фудбал

Левандовски е сонот на Мурињо во Фенербахче

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово подготвуваат тим со кој сака да ја врати титулата.

За тренер беше доведен Жозе Мурињо, а со него има и најави за нови засилувања.

Последната информација е дека Роберт Левандовски би можел да биде новото име во нападот на Фенер за наредната сезона.

Неколку пати претходно Левандовски зборуваше дека сака да остане во Барселона, меѓутоа Мурињо смета дека може да го убеди Левандовски да се пресели во Турција.

Останува да видиме во наредниот период, веројатно по завршувањето на настапот на Полска на ЕП дали нешто ќе се случува.


Дешамп: Мбапе полека се навикува на маската на носот

Дидие Дешамп проговори за закрепнувањето на Килијан Мбапе по повредата на носот. Напаѓачот на Реал Мадрид го скрши носот на мечот со Австрија (1-0) на ЕП 2024 и сега тренира со маска.

„За настап на Мбапе треба да почекаме. Засега се оди како што треба, се опоравува од ударот. Има хематом кој секој ден е се помал. Се навикнува на маската, која малку му го менува погледот. Но добро е“, изјави Дешамп.


Модриќ ја презема капитенската трака од Начо во Реал

Реал Мадрид ќе има нов капитен по заминувањето на Начо Фернандез. Вчера беше објавено дека дефанзивецот го затворил трансферот во саудискиот клуб Ал-Кадисија.

Новинарот Мигел Анхел Дијаз, објави дека во сезоната 2024/25 капитенската лента во Реал ќе ја носи играчот од средниот ред Лука Модриќ. Заменик капитен ќе биде дефанзивецот Даниел Карвахал.

Следни во низата се Лукас Васкез, Федерико Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жуниор.


Мајкл Олисе го договори преминот во Баерн

Еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и ѕвезда на Кристал Палас, Мајкл Олисе го избрал Баерн Минхен како следна дестинација.

22-годишниот крилен напаѓач е еден од најбараните играчи во Премиер лигата и во договорот има откупна клаузула од 60 милиони фунти.

Челзи, Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат силен интерес, но Олисе преферира да се пресели во Баерн Минхен.

Кристал Палас се обидува да го задржи, но Олисе е спремен за чекор напред во кариерата и неговиот менаџер е во напредни преговори со Баерн.


Кефрен Турам на чекор до потпис со Јувентус

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а ова лето сака да направи чекор напред во кариерата.

Јувентус е силно заинтересиран бидејќи ова лето сака да донесе двајца квалитетни играчи за врска. Веќе го обезбеди потписот на Даглас Луиз од Астон Вила, па сега ќе тргне по Турам.

Турам влезе во последната година од договорот, па Ница е спремна да го продаде за 20-25 милиони евра. Кефрен е син на легендата на Јувентус, Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Интер, Маркус Турам.


Едсон Алварез интересна опција за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед допрва ќе ги направи своите потези на трансфер пазарот, но веќе има одредени најави за операциите, играчите кои можат да слетаат на „Олд Трафорд“.

Една од тие желби е капитенот на Мексико, Едсон Алварез кој имаше добра прва сезона во дресот на Вест Хем за кого во натпреварувачката 2023/2024 одигра 42 натпревари на кои постигна 2 гола и забележа исто толку асистенции.

„Можам само да ви кажам дека сум фокусиран на она што треба да го направам. Знам дека Копа Америка е многу важен турнир каде што очите на светот во основа се тука. Подоцна ќе има време да видиме што има или што нема“, порача Едсон пред премиерниот меч на неговата селекција против Јамајка.

Алварез има 26 години и многу добро му е познат на Ерик Тен Хаг од времето во Ајакс. Мексиканецот има договор со „чеканите“ до 30 јуни 2028 година.


Мусиала добива комплименти од сите страни на Европското првенство

Германската фудбалска репрезентација прва обезбеди пласман во нокаут фазата на Европското првенство, но слободно може да се каже дека избраниците на Јулијан Нагелсман досега го прикажаа и најдобриот фудбал во пакет со Шпанија.

Германците постигнаа седум и примија само еден гол на првите два меча на турнирот на кои се домаќини, па иако изгледаат одлично како колектив, сепак еден играч се издвојува со индивидуалните потези кои ги прикажа.

Џамал Мусиала полека прераснува во вистински лидер на германскиот тим, па популарниот „Бамби“ се гледа дека фудбалски созрева и полека се претвора во голема суперѕвезда.

Играчот на Баерн Минхен добива голема поддршка од Јулијан Нагелсман со кого соработуваше и на „Алијанц арена“, а германскиот селектор откри какво барање има од младиот 21-годишен фудбалер.

„Водам многу состаноци со Џамал и тоа го правев и додека бев тренер на Баерн. Сега истото се случува и во репрезентацијата. Секогаш му велам да игра како да е на мал терен во Германија или во Англија со пријателите. Барам од него да игра како на мал фудбал и навистина го прави тоа. Тој е насмеан и игра без притисок, тоа е најважно за него“, вели Нагелсман.


Касемиро одби да се пресели во Минхен

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро одби трансфер во Баерн Минхен, објави денеска бразилскиот портал специјализиран за фудбал Тривела.

Според истиот извор, минхенскиот бундеслигаш неодамна водел преговори во обид да се засили со Касемиро, но 32-годишниот Бразилец го одбил трансферот.

Касемиро игра за Манчестер Јунајтед од летото 2022 година.

Минатата сезона забележа 32 настапи за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигнувајќи пет голови и три асистенции.


Меси сруши децениски рекорд на Копа Америка

Лионел Меси забележа уште едно достигнување во својата блескава кариера, соборувајќи го рекордот за најмногу настапи на Копа Америка, учествувајќи на турнирот по 35-ти пат. Бранителот на титулата Аргентина го започна овогодинешното издание на натпреварувањето со победата од 2-0 над Канада во првиот натпревар од групата А.

Триесет и шест-годишниот Меси дебитираше за Копа Америка во 2007 година на 20 години, а во 2021 година триумфираше со титулата. Тој е најдобар стрелец на сите времиња во Аргентина и играч со најмногу настапи за националниот тим.

Меси досега има запишано 13 гола и 17 асистенции во завршницата на Копа Америка.

Натпреварот против Канада во Атланта (САД) беше неизвесен, но светскиот шампион Аргентина доминираше во поголемиот дел од времето и заслужено победи.


Милан фаворит за потписот на Депај

Мемфис Депај би можел кариерата да ја продолжи во Серија А во дресот на Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Новинарот Џанлука Ди Марцио, сериозен интерес за Депај покажал Милан, односно новиот тренер Паоло Фонсека.

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач па гледа одлична можност да го донесе Депај без обештетување.

Депај по завршувањето на Европското првенство нема да се врати во Атлетико Мадрид. Тој е слободен играч и за него интерес покажуваат неколку клубови.