фудбал

Облак ќе го прескокне дебито на Атлетико во Лигата на шампионите

Атлетико Мадрид ќе биде без стартниот голман Јан Облак на отворањето на групната фаза од Лигата на шампионите против Порто, објави весникот „АС“. Натпреварот на двата тима е во среда во Мадрид. Словенечкиот голман на крајот на средбата со Реал Сосиедад доживеа тежок удар во коленото и по подолго време укажување на лекарска помош мораше да биде заменет.

Повредите се ретки во кариерата на Облак, досега пропушти 15 натпревари во 2016-17 година поради повреда на рамото. „Се надеваме дека ќе закрепне што е можно побрзо“, изјави тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Во отсуство на Облак, на голот на тимот ќе застане Хрватот Иво Грбиќ.


Чеферин најави дека Европското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија и Португалија

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека е сигурен во тоа дека домаќини на Светското првенство во 2030 година ќе бидат Шпанија и Португалија. Тој самиот работи за тоа без да прави многу врева.

„Сигурен сум дека Светското првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија и Португалија – две земји кои го чувствуваат фудбал“, рече Чеферин овој понеделник на отворањето на меѓународниот конгрес „Фудбалот зборува“ организиран од Португалската фудбалска федерација во близина на Лисабон.

„Ова е победнички облог и ќе направиме се што е можно да им помогнеме на оние земји чија страст е фудбалот, кои живеат и дишат со фудбалот и имаат одлична инфраструктура“, додаде Словенецот. Шпанија веќе предложи 15 градови каде може да се играат натпревари на Светското првенство, а 11 ќе бидат избрани во месец ноември. Португалија во моментов предлага три града.


Леао сака најголема плата во Серија А за да остане во Милан

Челзи во летниот преоден рок понуди 100 милиони евра за Рафаел Леао, но Милан не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда. Леао минатата сезона блесна и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, па неговата цена драстично порасна.

Меѓутоа, Милан ова лето ги одби сите понуди и започна преговори за продолжување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Жорге Мендеш ја одбил првата понуда на „росонерите“ која изнесувала 4,5 милиони евра по сезона.

Леао бара да биде меѓу најплатените фудбалери во Серија А и нема да прифати понуда помала од 7,5 милиони евра по сезона.


УЕФА побара симулаторите да бидат построго казнувани

Прес-службата на УЕФА на официјалната веб-страница објави годишна порака до судиите кои ќе ги судат натпреварите од европските купови во сезоната 2022/2023. Во него се наведува дека од судиите ќе се бара построго да одговорат на манифестациите на симулација на играчите, масовните препукувања и обидите за притисок врз судиите.

„Не сакаме да гледаме такво нешто во играта и решени сме да го заштитиме имиџот на фудбалот. Сметаме дека се неприфатливи одредени типови на однесување на теренот и на клупите. Кога некој играч се обидува да казни друг играч, тоа не е фер кон фудбалот. Ова претставува нечесно однесување на играчите кон нивните колеги – лош пример за непочитување“.

Играчите кои се обидуваат да ги измамат официјалните лица со симулација или претерано реагираат на лесни фаули по контакт треба да бидат казнети. Дополнително, арбитрите мора да применат строги санкции во ситуации кога играчите се обидуваат да ги измамат судиите да им дадат црвени или жолти картони на противничките играчи.


Двата директори на ПСЖ не се мирисаат еден со друг

Во раководството на Пари Сент Жермен има сериозно недоразбирање и нетрпеливост помеѓу двајца директори, открива „Екип“.

Тоа стана очигледни при трансферот на Карлос Солер од Валенсија, кој всушност беше и последен трансфер за „светците“ ова лето. Според информацијата, Валенсија во рок од два часа добила две различни понуди за Карлос Солер.

Најпрво се јавил Луис Кампош и понудил 18 милиони евра плус бонуси за ангажман на Солер. Два часа подоцна се јавил Антеро Енрике, кој пак предложил Шпанецот да се пресели во Париз на позајмица, со опција за откуп.

На крајот трансферот се реализираше за 18 милиони евра, а очигледно е дека Кампош и Енрике немаат добра комуникација, или станува збор за аматеризам.


Анчелоти има план како да го менува Бензема во нападот на Реал

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти откри кој би можел да го замени напаѓачот Карим Бензема во неговиот тим.

„Не е точно дека нема кој да го замени Бензема. Ги имаме Маријано, Азар, Родриго, понекогаш Асенсио, па дури и Модриќ. Бензема игра на секои три дена, а понекогаш му треба одмор. Со еден натпревар неделно добро се снаоѓа. На средбата со Бетис не успеа на крајот, но тоа не е поради неговата физичка состојба“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид во саботата во четвртото коло од шпанското првенство го победи Бетис со 2-1. 


Џејмс доби нов договор со Челзи

Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс наскоро ќе потпише нов договор со клубот. Новиот договор ќе важи до 2028 година. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот.

Според изворот, раководството на лондончани сака во договорот да биде вклучена и опцијата за продолжување на соработката. Преговорите за условите на новиот договор влегуваат во последната фаза.

22-годишниот Џејмс е дете на лондонскиот клуб. Сезонава на 5 натпревари во сите натпреварувања, дефанзивецот постигна еден гол и имаше една асистенција. Актуелниот договор меѓу Џејмс и Челзи истекува во летото 2025 година.


Шестнеделна пауза за Дани Олмо од РБ Лајпциг

На синоќешниот меч во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт и РБ Лајпциг, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се повреди уште во 4. минута по еден дуел со противничкиот играч Џибрил Соу. Иако се обиде да го продолжи натпреварот, Олмо се здоби со повреда на коленото поради која беше заменет во 11. минута.

Неговиот клуб соопшти за каква повреда се работи.

„Дани Олмо доживеа делумно кинење на левите лигаменти на гостувањето против Ајнтрахт и ќе отсуствува меѓу четири и шест недели“, објави германскиот прволигаш.


Постигнат договор, Икарди доаѓа во Галатасарај

За неколку дена животот на Мауро Икарди целосно ќе биде променет. Тој ќе биде пречекан од илјадници навивачи на Галатасарај каде што ќе биде еден од најскапите и најдобрите играчи кои некогаш играле за тој клуб. За трансферот на Аргентинецот се зборува долго време, а турски „ТРТ“ пишува дека сега се е договорено со ПСЖ.

Договорот помеѓу Икарди и Галатасарај е во тек веќе неколку дена, но Пари Сен Жермен малку го одложи. Наводно во целиот процес се вклучил и Фенербахче и вечниот ривал на Галата се обидел да им го презеде Мауро.

Сепак, сега ТРТ пишува дека зделката меѓу Галатасарај и Пари Сен Жермен е завршена и дека се работи за едногодишна позајмица.


Марсело пред потпис со Лестер Сити

Новинарот на „Марка“, Марти Мирас, тврди дека легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, во тековнава сезона ќе игра за Лестер.

Бразилецот откако го одработи договорот со шпанскиот состав,  сега ќе се проба во Премиер-лигата.

Според објавеното, левиот  бек откако ќе ги помине лкераските прегледи, ќе потпише едногодишен договор со „лисиците“.