фудбал

Потер доби дозвола од Брајтон да преговара со Челзи

Брајтон му дозволи на својот тренер Греам Потер да преговара со Челзи. 47-годишниот тренер е еден од главните кандидати за менаџерската функција на лондонскиот тим по отказот на Томас Тухел. 

Има најава дека „Сините“ ќе разговараат и со Зинедин Зидан и Маурисио Покетино. Според „Телеграф“, лондонскиот клуб упатил барање до Брајтон за преговори со 47-годишниот тренер, кое било одобрено.

За да го назначат Потер за главен тренер, Сините ќе треба да му платат на Брајтон, 10 милиони фунти во вид на компензација за раскинувањето на договорот.


Халанд во одбрано друштво со гол на трите дебија во Лигата на шампионите

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд, вчера ги постигна првите два гола во Лигата на фудбалските шампиони во дресот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ заслужено славеа на теренот на Севилја со 0-4 а корпулентниот напаѓач успеа во два наврата да го совлада домашниот голман.Токму со тој ефект, Халанд стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку еден гол во дебитантскиот настап за три различни клуба – Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.

Тоа пред него го имаат направено Фернандо Мориентес, Хавиер Савиола и Златан Ибахимовиќ.


Кеси незадоволен во Барса, сакам експресно да се врати во Серија А

Франк Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент се пресели во Барселона, но многу брзо би можел да се врати во Серија А.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона и во првите четири натпревари секогаш е на клупата за резерви и одигра само 35 минути.

Чави не го гледа во стартниот состав, а откако Де Јонг на крајот остана на „Камп Ноу“, Кеси тешко дека ќе добие поголема минутажа.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Јувентус. „Бјанконерите“ се спремни да го донесат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за 20 милиони евра.


Пјаниќ нема простор во Барса, ќе потпише за клуб од ОАЕ

Иако се очекуваше Пјаниќ да остане во Барселона, сепак не добива голема минутажа и може да си замине од „Камп Ноу“ следните денови.

Фабрицио Романо пренесува дека Шарја од Обединетите Арапски Емирати е силно заинтересирана за Пјаниќ и плејмејкерот е отворен за преселба на Блискиот Исток.

Преодниот рок на Емирати се уште е отворен, па Пјаниќ има можност да го реализира трансферот.

Клубот му понудил тригодишен договор на Босанецот, а Барселона ќе добие 3 милиони евра обештетување.


Роналдо по пауза од 20 години повторно ќе игра во Лига Европа

Екипата на Манчестер Јунајтед предводена од тренерот Ерик тен Хаг, оваа сезона ќе настапува во Лига Европа, па по тој повод беше објавен списокот од играчи кои ќе настапуваат на турнирот.

Во тимот е вклучен и еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, кој повторно ќе игра во Лигата на Европа после сезоната 2002/2003 кога во тогашниот Куп на Уефа настапуваше во дресот на Спортинг од Лисабон.

Клубот од Олд Трафорд во групната фаза од ова натпреварување ќе игра против Омонија, Реал Сосиедад и Шериф.


Одбиено барањето за работна дозвола на Диего Коста

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон поднесе жалба на одлуката со која се одбива работната дозвола на напаѓачот Диего Коста, пренесуваат медиумите во Англија.

Вулверхемптон проба да го регистрира 33-годишниот Коста како нов играч на клубот, откако најновото засилување на екипата Саша Калајџиќ ќе биде надвор од терените после повредата на ахиловата тетива која ја заработи минатиот викенд.

Како причина за одбивањето на работната дозвола за Коста се наведува фактот дека тој нема одиграно професионален фудбалски натпревар од 12.декември минатата година.

Од Вулверхемптон поднесоа жалба на одлуката до Фудбалскиот сојуз со надеж дека истата ќе биде променета, и фудбалерот ќе може да настапува за клубот.


Меси купил вила во Мајорка, но нема дозвола за градба

Лионел Меси има проблеми со недвижностите на Ибица, објави „Марка“.

Според изворот, Аргентинецот поседува скапа вила од 16.000 квадратни метри, која ја купил за 11 милиони евра, но, има проблем затоа што, оваа зграда нема дозвола за градба.

Како што се испостави, претходните сопственици решиле да ја прошират куќата без дозвола. Така изградиле две простории без да ја имаат потребната лиценца. Токму овој факт му направи проблеми на Меси, кој поради овие измени заврши со недвижен имот без градежна дозвола или имотен лист.

Засега играчот реши да им ги препушти документите на своите адвокати.


Крос: Азар има само еден проблем, тоа се повредите

Белгискиот фудбалски интернационалец, Еден Азар, кој влезе на местото на повредениот Карим Бензема на вчерашниот меч со Селтик во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите во дресот на Реал Мадрид.

Тој постигна еден гол и направи асистенција со што покажа дека полека се враќа во посакуваната форма. Токму за неговата партија прашање доби Тони Крос  кој беше задолжен за изјава пред новинарите.

„Азар? Никогаш не биле доведени во прашање неговите квалитети, туку физичката кондиција, повредите. Денеска влезе и одигра добро, да се надеваме дека ќе продолжи така“, изјави Крос.


Икарди заминува во Галатасарај

Напаѓачот на Париз Сен Жермен,Мауро Икарди, го напушта клубот и се сели во Турција каде според информациите ќе настапува за Галатасарај.

Иако Икарди во последниов период најмногу се поврзуваше со трансфер во клубови од Италија, најконкретни во трката за негов потпис беа челниците на турскиот гигант Галатасарај. 

Аргентинскиот голгетер во екипата од Истанбул ќе се пресели како позајмен играч до крајот на сезоната, но сеуште не се знае дали во договорот Галатасарај ќе има право на целосен откуп после истекот на позајмицата.


Прв тренерски отказ во Серија А – Михајловиќ не е повеќе тренер на Болоња

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ не е повеќе тренер на Болоња, пренесуваат од италијанскиот калчолигаш.

Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона. Како причина за прекин на соработката се наведува фактот што Болоња после првите пет натпревари има освоено само три бода.

Како кандидати за наследник на српскиот стручњак се споменуваат Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

Михајловиќ на клупата на Болоња во својот втор мандат помина три сезони.