92 натпревари за националниот тим, постигна шест гола. Во кариерата играл и во Премиер лигата играјќи за Евертон и Шефилд јунајтед. Во Кина бил член на Лиаонинг и Ченгду.
Шеикот Ал Тани повторно сака да го купи Манчестер Јунајтед
Катарскиот банкар, шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани изгледа не се откажал од своите намери да го купи Манчестер Јунајтед.
Тој се натпреваруваше со Сер Џим Ретклиф за акции во „црвените ѓаволи“ откако тие беа пуштени на пазарот од семејството Глејзер. На крајот беше избрана понудата на Ретклиф, кој се согласи да не го стекне целосниот блок акции, но се задоволи со почетна малцинска инвестиција од 27% од акциите во клубот и добивање административна моќ.
Иако беше прилично разочаран што неговата понуда од 5 милијарди фунти беше одбиена, шеикот Џасим се чини дека не се откажал од идејата да го придобие Манчестер Јунајтед во иднина, пренесе Дејли мејл. Катарецот е навивач на „црвените ѓаволи“ и тоа е главната причина за неговиот континуиран интерес. Тој внимателно ги следи случувањата на „Олд Трафорд“ и е подготвен да започне нова понуда доколку американските сопственици, семејството Глејзер, решат да го продадат својот удел.
Сопственикот на хемискиот гигант ИНЕОС, Сер Џим Ретклиф, засега не може да се пофали со голем успех по преземањето на тимот. „Црвените ѓаволи“ се претставуваат многу под очекувањата и оваа сезона, а клубот неодамна го отпушти менаџерот Ерик тен Хаг и го замени со Рубен Аморим. Покрај тоа, спортскиот директор Ден Ешворт го напушти клубот по само пет месеци работа.
На „Олд Трафорд“ беа направени доста сериозни промени, од кои највпечатлива беше смената на Сер Алекс Фергусон од улогата на амбасадор на клубот. Сепак, недостигот на напредок остави се повеќе луѓе да се сомневаат во плановите на Ретклиф за развој на клубот, па веста за континуираниот интерес на шеикот може да израдува многу луѓе поврзани со тимот од Манчестер.