фудбал

Реал само со бод се враќа од Памплона

Реал Мадрид не успеа на „Ел Садар“ да ја победи Осасуна во 24.коло во Примера. Натпреварот во Памплона заврши без победник 1-1 (0-1). Реал од 39 минута играше со фудбалер помалку, Џуд Белингем доби црвен каротн поради приговор.

Реал испушти два бода во борбата за шампионската титула, а по мечот на „Ел Садар“ повоторно ќе работата медиумите на „кралскиот клуб“.

Тимот на Карло Анчелоти добро го отвори натпреварот, Килијан Мбапе го совлада Ерера. За францускиот репрезентативец ова беше 11 гол на последните 10 натпревари.

Реал контролираше на теренот се до 39.минута. Долго Белнгем зборуваше во правец на дусијата Хосе Мунуера Монтеро, а овој му покажа црвен картон.


Наполи испушти победа на дербито во Рим

Во првото дерби од 25. коло во Серија А, Лацио и Наполи одиграа нерешено 2-2 во Рим.

Резултат кој несомнено најмногу го радува Интер, затоа што „нероаѕурите“ можат да го заземат првото место во поредокот со победа во недела. Но, она што ги прави шампионите многу посреќни е забележителниот пад на формата на Наполи, кој нема победа на последните три натпревари во Серија А.

Наполи има за што да жали со оглед на тоа што имаше водство до 87. минута на тешкото гостување. Булаје Диа, кој влезе во игра во 74. минута, постигна гол за 2-2 и им одзеде два бода на наполитанцие.

Лацио поведе со голот на Исаксон во шестата минута. Но гостите дојдоа до пресврт.

Само седум минути по примениот гол, Распадори израмни. А комплетен пресврт дојде во 64. минута по автоголот на Адам Марушиќ. Сепак, Наполи до самиот крај не успеа да одржи водството и сега ќе мора да навива Интер да не го победи Јувентус во Дерби д’Италија во Торино.


ПСЖ бара замена за Џиџо Донарума

Стручниот штаб на ПСЖ не е задоволен од настапот на голманот Џанлуиџи Донарума оваа сезона, пренесува „Екип“.

Според изворот, главен кандидат за замена на 25-годишниот Италијанец е голманот на Милан, Мајк Мењан. Парижаните се заинтересирани и за Лук Шевалие од Лил.

Во исто време, Матвеј Сафонов нема да ја преземе улогата на главен голман на тимот.

Сезонава Донарума одигра 25 натпревари, примени 24 гола и 7 нечисти голови.


Стојчевски судија на дербито меѓу Вардар и Шкендија

Овој викенд започнува пролетниот дел од сезоната во Мак-фудбалот. Со натпреварите кои ќе се играат в недела од 19.коло стартува вториот дел дел од ПМФЛ. Познати се судиите за сите овие мечеви кои се играат од 14:00 часот.

На програмата се две големи дерби средби. Првото, кое се игра на Маџари, а се среќаваат Гостивар и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци. На Арената во Скопје, Вардар ја пречекува Шкендија, а на овој меч главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

19. коло
Кратово: Силекс – Тиквеш (Влатко Илиески – Прилеп)
Скопје: Вардар – Шкендија (Игор Стојчевски – Скопје)
Скопје: Гостивар – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Охрид: Воска – Беса (Јован Качевски – Струга)
Скопје: Шкупи – Работнички (Фуркан Идризи – Тетово)
Битола: Пелистер – Брера (Доне Ристевски – Гевгелија)


Симната забраната за трансфери на Шкупи

Од денес Шкупи и официјално повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА, соопштија од тимот.

Сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети. Забраната, според нив, не била веднаш укината поради технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.

-Овој процес, иако по наша волја, беше предизвик со кој сериозно и посветено се соочивме, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Заложбата на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој законски и процедурален чекор до конечното решение на случајот, стои меѓу другото во соопштението од чаирчани.


Адана Демирспор остана без три бода заради напуштањето на теренот

Фудбалскиот клуб Адана Демирспор е казнет со службен пораз од 0-3 и одземање на три бода по натпреварот од турското првенство против Галатасарај, соопшти турската фудбалска федерација.

Санкцијата е изречена затоа што на 9 февруари фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија теренот во знак на протест откако против нив беше досуден пенал на гостувањето кај Галатасарај во 23. коло од турскиот шампионат. Следниот ден претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка.

Адана Демирспор е на последното место на табелата во турското првенство. Тимот сега има 2 бода по 22 кола.


Дешамп: Зидан е најреална опција за мој наследник

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, кој најави заминување по Светското првенство во 2026 година, рече дека Зинедин Зидан е „природен кандидат да биде негов наследник“.

„Зизу е многу добар кандидат, природен, не знам дали сака да биде селектор на репрезентацијата“, изјави Дешам во интервју за францускиот магазин „Лекип“.

Дешам во јануари најави заминување од репрезентацијата на Франција, која ја води од 2012 година. Оттогаш медиумите зборуваат за Зидан како негова замена.

Зидан во досегашната тренерска кариера (2016, 2017 и 2018 година) со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите. Тој се смета за голем фаворит да го наследи својот поранешен капитен во француската репрезентација, која ја освои титулата на Светското првенство во 1998 година и титулата на Европското првенство две години подоцна.

Дешам во интервју потврди дека во селекцијата сигурно ќе биде и напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, иако ги пропушти последните два меѓународни натпревари.

Пред Дешан и Франција се мечевите во Лигата на нации. Првиот натпревар од четвртфиналето Франција го игра на 20 март на гости во Сплит, додека реваншот ќе биде во Париз три дена подоцна.


Конечно нов договор, Мусиала во Баерн во 2030 година

Џамал Мусиала, најмладиот стрелец на Баерн во историјата на Лигата на шампионите, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 2030 година.

„Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Тука ги направив првите чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со клубот во годините што доаѓаат. Се чувствувам како дома, и во Минхен и во овој клуб со одлични навивачи“, истакна Мусиала, кој следната недела го слави својот 22 роденден.

Германскиот репрезентативец е роден во Штутгарт, а детството го помина во Англија и во академијата на Челзи, каде што помина осум години пред да се приклучи на младинскиот тим на Баварците.

Баерн неодамна ја продолжи соработката со канадскиот лев бек Алфонс Дејвис, а од претходно беше познато дека соработката на Мусиала со клубот која првично требаше да заврши во 2026 година ќе биде продолжена.


Пеп го загуби Аканџи за следните 2-3 недели

Мануел Аканџи ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда. Дефанзивецот на Манчестер Сити заработи повреда на мускулот на крајот на првото полувреме од натпреварот против Реал Мадрид (2-3) и беше заменет.

Клубот се уште нема дадено официјална изјава за сериозноста на повредата на Аканџи, но Тајмс објави дека прелиминарните тестови покажале дека играчот ќе отсуствува неколку недели.

Поради тоа, Швајцарецот нема да може да учествува на натпреварите против Њукасл и Ливерпул во Премиер лигата, а ќе го пропушти и реваншот против Реал Мадрид.


Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција

Килијан Мбапе ќе се врати во француската репрезентација на следниот тренинг камп. Тоа го потврди селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп.

Килијан Мбапе немаше најдобар почеток во Реал Мадрид, по што беше изоставен и од Дешамп во националниот тим.

Репрезентацијата на Франција повторно ќе се собере кон средината на март, каде што ги очекуваат два натпревари против Хрватска во Лигата на нациите.