фудбал

Тен Хаг: Роналдо останува во Манчестер

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, повтори дека Кристијано Роналдо нема да го напушти клубот во последниот ден од летниот преоден рок.

Роналдо после завршетокот на минатата сезона изјави дека е незадоволен со амбициите на клубот и дека сака повторно да настапува во Лигата на шампионите. Тој ја пропушти предсезонската турнеја и припремите на екипата, но повторно се врати во Манчестер на стартот од сезонава и имаше мала минутажа.

Се шпекулираше дека Португалецот ќе го напушти Олд Трафорд, посебно после доведувањето на новите играчи во преодниот рок како Антони од Ајакс, но Тен Хаг изјави дека тоа нема да се случи.

„Потребни ни се квалитетни играчи.Потребен ни е голем ростер за да бидеме покриени на сите позиции и на сите натпревари. Нашата цел е таа. Сакаме Роналдо да остане со екипата бидејќи тој ќе ни биде од огромна корист“, изјави Тен Хаг.


ПСЖ му го понуди Нејмар на Челзи

Пари Сен Жермен му понуди на Челзи да го ангажира Нејмар пред затворањето на преодниот рок. Лондончани ќе ја разгледаат понудата, но веројатно нема да дојде до договор.

Сопственикот на „Сините“ Тод Боли е подготвен да го поддржи Томас Тухел и во клубот се привлекуваат потребните играчи, а на Челзи му е потребен напаѓач. Менаџерот сака да го ангажира Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона и тој договор изгледа поверојатен. Лондончани денеска го финализираа трансферот на Весли Фофана од Лестер.

ПСЖ бара начини да се раздели со некои од своите играчи за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј. Парижаните ова лето потрошија над 100 милиони, а во клубот пристигнаа Витиња, Нуно Мендеш, Фабијан Руиз, Ренато Санчез и Норди Мучиеле, а од Валенсија се очекува да биде доведен Карлос Солер.


Мурињо гради специјален однос со Пауло Дибала

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, откри што му рекол на Пауло Дибала на вчерашниот меч со Монца.

Аргентинскиот напаѓач по доаѓањето од Јувентус, успеа да ги постигне  постигне првите голови за „ римската волчица“.

„Минатата сезона кога Јувентус играше тука на Олимпико, тој беше заменет и кога излегуваше од игра, му реков: „Ти си многу добро момче“. Па вечерва му го реков истото. Се насмеавме бидејќи се потсетивме на тоа“, изјави Португалецот.


Паредес до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Јувентус

Досегашниот фудбалер на Париз Сен Жермен, Аргентинецот Леандро Паредес, до крајот на сезоната ќе настапува во Јувентус како позајмен играч.

Јувентус на крајот од сезоната ќе има право на откуп на договорот на Паредес, а целиот трансфер би можел да изнесува околу 20 милиони евра.

28-годишниот Паредес во ПСЖ пристигна 2019 година од рускиот Зенит, а пред тоа играше за Бока Јуниорс, Кијево, Рома и Емполи.

За аргентинската репрезентација има одиграно 44 натпревари и постигнато четири гола.


Хрватски фудбалер станува најскап дефанзивец на светот

Фудбалерот на Лајпциг Јошко Гвардиол би можел да стане најскапиот одбранбен играч во историјата, бидејќи Челзи за негов ангажман му понуди на германскиот клуб обештетување од 90 милиони евра, објавува италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо.

20-годишниот Гвардиол би останал во Лајпциг до крајот на сезоната, а во јуни наредната година би дошол во Челзи.

Ако навистина дојде до овај трансфер, тогаш Хрватот со само 20 години би станал најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот, и би ги преминал Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед и Вирџил Ван Дијк од Ливерпул.


Манчестер Сити ја засилува одбраната со играч на Борусија Дортмунд

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, е на чекор од ангажирање на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.

Англиските медиуми пренесуваат дека двата клуба се блиску до договор, а Сити за репрезентативецот на Швајцарија ќе плати 17,5 милиони евра.

Договорот на Аканџи со клубот од Дортмунд истекува наредната година, а оваа сезона тој нема настапи за екипата.

Гвардиола е приморан на овај трансфер бидејќи во тимот на Сити се повредени играчите од одбраната Нејтан Аке и Америк Лапорт.


Бразил најголем фаворит за светската титула во Катар

Реномираниот британски дневен весник Гардијан го издвои Бразил како најголем фаворит за одвојување на титулата на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.     

Зад Бразил во групата на топ 5 фаворити за освојување на светската титула следат Аргентина, Шпанија, Холандија и Германија. Светското првенство започнува на 18 ноември, а во воведниот натпревар ќе играат домаќинот Катар и Еквадор. 

Финалето е на програмата на 18 декември.


Букајо Сака е расположен да остане во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на Англија, Букајо Сака, изјави дека е среќен во клубот и најави дека е блиску до потпишување на нов договор со “топџиите“ од Лондон.

20-годишниот Сака вели дека ја чувствува поддршката од соиграчите, тренерот и навивачите, и дека е уверен дека ќе остане во клубот и во наредниот период.

Актуелниот договор на Букајо Сака со Арсенал истекува за две години, а тренерот на екипата Микел Артета сака долга соработка и во иднина, со што би ги одвратил евентуалните понуди од екипите како Манчестер Сити и Ливерпул.


Ван Бастен: Ентони не вреди сто милиони евра

Некогашниот фудбалски напаѓач на Холандија, Марко Ван Бастен, проценува дека англсикиот Манчестер Јунајтед ќе плати преголема сума за голгетерот на Ајакс, Ентони. Бразилецот според сите информации набрзо ќе се пресели на „Олд Трафорд“. 

„Тој дефинитивно не вреди 100 милиони евра. Прави многу грешки и често ја губи топката. Треба допрва да се докаже“ – вели Ван Бастен. 

Ентони за „копјаниците“ има 134 мечеви со ефект од 31 гол и 27 асистенции.


Мади Камара од Олимпијакос е замената за повредениот Вајналдум во Рома

Рома ќе се засили со уште еден нов играч. „Џалоросите“ ќе го привлечат играчот од средниот ред на Олимпијакос, Мади Камара. Тој доаѓа на „Олимпико“ да го замени повредениот Жоржињо Вајналдум.

Камара (25) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи. Рома ќе го земе на позајмица за 1,2 милиони евра и има опција да го купи за 12 милиони евра по крајот на сезоната.

Гвинеецот се очекува да биде најновото засилување на „волците“. Пред два дена потпишаа со Андреа Белоти, а претходно Жозе Мурињо го засили својот тим со Пауло Дибала, Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар, трошејќи само 7 милиони евра за нив.