фудбал

Нико Вилијамс: Се радувам на натпреварите во Лига Европа за Билбао

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс ова лето на големо се поврзуваше со заминување од редовите на клубот од Баскија, но на крајот избра да остане.

Најблиску до неговиот потпис беше Барселона, меѓутоа каталонците не успеаа да го доведат.

Сега во интервју за италијанскиот „ДАЗН“, Вилијамс откри зошто одлучил да остане во Билбао

„Имаше понуди од многу клубови, мојот менаџер се занимаваше со нив. Моето срце е со Атлетик. Имам договор, но кој знае што ќе се случи во иднина. Сакав да останам овде, бидејќи најмногу се радувам на натпреварите од Лига Европа во дресот на мојот клуб“, изјави Вилијамс за „ДАЗН“.


Се разделија Брера и тренерот Бојан Круљ

Македонскиот фудбалски клуб Брера Струмица реши дека е време за тренерска смена. Трите последователни порази ги запалија алармите во Струмица, па клубот и доскорешниот тренер Бојан Круљ ја прекинаа соработката.

Тоа го потврди клубот преку социјалните мрежи, а образложение даде генералниот директор Ване Стојанов.

„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона“, изјави Стојанов.


Милер ја продлабочи легендата, го надмина легендарниот Сеп Мајер

Томас Милер влезе од клупата за резервни играчи на дуелот меѓу Баерн Минхен и Фрајбург, а неговиот настап има посебно значење не само за сопствената кариера, туку и во историјата на неговиот клуб.

Она по што неговиот настап е позначаен е фактот што за Милер ова е 710-ти настап во дресот на Баерн, со што стана нов рекордер и ја испиша клупската историја.

Милер го надмина легендарниот Сеп Мајер кој со децении беше сопственик на рекордот со 709 настапи за Баерн, а далеку на третото место е Оливер Кан со 632 настапи.


Фонсека негира проблеми со Леао и Тео Хернандез

Тренерот на Милан, Паоло Фонсека, вели дека нема ништо спорно во односот со  фудбалерите Рафаел Леао и Тео Ернандез откако двајцата на вчерашниот меч со Лацио влегоа како резерви и направија невообичаен потег на теренот.

Имено, во моментот кога беше направен судиски тајм аут за освежување на играчите, напаѓачот и дефанзивецот, не дојдоа кај клупата туку останаа на сосема спротивниот дел од теренот.

„Мислам дека нема никаков проблем помеѓу мене и Тео и Леао. Пред натпреварот разговарав со двајцата и тие ја прифатија мојата одлука“, објасни 51-годишниот португалски стручњак кој го презеде Милан во текот на летово.


Конте потврди дека не смета на Осимен оваа сезона

Антонио Конте ја коментираше ситуацијата со Виктор Осимен кој во последниот ден од преодниот рок не успеа да направи трансфер.

Осимен влезе во конфликт со Конте, па сега и покрај тоа што остана во тимот не е пријавен за настапите во Серија А.

Дека и дефинитивно нема да биде вратен потврди Конте по вчерашниот натпревар против Парма.

„Тие што се надвор од тимот, таму и ќе останат. Задоволен сум од трансферите и работата на клубот. Добро се засиливме“, изјави Конте.


Комо не го пријави Варан во Серија А

Францускиот фудбалер Рафаел Варан дојде во редовите на Комо како големо засилување за настапот на екипата во Серија А, но експресно се повреди и не успеа ниту да дебитира во Серија А.

Клубот објави дека се работи за незгодна повреда и иако не најави колку точно ќе паузира, денеска стана јасно дека Варан нема да биде пријавен за настап во Серија А.

Дефанзивецот не се нашол на списокот со фудбалери кои ќе имаат право да играат во првенството и тоа нема да се промени до следниот преоден рок, па Варан и да се рехабилитира претходно, ќе може само да тренира со своите соиграчи.

Дел од медиумите шпекулираат и дека Комо размислува за предвремено раскинување на договорот.


Бенфика го отпушти Роџер Шмит

Германскиот тренер Роџер Шмит доби отказ од тренерската функција на португалскиот гигант Бенфика.

Шмит имаше договор до јуни 2026 година, но тој се соочи со силни критики од поддржувачите бидејќи Бенфика победи само на два од првите четири натпревари од сезоната.

Шмит беше ангажиран во Бенфика во 2022 година, а ја освоија шампионската титула во 2023 година.


Заха го замени Галатсарасај со Лион

Францускиот фудбалски клуб Олимпик Лион го ангажираше Вилфред Заха од Галатасарај на позајмица за претстојната сезона, соопшти турскиот клуб. Според информациите, трансферот е вреден 3 милиони евра.

Заха му се приклучи на Галатасарај во 2023 година кога потпиша тригодишен договор. Тој во тимот пристигна како слободен играч од англискиот Кристал Палас.

Заха минатата сезона постигна десет гола за гигантот од Истанбул, но го загуби стартното место во пролетната дивизија на Суперлигата.


Фиорентина се засили со Госенс

Робин Госенс повторно ќе игра во Италија. Поранешниот играч на Аталанта и Интер замина на позајмица од Унион Берлин во Фиорентина. Договорот на Германецот вклучува опција за откуп доколку се исполнат одредени услови.

Госенс имаше добра сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 6 гола на 30 натпревари, но сепак реши да ја напушти својата татковина и да се врати во Серија А. Минатото лето Унион за крилниот напаѓач на Интер му плати 15 милиони евра.


Несторовски потпиша за Славен Белупо

Македонскиот фудбалски интерационалец Илија Несторовски се
врати во Хрватска и потпиша договор со хрватскиот прволигаш
Славен Белупо.
Несторовски осум години играше во Италија, го носеше дресот на
Палермо, Удинезе и на Асколи, а претходно настапуваше во
хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.
Во последната сезона напаѓачот имаше 20 настапи за Асколи и
постигна два гола.