фудбал

Гвардиола добива сто милиони за трансфери оваа зима

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие сто милиони фунти за зимски трансфери, тврдат дел од англиските медиуми. Според информацијата, шампионот иако ова лето ги доведе Ерлинг Халанд, Џулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомес, се уште има „отворени апетити“ кон некои фудбалери кои Гвардиола ги сака во тимот.

Според пресметките, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во зима. Гвардиола ќе има можност да процени каде ќе му треба адекватно засилување, особено од оние кои можеби ќе блеснат на СП во Катар.


Едисон Кавани се договори со Валенсија

Тренерот на Валенсија Џенаро Гатузо изјави дека уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани својата кариера ќе ја продолжи во овој шпански клуб.

Според информациите од медиумите Кавани со Валенсија ќе потпише двегодишен договор.

Уругвајскиот напаѓач имал понуда и од Реал Сосиедад меѓутоа не се постигнал договор бидејќи клубот од Сан Себастијан на Кавани му нудел соработка на една година.

35-годишниот фудбалер е без ангажман откако пред неколку месеци му истече договорот со Манчестер Јунајтед.


Атлетико Мадрид го враќа Регуиљон во Шпанија

Атлетико Мадрид постигна договор за трансфер на Серхио Регилон, пренесуваат шпанските медиуми.

Регилон мораше да го напушти Тотенхем ова лето бидејќи Конте повеќе не смета на него и му порача да си бара нов клуб. Неколку клубови покажаа интерес за 25-годишниот Шпанец, но на крајот Атлетико Мадрид ја доби битката за неговиот потпис.

„Јорганџиите“ ќе го донесат левиот бек на позајмица со право на откуп следното лето и тој ќе биде замена за Ренан Лоди.


Белоти потпиша за Рома, потпиша договор на една сезона

Многу посакуваниот уште еден напаѓач на Жозе Мурињо во Рома сега е достапен откако клубот денеска го финализираше потписот со Андреа Белоти.

Италијанскиот интернационалец пристигнува како слободен играч по заминувањето од Торино во текот на летото.

Сепак, донекаде е чуден неговиот договор со „волците“ кој е само за една сезона. Договорот има опција да се продолжи за уште две, но само доколку се исполнат одредени услови. Сето тоа при ситуација кога Белоти има само 28 години.

Во последната кампања „Петелот“, како што е познат играчот, реализираше нетипично малку голови за себе – само осум.


Лукаку се повреди и нема да игра против Милан?

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку една недела. Лукаку со повредата се здоби на последниот тренинг со екипата.

Лукаку со сигурност го пропушта натпреварот од четвртото коло на Серија А против Кремонезе, кој се игра утре.

Италијанските медиуми наведуваат дека е прашање дали белгискиот голгетер ќе биде подготвен за настап во големото дерби со градскиот ривал Милан кое е закажано за во сабота.

Лукаку во летниот преоден рок пристигна во Интер како позајмен играч од Челзи, и во новата сезона одигра три натпревари и постигна еден гол.


Манчестер плаќа 100 милиони евра за Антони од Ајакс

Англискиот Скај Спортс пренесува дека Манчестер Јунајтед се согласи да плати обештетување од 100 милиони евра за доведување на Бразилецот Антони од Ајакс.

Клубот од Амстердам пред неколку дена ја одби понудата на Јунајтед од 90 милиони евра. Антони се очекува во текот на денот да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и да потпише долгорочен договор со клубот од Олд Трафорд.

Антони ќе биде најновото засилување на Манчестер Јунајтед ова лето, откако во клубот претходно пристигнаа Ериксен, Мартинез, Маласиа и Каземиро.


Нагелсман: Не победивме, но ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија Менхенгладбах, кој заврши 1-1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не можеа да ги освојат сите три бода на оваа средба, а Нагелсман не беше задоволен од некои одлуки на судијата Даниел Шлагер.

„Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол. Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да поминат во секој случај, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најдобриот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.


Ливерпул и Селтик преговараат за Мет О’Рајли

Ливерпул до крајот на овој преоден рок би можела да реагира и да доведе играч за врска, неколку играчи се на мета на „црврните“, а еден од нив е посебно интересен.

Според последните информации скаутите на Ливерпул биле импресионирани од 21-годишниот Мет О’Рајли. Иако Селтик не сака да го продаде Ливерпул ќе се обиде со понуда од околу 20 милиони фунти да ги натера да го променат мислењето.

Ливерпул не е единствениот кој е заинтересиран, со неговото име се поврзуваа уште Арсенал, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд. Но, досега најконкретен беше Лестер кој испрати понуда, меѓутоа истата Селтик ја одби.


„Ѓаволите“ се вклучија во трката по Обамејанг

Манчестер Јунајтед испратил понуда за напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг. „Црвените ѓаволи“ бараат да го засилат нападот пред да се затвори летниот преоден рок и се смета дека 32-годишниот Габонец е одлична опција.

Тој во последните денови беше блиску до договор со Челси, но клубовите допрва треба да се договорат за трансфер.

Обамејанг оваа сезона забележа еден настап во Ла Лига за Каталонците без постигнат гол.

Неговиот договор со тимот е до 30 јуни 2025 година.


Лукас Хернандез доби нов договор со Баерн Минхен

Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со дефанзивецот Лука Хернандез, објави на Твитер новинарот Флоријан Плетенберг. Според изворот, Баварците и 26-годишниот француски репрезентативец имале првични разговори.

Хернандез оваа сезона забележа четири настапи за Баерн Минхен и имаше една асистенција. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година.